22/04/2015 09:01
•
Posted by: MK News
Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов свика состанок на кој надлежните институции од областа на одбраната, безбедноста и разузнавањето ќе го информираат државниот врв на Република Македонија за актуелните настани, соопштуват од кабинетот на претседателот. -Состанокот ќе се одржи вечерва во Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, по враќањето во државата на Претседателот на Собранието […]
______________________________________________________________________________________________________
22/04/2015 08:55
•
Posted by: MK News
Поради зафати што ќе ги врши ЕВН Македонија АД, ќе има привремени исклучувања на териториите на општините Чаир, Карпош и Центар, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Од 8 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците Краварска и Алберт Станиќ. Од 8.30 до 14.30 струја ќе немаат корисниците […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 21:27
•
Posted by: MK News
Теренот околу караулата Гошинце, која ноќеска беше нападната, се обезбедува и се создаваат услови за непречено и безбедно одвивање на увидот, изјави попладнево помошник министерот за односи со јавност во Министерството за внатрешни работи Иво Котевски. Во Гошинце и во околината се распоредени единици на полицијата која го обезбедува теренот. Котевски за МИА рече дека […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 21:22
•
Posted by: MK News
Полицијата превзема сериозни мерки за целосно расчистување на терористичкиот напад кој утринава се случи на караулата кај Гошинце, информираа денес од МВР. Според првични и неофицијални информации утврден е идентитетот на дел од членовите на групата која утринава влезе во караулата и ги нападна четворицата полициски службеници. Првичните и непотврдени сознанија велат дека како лидер […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 15:47
•
Posted by: MK News
Пред 5 минути кај браната во Липковско поминал конвој од 7-8 оклопни возила кои одат кон Гошинце, а неколку новинарски екипи, меѓу кои и НОВА се спречени да продолжат, тврдејќи дека не било безбедно и таква била наредбата за полицијата од нивниот шеф, јавува НОВА. Според МВР, околу 2 часот и 30 минути по полноќ, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 15:44
•
Posted by: MK News
Две теренски возила на ОБСЕ во моментов се во Липковско. Иако полицијата им дозволи да се упатат кон Гошинце, од ОБСЕ одлучиле да не продолжат, бидејќи возилата не им биле блиндирани, јавува Nova.tv. Инаку дел од новинарските екипи предмалку полицијата ги спречи да продолжат кон Гошинце. Инаку, пристапот кон Гошинце цел ден е слободен. Првите […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 15:34
•
Posted by: MK News
Новинарски екипи од неколку медиуми се спречени од полицијата да стигнат во Гошинце, каде што ноќеска, според МВР, вооружени напаѓачи со ознаки на УЧК нападнале караула. Образложението на полицијата е дека новинарите не смеат да одат во зоната по браната на Липковско Езеро, поради безбедносни причини. Инаку, Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека 40 […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 15:24
•
Posted by: MK News
Сценариото за кое предупредуваа Владата, дел од медиумите, аналитичарите и експертите уште пред три месеци, дека се работи за добро осмислен обид за дестабилизација на Македонија со сесрдно логистичко учество на домашни елементи пред се олицетворени во Зоран Заев и тесната клика од раководството на СДСМ околу него и предавничката Соросова фондација, денеска почна да […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 14:24
•
Posted by: MK News
Ако некој смета дека е време албанската војска да тргне против македонската војска и полиција, за да нè убеди дека е искрен во своите намери, оваа војна нека ја почне во Зајас, апелира весникот „Лајм” по денешните настани на македонско-косовската граница, во селото Гошинце. Веќе подолго време апелираме дека единствениот спас за некои политички структури […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 14:19
•
Posted by: MK News
Лицата кои ја завземале полициската станица во Гошинце, Липковско носеле ознаки УЧК, а во станицата влегле околу 2 часот утринава, при што разоружале затекнатите полицијаци, го собрале целото оружје, а потоа ги пуштиле на слобода затекнатите полицајци и им рекле да пренесат порака на надлежните. Портпаролот на МВР, Иво Котевски во изјава за јавноста истакна, […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 13:13
•
Posted by: MK News
Сите ќе ве ликвидираме. Сакаме наша држава. Со овие зборови 40тина терористи со маски на УЧК утрово околу 2:30 часот ја нападнале караулата во Гошинце, јавува МВР. Според информациите од полицијата, станува збор за добро вооружена група која комуницирала на албански јазик. Заробиле 4 полициски службеници и им ги врзале рацете со лисици, а едниот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 13:07
•
Posted by: MK News
Два и пол часа по полноќ нападната караулата во Гошинце. Околу 40 вооружени и униформирани со ознаки на УЧК влегле во полициската станица и ги разоружале четворицата полицајци кои биле на смена, тројца врзале со лисици, а еден физички го малтретирале. Цело време снимале со камера. По половина час си заминале откако го одзеле оружјето […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 12:57
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи за попладнево закажа прес-конференција на која се очекува да соопшти повеќе детали во врска со информациите за инцидент во полициската станица во Гошинце во општина Липково. Медиумите јавија дека група вооружени лица ја зазеле полициската станица. Според првичните информации тие наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 12:55
•
Posted by: MK News
Австралиските медиуми јавуваат дека групата млади исламисти, која беше уапсена додека подготвувала напади околу 25 април, големиот австралиски празник Анзак, вклучувала и најмалку еден етнички Албанец со потекло од Македонија. Шестчлената исламистичка група беше уапсена во Мелбурн во текот на викендов, по што на јавноста и беше откриено дека тие планирале да нападнат полицаец, да […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 12:40
•
Posted by: MK News
Полицијата во моментот преговара за ослободување на четворицата македонски полицајци, заробени во полициската станица во кумановското село Гошинце. Плусинфо дознава дека големи се шансите преговорите да завршат успешно. Четириесетината вооружени лица, најверојатно Косовари, полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, ја освоиле околу 4 часот утринава. При упадот, тие не наишле на никаков отпор. Групата […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 12:25
•
Posted by: MK News
Четириесетина вооружени лица утрово ја освоиле полициската станица во селото Гошинце, општина Липково, и заробиле четворица македонски полицајци, неофицијално дознава МКД.МК. Претходно Фокус објави дека полициската станица била заземена од група вооружени насилници, кои наводно го земале оружјето, а полицајците ги избркале. МВР во врска со случајот ќе има прес-конференција во 12.30 часот.
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 11:14
•
Posted by: MK News
Временските услови ја вратија некогашната вода во Деребашката река и по 30-тина години сушност, таа сега самата си формира природен водопад кој паѓа од неколку метри височина Необично е тоа што водата е со одредена температура, односно за разлика од повеќето планински извори кои најчесто се студени, оваа вода е млака и исклучително бистра, пренесува […]
______________________________________________________________________________________________________
21/04/2015 10:31
•
Posted by: MK News
Членовите на Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија бараат од државата и стимулации кои ќе помогнат во новите инверстирања и во модернизацијата на постоечките капацитети. Овие барања се резултат на подолготрајно анализирање на состојбите, кое покажало дека е неопходно покренување серија мерки за финансиско растоварување на секторот. Освен високиот ДДВ кој […]
______________________________________________________________________________________________________