Archive | Македонија RSS feed for this section

Шест обвинети во „Ќелија“ осудени од 5 и пол до 7 години затвор

Шест од 11 обвинети во случајот „Ќелија“ признаа пред судот дека учествувале на воените боишта во Сирија и добија помала казна. Од нив пет се осудени на затворска казана од пет и пол години, а највисока казна од седум години затвор му е изречена на првообвинетиот, оџата Р. М. од Чаир. По спогодбата со Основното […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време нѐ очекува викендов?

Времето денеска сончево со умерена облачност и свежо. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, особено долж Повардарието каде на места ќе достигнува брзина околу 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 15 степени. Утре кон крајот на денот и в недела претпладне ќе има услови за […]

______________________________________________________________________________________________________

Голема полициска акција за расчистување на „Фабриката за афери“

Хард диск сокриен во душек пронашла полицијата во еден од претресите кои со наредба на Судот од утрово се вршат на 7 локации како продолжение на акцијата за разбивање на „Фабриката за афери на СДСМ“, пишува Прес 24. По наредба на Основниот суд Скопје 1 Скопје, полицијата утринава започна обемна акција за документирање на сомненијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонци заработуваат месечна плата само со гледање реклами пред компјутер

„Бухбери“, „Необух“ и „Југетпрофит“ се имињата на неколку од веб-страните преку кои може онлајн да се заработува. Ваквите сајтови дејствуваат како посредници меѓу фирмите кои се рекламираат и нивните таргет групи. Фирмата и плаќа на веб страницата за да се рекламира, а дел од таа исплата потоа оди за оној кој ја гледа рекламата Работата е […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако низ двор ви минуваат кабли од телефон, струја, вода – може да барате да ви платат

Граѓаните и инвеститорите отсега ќе можат од дома да проверат дали низ нивна или друга локација за која се заинтересирани поминува инфраструктурен објект преку геопорталот што за таа намена го воспостави Агенцијата за катастар на недвижности На геопорталот може да се видат досега евидентираните оптички и бакарни кабли, кабли за пренос на електрична енергија, гасоводи, […]

______________________________________________________________________________________________________

СЈО го опколи Централниот регистар на Република Македонија, има судски налог да одземе документи

Специјалното обвинителство вчера го опколи централниот регистар на РепубликаМакедонија. Обвинителството добило судски налог да одземе документи од централниот регистар, но налогот е издаден од судот пред крајот на работниот ден и додека истражителите на Специјалното обвинителство пристигнале во институцијата, вработените биле пуштени да си одат, а објектот затворен, јавува Телма   Од специјалното обвинителство изјавија […]

______________________________________________________________________________________________________

Невреме во Македонија: Најмногу дожд во Пожар и Струмица, најмалку во Штип

До 16 часот денеска најмногу дожд наврна во Пожар, 47 литри на метар квадратен, а најмалку во Штип, еден литар на единица површина. Како што соопшти УХМР, во Струмица врнежите достигнаа 18 литри на метар квадратен, во Берово и Пожаранеосум, во Битола и Крива Паланка седум, во Гевгелија шест, во Виница и Лазарополе пет, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Летовите од Македонија кон Брисел се одвиваат нормално

Авиосообраќајот од Македонија кон Брисел се одвива нормално согласно утврдениот возен ред. За денеска и утре нема закажани летови кон оваа европска престолнина, а следниот лет треба да се реализира во петок преку авиокомпанијата „Визер“ на аеродромот „Шарлоа“ кој не беше цел на терористичките напади што вчера се случија во Брисел. Авиосообраќајот на двата македонски […]

______________________________________________________________________________________________________

Попладне пороен дожд, грмежи и ветер

Нестабилно облачно време со пороен дожд, грмежи и силен ветер, најавува за денеска попладне Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен воден талог, а ветерот да достигнува брзина над 80 км/час. Ќе има и услови за изолирана појава на град. Претпладне времето ќе биде со повремени врнежи […]

______________________________________________________________________________________________________

Два брачни пара ќе добијат потомство со помош на сурогат мајки

Два брачни пара со помош на две исклучително хумани жени (сурогат мајки), ќе добијат свое потомство со постапката за сурогат мајчинство. До крајот на оваа или следната недела се очекува брачните двојки и сурогат мајките да ја финализираат првата фаза од постапката со склучување договор, по што следи медицинска постапка за биомедицинско оплодување, истакна денеска […]

______________________________________________________________________________________________________

Силна експлозија во зграда во Куманово

Во зграда на булеварот „Октомвриска револуција“ вечерва по 18 часот се слушна силна експлозија. Според привичните сознанија во експлозијата нема повредени лица, јави дописникот на МИА од Куманово. Во зградата со број 1, како и на соседните згради 2 и 3, како што јавува дописникот на МИА, речиси сите стакла од прозорците се искршени. СВР […]

______________________________________________________________________________________________________

Mладенци не е само за нововенчаните – Што треба сите да правиме на денешниот празник

Празникот на пролетта 22 март (9 март, стар стил) младите го празнуваат како свој ден, како ден на младоста, љубовта и убавината. Оние што се венчале во изминатата година денеска пречекуваат гости, најчесто најблиските, кои им носат подароци и со кои уште еднаш го прославуваат нивниот почеток, љубовта, семејството. Истиот ден Светата православна црква го […]

______________________________________________________________________________________________________

ТВ НОВА со 3Д анимација од Брисел (Видео)

Што се случуваше во Брисел денес . ТВ НОВА со 3Д анимација погледнете

______________________________________________________________________________________________________

МНР: Нема загинати и повредени македонски државјани во нападите во Брисел

Терористичките напади во престолнината на Белгија беа во фокусот на разговорите на средбата помеѓу министерот Никола Попоски и амбасадорката на Кралството Белгија во Република Македонија Аник Ван Калстер, на која Попоски изрази длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осуди нападите. „По терористичките напади во […]

______________________________________________________________________________________________________

Иванов: Во Македонија има 72 терористи вратени од боиштата

Да не бидеме наивни. Само во Македонија имаме 72 повратници, од лица кои учествувале на боиштата, отишле како екстремисти, се вратиле како терористи. Шеесет отсто, односно повеќе од 1.000 лица од Балканот учествувале во Сирија и се вратени, а илјадници односно до три илјади има повратници на територија на ЕУ. Тие ги користеле овие рути […]

______________________________________________________________________________________________________

МНР: За информации за безбедноста на македонските граѓани

Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Белгија и најостро ги осудува овие напади во кои неколкумина граѓани се загинати и повредени. За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Белгија, од МНР упатуваат за информации заинтересираните […]

______________________________________________________________________________________________________

Лепавцов: Нема повредени и загинати македонски дипломати, се чека информација од белгиското МВР за македонските граѓани

Нема повредени и загинати македонски дипломати во денешните симултани терористички напади на Националниот аеродром Завентем во Брисел, како и во бриселското метро на станицата Малбек, соопшти во изјава за МИА Андреј Лепавцов, амбасадор во Постојаната мисија на Република Македонија при Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Лепавцов потврди дека македонската амбасада […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес ги славиме Младенци – празник посветен на Светите 40 маченици во Севастија

Светите 40 маченици во Севастија беа војници во римската војска, но тврдо веруваа во Господ Исус. Кога настана гонење во времето на Ликиниј, ги изведоа на суд пред војводата, а тој им се закани дека ќе им ја одземе војничката чест. На ова еден од нив, Свети Кандид, одговори: „Не само војничката чест туку и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1