Archive | Македонија RSS feed for this section

Скандал во општина Центар?

Базени и спортски објекти во општина Центар, во изминатиот период се уништуваат од луѓе блиски на градоначалникот на општината Андреј Жерновски, обвинува жител на Центар кој тоа го забележал и реагирал до надлежните институции, но потоа претставките ги доставил и до редакцијата на „Република„  „Изминативе неколку недели со знаење на општина Центар се уништуваат неколку […]

______________________________________________________________________________________________________

Протест – Не за Предлог законот за прекинување на бременоста

„Не за предлог-законот за прекинување на бременоста“ – под ова мото за утре со почеток во 11 часот пред Собранието е најавен протест од страна на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. Според предлог-законот, прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен […]

______________________________________________________________________________________________________

Го суспендираа лекарот кој правеше биопсии – сега со месеци ќе се чека само за преглед

Болните само за преглед на дојка без биопсија ќе чекаат по три месеци Клиниката за онкологија и радиотерапија, се растовари од повеќето биопсии, бидејќи по суспендирање на единствениот дијагностичар, нема кој да ги работи, но ги натовари болните со нов проблем – им се продолжи времето за откривање на болеста, пишува Утрински весник. Ако на […]

______________________________________________________________________________________________________

Огромни казни за сите што ќе ги прскаат овошките со отрови

Секој земјоделец ќе мора да води евиденција за препаратите и да ги запишува периодот и дозата на употреба, а ако применува отровни производи за заштита, предвидена е глоба до 12.000 евра. Ако се појават некои болести и штетници на растенијата на нивите што ги одгледува, должен е во најкус можен рок за тоа да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Деца веќе не смеат да шетаат кучиња – само полнолетни, ако не следуваат казни

Кучињата миленици ќе може да ги шетаат само полнолетни лица и тоа исклучиво доколку животното е врзано и со маска.  Сопствениците се обврзуваат и на влезот од дворот, на вратата, да постават табличка со назнака дека чуваат куче, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ). Ќе се воспостави и регистар на опасни кучиња и ќе се воведе тест за социјализација […]

______________________________________________________________________________________________________

Владата одлучи: Абортус само еднаш годишно

Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето. […]

______________________________________________________________________________________________________

Чудотворната Литиска икона од манастирот Света Богородица Пречиста-Кичевска

Подемот на манастирот Света Богородица – Пречиста  продолжува и во XVII век, кога, откако била претходно запалена (1558 година) за новоподигнатата црква се нарачуваат икони и други уметнички и богослужбено – литургиски предмети. Една од тие икони е и литиската, двострано сликана икона од 1642 година со претстави на Христос, од едната, и Богородица, од […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе поскапуваат јајцата со новите европски закони кои мора да ги воведеме!

Поден наместо кафезен систем за одгледување несилки предвидуваат измените во Законот за благосостојба на животните. Ова, според Агенцијата за храна и ветеринарство, ќе ја зголеми цената на јајцата, бидејќи продукцијата при ваквиот начин на производство е помала. Како што рече денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, со измените на Законот ќе се забрани одгледувањето животни […]

______________________________________________________________________________________________________

Нема веќе циркус со диви животни во Македонија

Од Агенцијата за храна и ветеринарство информираат дека со измените на Законот за заштита и благосостојба на животните, се забранува диви животни да учествуваат во циркуски претстави. Измените воведуваат и регистрација на домашните миленици со миокрочипови. Кучињата кои ќе смеат да се шетаат само во присуство на полнолетно лица и ќе мораат да се чуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

Мачките немаат беснило – покажаа резултатите од Франција

Како што соопштидиректорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски, резултатите пристигнале вчера вечер, а нивната официјална потврда се очекува најдоцна до четврток или петок. – Не е констатирано присуство на вирусот на беснило кај мострите од мачки за кои постоеше сомнение дека се заболени од беснило, а кои пред десетина дена по извршените лабораториски […]

______________________________________________________________________________________________________

Новата партија на Стевчо Јакимовски ќе се вика ГРОМ

ГРОМ, партијата на центарот, ќе ги обедини и ќе ги собере на едно место хуманоста, добрината, љубовта кон земјата. Новата партија ќе стане јадро на сите успешни и вредни луѓе во заедничка мисија за Македонија. Јакимовски вели отворен е да коалицира со сите „граѓани и луѓе што покажале резултати во животот, кои се хумани и вредни […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Човекот кој шеташе гол низ Буњаковец, пренесен во „Бардовци“

Мажот кој “пиштол“ гол попладнево се шеташе по булеварот „Партизански Одреди„, е пренесен во психијатриската болница во Бардовци, објавува Курир. Од полицијата за порталот информираат дека случаен минувач го пријавил настанот во 13:20 часот. За кратко време интервенирала полициска екипа и човекот со Брза помош бил пренесен во „Бардовци“.   Курир, повикувајќи се на извори […]

______________________________________________________________________________________________________

Пожар кај Вардариште

Гори депонијата Вардариште. Противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го изгаснат пожарот во депонијата. Првичните информации говорат дека тој избувнал околу 17 часот, но засега причините не се познати. Очевидци велат дека од пожарот можел да се забележи голем црн чад во небото. Нема информации дали пожарот е подметнат или избувнал од […]

______________________________________________________________________________________________________

Бујар Османи доби ќерка

Портпаролот на ДУИ и поранешен министер за здравство Бујар Османи вчера се радуваше на раѓањето на неговата ќерка. Сопругата на Османи, дваесет и четиригодишната Валбона вчера утро се породила и на свет ја донела нивната прва рожба. Османи за медиумите  изјавил дека е пресреќен и неговата ќерка која ќе го носи името Елиза е прекрасна.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Еве ја оставката на Кралев – си заминува од лични причини

„Сепак, ја користам оваа прилика да Ве известам дека од лични и фамилијарни причини не сум во можност да целосно и посветено ги реализирам проектите кои се планирани за следниот период а за кои сум длабоко уверен дека ќе имаат значаен придонес во подобрување на севкупната состојба во образованието како и развојот на Македонија“ – […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарот Кежаровски го открил името на заштитниот сведок во текст од 2008 година

Новинарот на весникот „Нова Македонија”, Томислав Кежаровски е уапсен поради текст што го објавил во ноември 2008-ма година во тогашниот двонеделен магазин „Репортер 92″, објави Нетпрес. Според информациите што ги откривме објавени во 2008-ма, магазинот во кој што во тоа време пишувал и Кежаровски на 20-ти ноември објавил текст и факсимил од записникот од судењето […]

______________________________________________________________________________________________________

Реконструкција на Влада – си оди Панче Кралев – нов министер за образование Спиро Ристоски

Мини реконструкција на владиниот кабинет. Панче Кралев заминува од позицијата министер за образование и наука, а на негово место доаѓа министерот за Труд и Социјална политика, Спиро Ристоски, дознава Денешен. Нов министер за труд и социјална политика ќе биде Диме Спасов, поранешен директор на агенцијата за млади и спорт, а во министерството за труд доаѓа […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Сирија убиен Албанец од Гостивар (Фото)

Сигурни извори на порталот на албански јазик Almakos, информират дека дека е убиен Албанец од Македонија, кој се борел на страната на бунтовниците, против власта на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Младиот гостиварчанец, Расим, бил дел од опозициското движење „Јабха ел-нусрах“. Расим е првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.  

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1