Archive | Македонија RSS feed for this section

Грците и Бугарите не доставиле писмени амандмани, но се очекува усна канонада!

Европскиот парламент денеска гласа за Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2012 година, предложена од британскиот европратеник и известувач во ЕП за земјава, Ричард Ховит. На предложениот текст се поднесени шест нови амандмани од четворица пратеници и уште два дополнителни од самиот Ховит. Секако дека прашањата за добрососедските односи се чувствителни и дека некои грчки […]

______________________________________________________________________________________________________

Чешми и тоалетна хартија се крадат од Стоматологија

Неодговорни пациенти крадат чешми, тоалетна хартија и други потрошни материјали од Универзитетската клиника за стоматологија во Скопје. Менаџерскиот тим на клиниката алармира дека оваа појава постои веќе подолго време, а денес за проблемот го известија и министерот за здравство, Никола Тодоров. Во изминативе три и пол години се украдени над 50 чешми од тоалетот, кој […]

______________________________________________________________________________________________________

Срамното однесување на „Балистите“ осудено од вистинските спортски вљубеници

Навивачите на тетовска Шкендија направија скандал уште на стартот на финалето во Купот на Македонија, ја исвиркаа химната на Македонија пред почетокот на пресметката за трофејо. Тетовските навивачи за време на интонирањето на македонската химна освен што ја исвиркаа, истакнааа големо албанско знаме на северната трибина на која се сместени приврзаниците на Шкендија. Тренерите на […]

______________________________________________________________________________________________________

На Солунскиот градоначалник му излета дека во Скопје се зборува македонски јазик

Солунскиот градоначалник Јанис Бутарис на состанок на градскиот совет го употребил терминот македонски јазикк поради што се најде на мета на грчките медиуми и информативни портали. “Бутарис спонтано употреби лош збор – македонски” за јазикот што се зборува во Поранешната Југословенска Република Македонија”, пишува весникот Авги” нагласувајќи дека поради ваквиот испад веднаш реагирале претставниците на […]

______________________________________________________________________________________________________

Матичните лекари реагираат – нема плата 6000 евра тоа било вкупно со се трошоци, еве кои

Реакција од здружението на матични лекари по веста дека некој матичен лекар овој месец земал од фондот 6000 евра по основ на пациентите кои ги има. Ви го пренесуваме соопштението во целост во кое детално објаснуваат на што се однесуваат овие 6000 евра. Од друга страна здравство 24 потенцира дека податоците за исплатеното на лекарите […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Сараj

Вечерва oколу 20.30 часот се случи убиство во скопската општина Сарај, при што убиен е Ш.Л. Убиство се случило во Сарај во едно кафуле во близина на главната џамија во Сарај, Лубин. Имено, убиецот З.Ѓ. и сега убиениот Ш.Л. подолго време биле скарани и се сретнале во кафулето. З.Ѓ. заминал до дома и по десетина […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов случај – Професор од Неготино допирал малолетна ученичка- приведен е

Ја допирал и галел по телото и градите. 54 годишниот професор Т. Б. кој предавал во средното училиште „Св.Кирил и Методиј„ во Неготино, на 17ти мај во четири наврати во библиотеката на училиштето, сексуално злоставувал 15 годишна ученичка. Според информациите на Максим, професорот бил повикан во полициската станица Неготино денеска околу 14 часот и бил […]

______________________________________________________________________________________________________

Скандирањето УЧК главна причина за прекинот на финалето од фудбалскиот куп – ќе им ли казна за клубот?

Националистичките скандирања на „навивачите“ пред се на Шкендија, се причината поради која вечерва нема да го дознаеме победникот во фудбалскиот Куп на Македонија. Финалниот натпревар на националниот Куп на Македонија, во кој се сретнаа тетовските ривали Тетекс и Шкендија, е прекинат и нема да се доигра вечерва. Ова е одлуката на официјалните лица на натпреварот […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Пороен дожд во Битола – дрво падна врз автомобил

Силно невреме и во Битола попладнево. Поројниот дожд бил краткотраен но обилен, а според информациите на ТВ Тера дрво паднало иоштетило автомобил. Погледнете го видеото од Битола попладнево

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Невремето окорна цел кров на зграда во Кавадарци

Невремето проследено со силен ветар и дожд поладневно откорна кров од зграда на улицата  “Игман” во Кавадарци. Повеќе ФОТО: dnevnik.mk  

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Пајак проба да крене луксузен Хамер во Скопје – еве како помина

Скопската Пајак служба беше повикана да го дигне овој Џип во Градскиот парк во Скопје. По повеќе од половина час, вработените во службата конечно сфатија дека супер луксузниот џип Хамер, едноставно е претежок за да може да го подигне овој камион чиј лимит е до 5 тона, објави Сител. Фото – Сител/Махим

______________________________________________________________________________________________________

Голема акција – Полицијата апси членови на најголемата група во македонското подземје

Според првичните информации до кои дојде Курир, во моментов се одвива голема акција против најголемата и најорганизраната група во македонското подземје позната како кумановска група. Првичните информации велат дека досега се приведени осум лица и се вршат повеќе претреси. Осомничените биле под опсервација веќе подолг период, а се трага и по други лица. Десетици македонски […]

______________________________________________________________________________________________________

Научници на Алкалоид решија мистерија стара 1 век – се најдоа на насловна на светски списанија

Истражувачкиот тим на фармацевтската компанија „Алкалоид“ во соработка со две научно-истражувачки лаборатории, за првпат во светски рамки, ја реши кристалната структура на соединението фолкодин монохидрат кое за пациентите кои страдаат од интензивна сува кашлица е повеќе од половина век достапно во форма на капсули и сируп. Познавањето на кристалната структура и полиморфизмот (можност едно хемиско […]

______________________________________________________________________________________________________

Вонредна прогноза: Вечер и утре ќе врне град и каллив дожд

Денеска во ноќните часови и утре на места ќе има пообилни врнежи и услови за изолирана појава на град. Повремено ќе дува силен јужен ветер со брзина над 70 километри на час. Јужното струење ќе допринесе дождот да содржи прашина и да биде обоен, се вели во вонредната инфромација од УХМР. Во случај на појава […]

______________________________________________________________________________________________________

Уставен суд реши: И исклучените ќе плаќаат парно

Уставниот суд ја отфрли иницијативата поднесена од ЛДП и тројца граѓани за оценување на уставноста на одлуката исклучените граѓани од парното греење треба да плаќаат фиксен износ. Од тука, иако се исклучени ќе мора да плаќаат надоместок определен од Регулаторната комисија. Во образложението на судот се вели во вертикалните системи каде има еден уред, исклучените […]

______________________________________________________________________________________________________

Да и помогнеме на Маја!

Младата Маја Керова-Бабунска е мајка на две ќерки, а боледува од рак на дојка. Потребно и е да замине во Хјустон, но нема средства за тоа. Таа ги моли сите хумани луѓе да и помогнат.Ви го пренесуваме писмото на оваа млада жена желна за живот и здравје. Прочитајте како може да и помогнете.

______________________________________________________________________________________________________

Додека Макеоднија го бара под дрво и камен Даравелски се журка на концерт на Депеш Мод (Видео)

Додека македонското и српското министерство за правда потпишуваа договори за екстрадиција, Драган Даравелски се шета низ Белград. Гледачи на Канал 5 го забележале како се забавува на концертот на Депеш Мод. Даравелски е се уште е во Србија и без никаков страв учествува на јавни настани? Граѓани кои викендов биле во Белград, по завршување на […]

______________________________________________________________________________________________________

Јакимовски: Жерновски прави циркуз – почна и ќе заврши со плачење (ВИДЕО)

Гостување на градоначлникот на Карпош, Стевчо Јакимовски во битолската телевизија Тера.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1