18/01/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Паркет подигнат речиси половина метар, ѕидови целосно мувлосани, влажни плафони кои се распаѓаат и капат и неподнослива миризба на влага и мувла во целиот стан. Целосно уништено од влага е живеалиштето на скопјанецот Дане Спасеновски во населбата Кисела Вода поради неговата, како што вели, крајно проблематична сосетка, која живее над него и која целиот свој […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден” со цел да им помогне на пациентите кои имаат здравствени проблеми по четврти пат обезбеди перики за жените од понизок социјален статус кои боледуваат од карцином и се подложни на хемотерапија. Здружението ги обезбеди триесетте перики во соработка со енергетската компанија Електрани на Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 2 пресуди дека двајца новинари на дневниот весник „Фокус“, што згасна по смртта на неговиот сопственик Никола Младенов, мора да платат надоместок во вкупна висина од околу 9.000 евра на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, „за нарушување на неговата чест и углед“. Јадранка Костова е казнета со 5.000 […]
______________________________________________________________________________________________________
18/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Вицепремиерот за спроведување на Рамковниот договор Муса Џафери одби да даде изјава на македонски јазик на вчерашното одбележување на годишнината од смртта на Георг Кастриот Скендербег пред чиј споменик во “Мавровка” положи венец со цвеќе, пишува Вечер. Организатор на настанот беше невладината организација “Разбуди се” која во јавноста е позната по нејзините членови кои учествуваа […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 22:04
•
Posted by: MK News
Шокантно одекна веста дека поради проблеми со тетивата неизвесен е настапот на најдобриот одбранбен играч во нашиот состав, Аце Јоновски на натпреварот утре со Унгарија Јоновски самиот демантираше: “Вчера навистина почувствував болка во пределот на тетивата, но денеска немам никаков проблем, а го одработив и денешниот тренинг. Добар сум и утре ќе настапам на натпреварот“. […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 21:26
•
Posted by: MK News
Малку фалело да се случи трагедија на скопскиот аеродром Александар Велики, откако пилот на превозникот Визер бил заслепен додека слетувал на пистата. Како што јави Press24 повикувајќи се на свои извори, попладнево околу 16 часот, пилотот на Визер во моментот кога го спуштал авионот на пистата во Скопје, се уште непознато лице почнало да му […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 18:02
•
Posted by: MK News
Благодарение на Горската служба за спасување и брзата интервенција на битолската полиција попладнево се спасени шест млади битолски планинари кои денеска исчезнаа на Мало езеро на Пелистер 2 од шестемина планинари при слегувањето од местото викано Мало езеро паднале и притоа се повредиле, но некако успеале да стигнат до подножјето на Пелистер. Останатите четворица планинари ги […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 17:57
•
Posted by: MK News
„Смрт каури“, навредливи графити на црквата испишани на два месеца пред 5 кратното убиство во Смиљковци биле навестување за велигденскиот масакр сметаат родителите на убиените момчиња кои речиси две години по трагедијата се уште бараат одговори – зошто нивните деца, пишува Канал 5. Родителите, велат дека имаат сознанија дека истите стапки во црквата во Сингелиќ […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 16:57
•
Posted by: MK News
Шест планинари на возраст од 18- 20 години при посета на планината Баба – Пелистер над Малото езеро, доживеале несреќа поради лошите временски услови. Двајца од нив се лизнале низ стрмнината, при што се здобиле со лесни повреди. Тие побараа помош од надлежните институции за извлекување. Според најновите информации од РЦУК Битола, лицата се со лесни […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 16:39
•
Posted by: MK News
Екипи на Крим полиција, Алфи и и службеници од Одделот за стопански криминал при Министерството за внатрешни работи во моментов спроведуваат голема акција во Пазарна инспекција. Според информации на Нетпрес се апсат инспектори, за кои постојат сомнeвања дека незаконски ја извршувале својата работа. Од Министерството за внатрешни работи најавија повеќе информации во текот на денот.
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 15:58
•
Posted by: MK News
Затвореници во затворот „Идризово” во последниве неколку години успеале да формираат радикална вахабистичка ќелија што го пропагира џихадот и работи на регрутирање нови членови, пишува МКД.мк од свои извори во затворот, Според нив, тие успеале една од затворските ќелии шестото крило да го преуредат во импровизирана џамија во која закачиле три знамиња испишани со пароли на арапски […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 14:49
•
Posted by: MK News
На 25 јануари денот на раѓањето на Тоше Проески ќе се промовира книгата „Ова не е крај„ во која се опфатени сегменти од животот на македонската музичка легенда од неговото раѓање и блескава кариера. Сеќавања за него споделуваат членовите на најблиското семејство, сестрата Дора, зетот Славен Ристески, внукот Кристијан. Интересни случки од детството откриваат и […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 14:46
•
Posted by: MK News
Вчера попладне по 17 часот, кај старата автобуска станица во Битола кај Комплекс Банки, директорот на „Македонска пошта“ во Битола, Евдал Акифи направил вистински неред и вандализам, како од каубојски филм, јавува локалниот веб-сајт „Шеталиште“. Сцената која наликувала на каубојски филм започнала кога директорот одбил да го плати билетот за паркинг. Наместо тоа, Акифи го зел […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Друштвото за трговија, промет и услуги „Амадеус стоун ДООЕЛ“ од Скопје е нов сопственик на атрактивно земјиште во близина на „Веро центар“. Парцелата од 2.855 квадратни метри ја купи на електронска лицитација за вкупно 3.296 евра, односно по цена од 71 денар за квадрат. На јавниот оглас за продажба што го распиша Министерството за транспорт […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Нане за смирување болки во стомакот, слез за смирување кашлица, кантарион за лекување рани… Ова беа само некои од рекламите со кои досега се продаваа билките. Но од пред десетина дена билкарите и трговците кои до сега на чаевите истакнуваа за што с` може да се користат, од сега ќе смеат да го истакнат само […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Kон крајот на март или во почетокот на април во Македонија ќе бидат организирани интернет-игри на среќа. За таа цел веќе е избрана странска компанија, а ќе се формира и домашна фирма Државна видеолотарија, која ќе ги организира игрите. Избрана е компанијата „Австрија казино“, која ќе треба да вложи 6 милиони евра за реализација на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Градските власти објавија конкурс за избор на 3 најдобри фотографии со мотиви од Скопје. Може да учествуваат сите и професионалци, аматери, деца и други љубители на фотографијата. Може да конкурирате и со стари фотографии само да не се постари од пет години. Може да го сликате целиот град – било која општина во кој било […]
______________________________________________________________________________________________________
17/01/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Шеесет и седумгодишна велешанка почина завчера од грип, а во тешка состојба се најмалку уште 50 заразени, кои се хоспитализирани на Kлиниката за инфективни болести. Четворица од нив, меѓу кои и две трудници во поодмината фаза на бременоста, се борат за живот на интензивниот оддел. Ова го потврдија вчера надлежните од Kлиниката и Министерството за здравство, […]
______________________________________________________________________________________________________