23/05/2013 20:30
•
Posted by: MK News
Денеска во 13 часот низ улиците на Струмица беше одржан протестен марш против екстерното тестирање. Повеќе од 1500 ученици од средните и основните училишта излегоа пред зградата на општината да го искажат својот револт. Средношколците најавуваат уште еден протест – За утре струмичани најавија дека ќе го блокират магистралниот пат Струмица – Радовиш. Видео Мкинфо.мк
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 19:45
•
Posted by: MK News
Македонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата „Идеал Шипка“ стануваат дел од понудата на „Президент“ – една од најпознатите глобални трговски марки, пишува економски.мк. Со влегувањето во семејството на „Президент“, македонските сирења и кашкавали произведени во млекарницата „Идеал Шипка“ нема да изгубат од својата автентичност, квалитет и вкус, но ќе добијат меѓународна препознатливост што ги […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Агенцијата за посредување при вработување Глобалворк итно бара КЕЛНЕРКИ и КЕЛНЕРИ за работа во луксузни ресторани и хотели во Доха, Катар. Нето платата е 820 долари, а платени се сместувањето, авионската карта, визата, здравственото осигурување и 21 ден годишен одмор. Огласувачот ветува и солидни напојници. Потребно е познавање на англиски јазик. Аплицирајте овде. Економски.мк
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Дури 20% од облеката произведена во странство што ја носат Грците е Made in Macedonia, пишува Канал5. Според истражувањето на Бизнис асоцијацијата на текстилни производители, на крајот од 2012та само 23% од производството е домашно, односно грчко,а останатите 77% доаѓаат однадвор. Конкретно Македонија е на второто место веднаш зад Бугарија. Статистичките податоци покажуваат дека 1/5 […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Европскиот парламент денеска гласа за Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година, предложена од британскиот европратеник и известувач во ЕП за земјава, Ричард Ховит. На предложениот текст се поднесени шест нови амандмани од четворица пратеници и уште два дополнителни од самиот Ховит. Секако дека прашањата за добрососедските односи се чувствителни и дека некои грчки […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Неодговорни пациенти крадат чешми, тоалетна хартија и други потрошни материјали од Универзитетската клиника за стоматологија во Скопје. Менаџерскиот тим на клиниката алармира дека оваа појава постои веќе подолго време, а денес за проблемот го известија и министерот за здравство, Никола Тодоров. Во изминативе три и пол години се украдени над 50 чешми од тоалетот, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 08:56
•
Posted by: MK News
Навивачите на тетовска Шкендија направија скандал уште на стартот на финалето во Купот на Македонија, ја исвиркаа химната на Македонија пред почетокот на пресметката за трофејо. Тетовските навивачи за време на интонирањето на македонската химна освен што ја исвиркаа, истакнааа големо албанско знаме на северната трибина на која се сместени приврзаниците на Шкендија. Тренерите на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на состанок на градскиот совет го употребил терминот македонски јазикк поради што се најде на мета на грчките медиуми и информативни портали. “Бутарис спонтано употреби лош збор – македонски” за јазикот што се зборува во Поранешната Југословенска Република Македонија”, пишува весникот Авги” нагласувајќи дека поради ваквиот испад веднаш реагирале претставниците на […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Реакција од здружението на матични лекари по веста дека некој матичен лекар овој месец земал од фондот 6000 евра по основ на пациентите кои ги има. Ви го пренесуваме соопштението во целост во кое детално објаснуваат на што се однесуваат овие 6000 евра. Од друга страна здравство 24 потенцира дека податоците за исплатеното на лекарите […]
______________________________________________________________________________________________________
23/05/2013 00:44
•
Posted by: MK News
Вечерва oколу 20.30 часот се случи убиство во скопската општина Сарај, при што убиен е Ш.Л. Убиство се случило во Сарај во едно кафуле во близина на главната џамија во Сарај, Лубин. Имено, убиецот З.Ѓ. и сега убиениот Ш.Л. подолго време биле скарани и се сретнале во кафулето. З.Ѓ. заминал до дома и по десетина […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 23:17
•
Posted by: MK News
Ја допирал и галел по телото и градите. 54 годишниот професор Т. Б. кој предавал во средното училиште „Св.Кирил и Методиј„ во Неготино, на 17ти мај во четири наврати во библиотеката на училиштето, сексуално злоставувал 15 годишна ученичка. Според информациите на Максим, професорот бил повикан во полициската станица Неготино денеска околу 14 часот и бил […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 22:34
•
Posted by: MK News
Националистичките скандирања на „навивачите“ пред се на Шкендија, се причината поради која вечерва нема да го дознаеме победникот во фудбалскиот Куп на Македонија. Финалниот натпревар на националниот Куп на Македонија, во кој се сретнаа тетовските ривали Тетекс и Шкендија, е прекинат и нема да се доигра вечерва. Ова е одлуката на официјалните лица на натпреварот […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 22:02
•
Posted by: MK News
Силно невреме и во Битола попладнево. Поројниот дожд бил краткотраен но обилен, а според информациите на ТВ Тера дрво паднало иоштетило автомобил. Погледнете го видеото од Битола попладнево
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 21:56
•
Posted by: MK News
Невремето проследено со силен ветар и дожд поладневно откорна кров од зграда на улицата “Игман” во Кавадарци. Повеќе ФОТО: dnevnik.mk
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 21:10
•
Posted by: MK News
Скопската Пајак служба беше повикана да го дигне овој Џип во Градскиот парк во Скопје. По повеќе од половина час, вработените во службата конечно сфатија дека супер луксузниот џип Хамер, едноставно е претежок за да може да го подигне овој камион чиј лимит е до 5 тона, објави Сител. Фото – Сител/Махим
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 21:00
•
Posted by: MK News
Според првичните информации до кои дојде Курир, во моментов се одвива голема акција против најголемата и најорганизраната група во македонското подземје позната како кумановска група. Првичните информации велат дека досега се приведени осум лица и се вршат повеќе претреси. Осомничените биле под опсервација веќе подолг период, а се трага и по други лица. Десетици македонски […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 20:50
•
Posted by: MK News
Истражувачкиот тим на фармацевтската компанија „Алкалоид“ во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, за првпат во светски рамки, ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп. Познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско […]
______________________________________________________________________________________________________
22/05/2013 20:47
•
Posted by: MK News
Денеска во ноќните часови и утре на места ќе има пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град. Повремено ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70 километри на час. Јужното струење ќе допринесе дождот да содржи прашина и да биде обоен, се вели во вонредната инфромација од УХМР. Во случај на појава […]
______________________________________________________________________________________________________