Archive | Македонија RSS feed for this section

Бујар Османи доби ќерка

Портпаролот на ДУИ и поранешен министер за здравство Бујар Османи вчера се радуваше на раѓањето на неговата ќерка. Сопругата на Османи, дваесет и четиригодишната Валбона вчера утро се породила и на свет ја донела нивната прва рожба. Османи за медиумите  изјавил дека е пресреќен и неговата ќерка која ќе го носи името Елиза е прекрасна.

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Еве ја оставката на Кралев – си заминува од лични причини

„Сепак, ја користам оваа прилика да Ве известам дека од лични и фамилијарни причини не сум во можност да целосно и посветено ги реализирам проектите кои се планирани за следниот период а за кои сум длабоко уверен дека ќе имаат значаен придонес во подобрување на севкупната состојба во образованието како и развојот на Македонија“ – […]

______________________________________________________________________________________________________

Новинарот Кежаровски го открил името на заштитниот сведок во текст од 2008 година

Новинарот на весникот „Нова Македонија”, Томислав Кежаровски е уапсен поради текст што го објавил во ноември 2008-ма година во тогашниот двонеделен магазин „Репортер 92″, објави Нетпрес. Според информациите што ги откривме објавени во 2008-ма, магазинот во кој што во тоа време пишувал и Кежаровски на 20-ти ноември објавил текст и факсимил од записникот од судењето […]

______________________________________________________________________________________________________

Реконструкција на Влада – си оди Панче Кралев – нов министер за образование Спиро Ристоски

Мини реконструкција на владиниот кабинет. Панче Кралев заминува од позицијата министер за образование и наука, а на негово место доаѓа министерот за Труд и Социјална политика, Спиро Ристоски, дознава Денешен. Нов министер за труд и социјална политика ќе биде Диме Спасов, поранешен директор на агенцијата за млади и спорт, а во министерството за труд доаѓа […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Сирија убиен Албанец од Гостивар (Фото)

Сигурни извори на порталот на албански јазик Almakos, информират дека дека е убиен Албанец од Македонија, кој се борел на страната на бунтовниците, против власта на претседателот на Сирија, Башар ал Асад. Младиот гостиварчанец, Расим, бил дел од опозициското движење „Јабха ел-нусрах“. Расим е првиот доброволец од Македонија, кој е убиен во Сирија, објавува Almakos.  

______________________________________________________________________________________________________

Само судот во Стразбур може да ги спаси скопјани од сметките за парно

Скопјанецот Стрезо Стрезовски се обидува да ја најде правдата и пред Судот за човекови права да докаже дека со „правилата“ на РKЕ се прекршени основните човекови права гарантирани со европската конвенција – Правилата што ги донесе Регулаторна, а минатата недела ги потврди Уставниот суд, ги кршат моите човекови права, гарантирани со член 8 од Уставот […]

______________________________________________________________________________________________________

Бучковски формира партија: Немам комплекс да коалицирам со ВМРО-ДПМНЕ

Состојбите во СДСМ ја менуваат македонската политчка карта. Хаосот на Бихаќка отвора простор за нови партии на македонската политчка сцена. По некогаш Јакимовски кој промоцијата на својата партија ја најавува за во среда, кон крајот на наредниот месец, нов политчки субјект ќе промовира и поранешниот претседател на СДСМ, Владо Бучковски, пишува прес24. „Јас сум убеден […]

______________________________________________________________________________________________________

Mакедонци претворија дожд и гром во струја – добија награда, а никој не сакал да им даде пари за пат

Средношколците Мартин Јосифовски и Мартин Филипоски од гостиварскиот колеџ „Јахја Ќемал“ освоија бронзен медал на Меѓународната олимпијада за обновлива енергија, инженерство и животна средина што се одржа во Хјустон, Тексас (САД). Во конкуренција на 4.000 проекти доставени од околу 7.000 учесници од 100 држави во светот, проектот за добивање електрична енергија од дожд и град […]

______________________________________________________________________________________________________

Попоски:Сите се свесни дека ќе добиеме ново вето од Грција

Република Македонија и Европската комисија се свесни дека на јунскиот Самит на Европскиот совет нашата земја повторно ќе биде блокирана од страна на Грција во добивањето датум за почеток на пристапните преговори за членство во Европската унија, пренесува МИА Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова е заклучокот од разговорот меѓу македонскиот министер […]

______________________________________________________________________________________________________

Вујкото на Ахмети добил ќотек

Вујкото на Али Ахмети, Фазли Велиу, во Ваксинце, бил физички нападнат од селскиот организационен одбор за одбелжување на 12 – годишнината од смртта на командант Тигри, велат за Канал 5 извори во албанскиот политички блок. На поменот жителите на Ваксинце инсистирале да нема  политичари. Нивната желба не ја испочитувал Фазли Велиу, па така во друштво […]

______________________________________________________________________________________________________

Бизнисмените бараат: Во кафеаните да се пуши по 21 часот, да се зголеми летниот распуст

Угостителските локали да работат до 2 часот по полноќ во нив да се пуши по 21 часот, а училишниот распуст да трае од 15 јуни до 15 септември. Ваква предлог мерка до Владата доставиле претставиците на Туристичко-угостителската комора при Сојузот на Стопански комори во рамките на традиционалниот заеднички појадок со претставниците на економскиот тим на […]

______________________________________________________________________________________________________

Бебе заразено со СИДА во Македонија – 7 нови случаи

Еднoгодишно дете зарасено со Хив/Сида. Вирусот му го пренела мајката уште во утробата. Заболувањето кај детето било откриено случајно неодамна. Овие два случаи се меѓу седумте новорегистрирани само последните три месеци. Сите се од Скопје. Две лица имаат Сида, а 5 се Хив позитивни. Најголем дел се мажи на возраст од 20 до 29 години, […]

______________________________________________________________________________________________________

Лустриран Љубомир Фрчкоски

Комисијата за верификација на фактите денеска го лустрираше поранешниот министер за внатрешни работи Љубомир Фрчкоски. Професорот на Правниот факултет, кој своевремено беше и министер за надворешни работи според образложението на Комисијата за лустрација е прогласен за наредбодавател кој издавал наредби од идеолошко-политички причини со кои биле кршени човековите права и слободи. Против одлуката за лустрација […]

______________________________________________________________________________________________________

Колку заработуваат скопските бришачи на шофершајбни?

Дневно заработувам од 300 до 500 денари, понекогаш и повеќе, зависно од расположението на возачите. Некои се љубезни и не се противат да им ја исчистам шофершајбната, но има дрски или нервозни шофери, кои не бркаат со пцости и закани“. Вака едно од момчињата кое ги брише ветробранските стакла на скопските раскрсници ја почнува својата […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Човек од клупата на Шкендија го дави судијата

Едно од официјалните лица на тетовска Шкендија крајно неспортски се обиде да се пресмета со еден од судиите по завршувањето на финалето од Купот на Македонија, по поразот на пенали од Тетекс со 6:5. По 120 минути игра мечот заврши 1:1. Очигледно изреволтиран од поразот, едно од официјалните лица на Шкендија непотребно фати за гуша […]

______________________________________________________________________________________________________

Тетово гореше вчера – се славеше титулата на Тетекс (Фото)

Фудбалерите на Тетекс го освоија Купот на Макеоднија. По регуларните 90 минути натпреварот заврши без победник, 1:1, а мрежите не беа повторно затресени ни по 120 минути игра. на пенали ја совладаа Шкендија со 6:5. фото – Супер спорт  

______________________________________________________________________________________________________

ЕКСКЛУЗИВНО: Миро Масин станува „лајон“? (Фото)

Во Управната зграда на Скопски Саем синоќа се одржа свечен коктел по повод 15 години постоење на „Лајонс клуб Интернешнал- Република Македонија“ и пет години „Лајонс дистрикт 132- Македонија“. Присуството на членовите на клубот на моќници, нивни гувернери и амбасадори и дипломати не беше зачудувачко, но на крај на вечерта сосема изненади срдечното и еуфорично влегување, како и […]

______________________________________________________________________________________________________

Стевче Јакимовски во среда ќе промовира нова партија

Градоначалникот на Карпош Стевче Јакимовски во среда ќе ја промовира новата партија, дознава Пресс24. Според неофицијалните најави, партијата на Јакимовски ќе биде од мултиетнички карактер па според тоа, на промоцијата ќе се зборува на најмалку 3 јазика. Не е познато дали има звучни имиња меѓу идните сопратијци на Јакимовски но тој очекува да му се […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1