06/09/2015 19:50
•
Posted by: MK News
Супер високите температури кои преовладуваа во првите денови на септември од денеска се минато. Така велат од Хидрометеоролошкиот завод. Според нив, нискиот атмосферски притисок кој ќе циркулираа над Балканскиот Полуостров ќе ги намали температурите за 12 степени, а од четврток се очекува и дожд. По овој датум температурите ќе паднат до 21 степен, но повторно […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2015 11:21
•
Posted by: MK News
Новинарка од информативната редакција на денвниот весник ВЕЧЕР, денес се заколна на вечна љубов со нејзиниот избраник Никола Груевски Свадбената прослава беше во еден од елитните скопски ресторани. Станува збор за младата и перспективна новинарка Јованка Царулеска од Прилеп. Сепак, за да не дојде до забуна, нејзиниот избраник е момче кое има исто име и презиме […]
______________________________________________________________________________________________________
06/09/2015 11:19
•
Posted by: MK News
Вчерашното издание на Новолото, кое е емитувано на 05.09.15 на Сител телевизија ги донесе среќните 7 бројки кои интензивно ги посакуваат играчите на среќа. Своето среќно Новолото ливче добитникот го уплатил во продажното место ЏОНИ СМОКЕР ДООЕЛ Капиштец, Скопје. 7ката е вредна 6.000.000 денари. Уплатени се 4 ( четири) комбинации, од кои добитна е втората […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 12:56
•
Posted by: MK News
На преминот Богородица на границата со Грција за излез од Македонија има задржување на возилата од 30 минути, додека на премин Дојран околу 15 минути. Подолги задржувања има на грчиот дел, за влез во Грција, соопшти АМСМ. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 12:06
•
Posted by: MK News
За 1,3 проценти се пониски трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава споредено со истиот квартал лани, објави денеска Државниот завод за статистика. Во второто тримесечје од годинава, во однос на првото тримесечје од минатата година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 0,4 проценти, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 12:03
•
Posted by: MK News
На хит страната на Facebook – Прашај се што те интересира се појави интересен оглас.
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Семејството Цековски се сомнева дека друг човек ја возел хондата која на трети април ја прегази 20-годишната Фросина пред Универзална сала. Како што денеска пред јавното обвинителство рече таткото, Љупчо Цековски, трагите од воланот биле избришани, а на возачкото седиште биле најдени отпечатоци од прсти кои не одговараат на лицето што неколку часа по сообраќајката […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 09:33
•
Posted by: MK News
Рената Тренеска Дескоска со 86 „за“ и еден „против“ е избрана за потпретседател на Собранието на предлог на пратеничката група предводена од СДСМ. По гласањето Тренеска Дескоска даде свечена изјава дека совесно, одговорно и согласно законите и Уставот ќе ја извршува оваа функција. Пратеникот Горан Мисовски кусо образложи дека Тренеска Дескоска е позната во општествениот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/09/2015 09:17
•
Posted by: MK News
Од недела попладне се очекува значителна промена на времето со зголемена облачност, локален дожд и умерен до засилен западен ветер над 60 километри на час кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северен и ќе предизвика осетно опаѓање на температурата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Заладувањето ќе биде поизразено во северните делови […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2015 10:43
•
Posted by: MK News
Со помош од државата ќе се развива живинарството во земјава. Семејни живинарски фарми ќе произведуваат бројлери, а државата ќе одлучи како и каде ќе се продава пилешкото месо и по кои цени. Целта е да се зголеми домашното производство на пилешко месо и да се намали увозот. Министерот Цветков денес информираше дека со 3 милиони […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2015 10:32
•
Posted by: MK News
Највисока температура во Македонија во септември во Македонија била измерена во Гевгелија во 2008 година кога живата во термометрите се искачила на 39,2 степени целзиусови. Според мерењата на УХМР за периодот од 1951 година, во Скопје во септември најтопло било во 1987 година кога биле измерени 36,9 степени целзиусови. Поради високите температури што на почетокот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2015 09:28
•
Posted by: MK News
Најмалку шест жалби во текот на денот се пристигнати во скопскиот Кривичен суд по одлуката на судија во претходна постапка со која аудиоснимките беа издвоени како незаконски прибавени докази. Рокот во кој обвинителите кои работат по предметите за прислушувањето можат да ја обжалат одлуката истекува вечерва на полноќ со што официјалната и точна бројка ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
04/09/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Дваесет и пет пожарникари од скопската Бригада со осум противпожарни возила и шест автоцистерни на Комунална хигиена и Паркови и зеленило, завчеравечер успеаја целосно да го изгаснат пожарот кој избувна на Водно, кај Теферич. Во борбата со пламените јазици полесно беше повреден еден од пожарникарите со долгогодишно работно искуство. Се лизнал на стрмниот и каменит […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2015 21:41
•
Posted by: MK News
Пет години затвор е пресудата која денес му беше изречена на Бојан Блажевски, кој е обвинет за сообраќајната несреќа кај Зебра во која животот го загуби новинарката Сузана Тодоровска Павлоска. Адвокатот на обвинетиот Блажевски смета дека пресудата е коректна, додека адвокатот на семејството на новинарката се надева дека обвинителството ќе ја обжали истата. За кривичното […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2015 19:11
•
Posted by: MK News
БЕГ на половина град му испратил непријатни опомени пред тужба, а на некои за само неплатен еден месец и тоа минатиот јули, бидејќи сметките за август нормално се уште не се стасани. Граѓаните револтирани од односот на компанијата бараат од инспекциите да ги заштитат од вакви ШОК писма и тоа непотребно. Писмото е со крајно […]
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2015 13:52
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири годишен затвореник, осуден за педофилија, починал утринва во затворот Идризово. Според директорот на затворот, Живко Пејковски, затвореникот бил наркозависник кој се лекувал со метадонска терапија. Сепак причинте за смртта не се се уште потврдени, а телото на починатиот затвореник е предадено на обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2015 11:15
•
Posted by: MK News
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 8 септември 2015 година (вторник), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Македонија. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на независноста.
______________________________________________________________________________________________________
03/09/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Огнената стихија која се случи меѓу светиниколските села Ѓуганци и Павлешинци пеплоса над 100 хектари шума, предизвика сообраќајна несреќа во која три лица се повредени, а едно возило е опожарено, објави Телма. Поради големите пламени јазици кои веќе преминувале преку регионалниот пат Свети Николе-Куманово и густиот чад две возила, од кои едното од Куманово, а […]
______________________________________________________________________________________________________