15/06/2013 10:58
•
Posted by: MK News
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во интервју за Дојче Веле, тврди дека за Македонија е прифатлив предлогот на пример Горна Република Македонија или Северна Република Македонија. Ние како Албанци ги информиравме сите партии од македонскиот политички блок со кои имиња не се согласуваме. Не се согласуваме земјата да се нарекува Словенска Република […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 10:36
•
Posted by: MK News
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини и покрај зголемената фреквенција на возила, задржувањата за влез и за излез од државата засега е околу 30 минути. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Резултатите од анализи на земените мостри од водата за пиење од селскиот водовод во велешкото село Војшанци покажале дека е пронајдена бактеријата Ешерихија коли, како резултат на нехлорирана вода. Препораките од надлежните се дека водата мора да се дезинфекција поточно да се хлорира или во случајов задолжително треба да се преврива, објави Дума.мк. Во ваква […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Лани во Македонија се родиле 23 752 деца, што споредено со 2011 е за 798 или за 3,5% повеќе, соопшти државниот завод за статистика. Во структурата според пол, кај живородените деца машките имаат поголемо учество и тоа 51,9%, односно, на 100 живородени женски деца, 108,1 се машки. Според возраста на мајката, најголемо учество, односно 35,1% […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 09:59
•
Posted by: MK News
Реконструираниот Воен базен во Аеродром денеска ќе биде отворен. Базенот ќе работи секој ден, до крајот на септември, од 8 до еден часот по полноќ. Како што информира новиот менаџмент на базенот, реконструирано е и санирано коритото на базенот, а реновирани се и тоалетите. Изграден е нов угостителски објект, а новиот концесионер на отворениот базен […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Претседателот на СДСМ реши да ја воскресне СДСМ .Послем бројните контакти со амбасадорскиот кор во Р.Македонија , Заев покажува се поголема енергија да ја консолидира СДСМ . На вечерашниот централен одбор на СДСМ беа избрани и потпретседателите на СДСМ,Заев покажува дека сака млади и некомпромитирани лица во своето опкружувајне , дека е решен да докаже […]
______________________________________________________________________________________________________
15/06/2013 09:04
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 20 до 33 степени. Во Скопје слично време, со температура до 31 степен. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 8.
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 21:14
•
Posted by: MK News
Жителите на 18 европски држави биле тестирани и биле позитивни на траги од глифосат, кој на глобално ниво се користи како убиец на плевел, се вели во студијата. Останува нејасно како оваа хемикалија која се користи во хемиската индустрија и ја користи Монсанто за своите ГМО производи дошла во телата на луѓето од Европа. Излегува […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 20:42
•
Posted by: MK News
Предмалку заврши Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Бихаќка. Новите потпретседатели на СДСМ се Ванчо Узунов, Александар Кирачевски, Фросина Ременска и Дамјан Манчевски. Првично се шпекулирање дека потпретседателските места ќе ги завземат професорката Рената Десковска и кандидатот за градоначалник на СДСМ од Прилеп Хари Локвенец. И покрај најавата дека тројца потпретседатели ќе бидат дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 18:33
•
Posted by: MK News
Катерина Цаневска Арсовска, од Кабинетот на градоначалникот Андреј Жерновски, на денешната прес- конференција посочи дека блокадите врз општината Центар, се прават и одвнатре и однадвор, пишува Скај. Градоначалникот Жерновски, веќе плати казна од 1.500 евра по налог од Трудова инспекција, а денес, и тоа само благодарение на тоа што е направено поравнување, платил казна од […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 14:41
•
Posted by: MK News
Мартин Протоѓер, шефот на кабинетот на премиерот, закажал склучување на брак во матично со неговата избраничка во недела, дознава Либертас од извори блиски на младоженецот. Сепак веселбата нема да биде во истиот ден, туку на 30-ти овој месец (недела), најверојатно во популарниот и престижен ресторан Воденица во скопско Сопиште, пишува Либертас. Според порталот Мартин Протоѓер преку неговиот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Српската компанија Nordeus, автор на една од најдобрите игри на Фејсбук, Top Eleven (фудбалски менаџер), која има над 10 милиони активни играчи отвара канцеларии во Скопје. За почеток ќе бидат вработени 20 лица со тенденција за зголемување на тимот. Од денес официјално можете да аплицирате за работа во Нордеус Македонија на следниов линк nordeus.mk/jobs. Факултети
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 11:55
•
Posted by: MK News
Битолчанецот Мирче Трајковски (46) кој пред неколку дена мистериозно исчезна е пронајден жив и здрав во местото Курбиново, Ресенско, пренесува „Нова Македонија“. Иако Трајковски уште од саботата е во својот дом битолската полиција него се уште го води за исчезнат. Според информациите до кои дојде Нова Македонија, Мирче Трајковски, без да им каже на своите […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на Охрид денес ќе има средба со занаетчиите од Охрид, на која ќе се обзнани дека занаетчиите кои сеуште ги одржуваат во живот занаетите во изумирање ќе бидат ослободени од плаќање комунална такса. Потоа Бакрачески ќе ја осети улицата Радојца Новиќиќ каде е започнато асфалитрањето и за крај ќе ги соопшти новите правила за […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Во 186 македонски компании најниската исплатена нето плата надминува 35.000 денари, а статистичарите регистрираат уште 239 во кои на најслабо платените работници месечно на сметката им легнуваат меѓу 30.000 и 35.000 денари. Фирми во кои најниската плата надминува 35.000 денари има во преработувачката индустрија, во секторот снабдување со електрична енергија, гас и пареа, во работата […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 09:58
•
Posted by: MK News
Родители со синџир го врзале својот син за веце-шолја за да не може да излезе и да земе дрога, друг родител ја претепал ќерка си и им признал на лекарите: „на мала душа ја оставив“, но продолжила да се дрогира. Двајца браќа потрошиле 30.000 евра на дрога, пари што ги добиле од продажба на станот на […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ) вечерва организира симболичен протест против најавената реконструкција на Градскиот трговски центар, на кој ќе се догради уште еден кат, ќе стане објект од затворен тип и ќе добие фасада во барок. Претходно тие цел ден ќе собираат потписи од граѓаните. Целта е да се зачувува постојниот изглед на објектот, […]
______________________________________________________________________________________________________
14/06/2013 09:30
•
Posted by: MK News
На територијата на Република Македонија постојат богатства кои ги нема ниту во една друга земја. Алшар е рудник на планината Кожуф во кој за првпат е откриен талиумовиот минерал лорандит. Денешното име на рудникот е кратенка од првите букви на имињата на луѓето што управувале со него во првата половина на 20 век: Алатини, француско […]
______________________________________________________________________________________________________