03/10/2015 09:45
•
Posted by: MK News
Зоолошката градина Скопје ги информира посетителите дека по повод “Бела Ноќ”, на 03.10.2015 (сабота) во периодот од 17:00 до 19:00 часот влезот за посетителите во Градината ќе биде бесплатен. Истиот ден, од 17:00 до 18:00 часот во Мултинаменскиот едукативен центар на Градината ќе се одржи едукативна сесија на тема “Змиите, нашите тивки соседи” која ќе ги опфати следниве точки: змиите наши соседи (колку видови на змии […]
______________________________________________________________________________________________________
03/10/2015 09:33
•
Posted by: MK News
Годинешново 11-то издание на манифестацијата БЕЛА НОЌ, што ќе се одржи на 3 октомври, сабота, ќе изобилува со изложби, перформанси, инсталации, концерти, бесплатен филмски маратон во Кино Милениум… и мултимедијален спектакл. Официјално манифестацијата БЕЛА НОЌ 2015 ќе биде отворена во 20:30 часот во Музеј на Македонија, каде што ќе биде поставена изложбата „Црвен петел – […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2015 19:52
•
Posted by: MK News
Главната стратегиска и надворешно-политичка цел на Република Македонија, истакна Груевски при обраќањето во ООН, останува нашето членство во ЕУ и НАТО. -Сите реформи преземени во земјата се во согласност со таа цел. Сите внатрешно-политички проблеми се решаваат во тој дух. Сепак, без оглед на внатрешно-политичките предизвици со кои се соочуваме, дозволете ми да подвлечам дека […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2015 19:50
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи ја продолжува истрагата за случајот во кој од проектил беше оштетена фасадата на станбениот комплекс „Соравија“ лоциран на Водно. Завршено е вештачењето на подигнатите материјали од лице место, меѓу кои и на проектилот. Неофицијално се работи за проектил со калибар 40 милиметри, испукан од исто оружје како тоа што беше употребено […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2015 18:30
•
Posted by: MK News
Без оглед на внатрешно политичките предизвици со кои се соочуваме, дозволете ми да подвлечам дека не треба да има препрека на нашиот пат кон Евроатлантската заедница на нации. Едно нерешено прашање кое за жал стои на патот на трајна стабилност на нашиот регион и директно влијание врз мојата земја и стои во агендата на ОН […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2015 16:03
•
Posted by: MK News
Првата плескавица во светот е направена пред 6.000 години во Македонија или, поточно, во Пелагонија, во времето на неолитот. Ова е одговорот на експертите од телевизискиот канал Дискавери, на кои во рубриката „Сакам да знам“ им било поставено прашањето за староста на плескавицата. Иако ова е стара информација сепак заслужува да се потсетиме на неа. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/10/2015 13:56
•
Posted by: MK News
Неуспешно заврши референдумот за спас на зеленилото во населба Карпош 4. За оваа иницијатива беа собрани 2 600 потписи, а за референдумот да биде успешен потребно беше да се потпишат најмалку 5 900 граѓани или 10 отсто од избирачкото тело во општината. Иницијативата за референдум ја покренаа група граѓани од општината Карпош за да го […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2015 13:49
•
Posted by: MK News
Тринаесет ученици и двајца професори од средното училиште „Арсени Јовков“ вчера попладне завршија во болница. Според деталите објавени денес од МВР, непознато лице или лица за време на големиот одмор испрскале непозната иритирачка материја во вид на спреј, поради која уениците и професорите со возила на итна медицинска помош се пренесени во болница. Истите се […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2015 10:31
•
Posted by: MK News
13 ученици и 1 професор од средното училиште „Арсени Јовков“ попладнето завршиле на Токсикологија и во градската болница „8 спетември“ со симптоми на кашлање и задушување, јавува Телма. Според првичните информации од МВР, се работи за вдишување на спреј кој бил употребен од 2 непознати лица кои засега не се лоцирани, а според МВР по […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Возачот не смее да ја намали брзината на движењето на возилото до таа мера што неговото возило претставува пречка за нормалното одвивање на сообраќајот. Предвидена е глоба во износ од 50 евра. На јавен пат во населено место, возачот не смее со возилото да се движи со брзина поголема од 50 километри/час, односно со брзина […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2015 09:30
•
Posted by: MK News
По завршениот тендер за избор на фирма која ќе го изработува основниот проект за Луна парк-Скопје и информациите излезени во неколку интернет портали, победничкиот тим „Лунар”, реши јавно да го сподели својот конкурсен труд, пренесува marh.mk . Според веста, основниот проект го доби фирмата која го изработи второнаградениот труд „Билд Урбан“, која во последната информација беше […]
______________________________________________________________________________________________________
01/10/2015 09:26
•
Posted by: MK News
Годинава пет мигрантки се породиле во Македонија. Две добиле принова во гевгелиската болница, а по едно породување е извршено во Валандово, Штип и Систина, пренесува Сител. Децата нема да добијат државјанство по основ на раѓање бидејќи услов е барем еден од родителите да се македонски државјани. На патот кон Западна Европа низ земјава транзитираат стотици […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 12:54
•
Posted by: MK News
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева го објави списокот на предложени кандидати за нејзини помошници. Списокот е поднесен до Советот на јавни обвинители, а Јанева го замоли да биде изгласан во најкус можен рок. Најголем дел од кандидатите се од Куманово, Тетoво, Скопје и еден кандидат од Обвинителството за организиран криминал. Станува збор за Обвинителот Фатмир […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 12:52
•
Posted by: MK News
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е свети маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија. „А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта“ (1. Кор. 13: 13) Животите на светителите се духовна лектира која за нас, кои се нарекуваме православни христијани, претставуваат насушна храна со која […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 12:46
•
Posted by: MK News
Казните се зголемени, но и се воведени нови обврски како детско седиште, шлем и рефлектирачки елек за велосипедистите и слично. Следува листата на глоби зспоред новиот закон: Пропуштање пешаци на пешачки премин – Предвидена е глоба во износ од 200 евра Сигурносен појас – глоба во износ 40 евра / 25 негативни бода. За сопатниците глоба во износ од 50 евра Користење […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 12:00
•
Posted by: MK News
Мало затоплување а потоа пад на температурите, особено во утринските периоди. До крајот на неделава и на почетокот на наредната се очекува благо зголемување на температурите и суво време. Од вторник ќе почне наоблачување а веќе за викндот се очекуваат и врнежи по што ќе следи заладување и спуштање на утринските температури до 1 степен.
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 10:01
•
Posted by: MK News
Познатиот холивудски актер Орландо Блум вчера бил во Скопје. Според фотографијата поставена на социјалната мрежа Фејсбук, актерот бил гостин во познат скопски ресторан во центарот на градот. Денеска јавноста и медиумите беа изненадени од посетата на Блум на бегалскиот камп во Гевгелија, за што немаше никаква најава од него ниту од неговиот тим, а исто така […]
______________________________________________________________________________________________________
30/09/2015 09:06
•
Posted by: MK News
Сиријката Менол Суех на свет донесе здраво девојче во гевгелиската болница. Мајката со болки околу 11 часот била примена во болницата каде во 15:30 часот била породена по природен пат. Девојчето е тешко 3.250 грама и долго 51 сантиметар. И мајката и детето се наоѓаат во добра состојба. Ова е петти случај на породување на […]
______________________________________________________________________________________________________