Archive | Македонија RSS feed for this section

Пола Македонија под вода, најнов извештај на ДЗС

ПОЗС Кочани: – Нивото на реките се зголемени и е поплавено е земјоделско земјиште, а додека дотокот на вода во браната Калиманци е 150м3 а испустот на вода е 50м3 со што е започнато излевање на браната Калиманци. Цело кочанско поле е поплавено а исто така има можност и излевање на река Брегалница кај село […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Критично во источна Македонија – помош дојде и од Скопје

Градот Скопје по обилните врнежи на дожд и поплави во источниот дел на Република Македонија, испрати тим на лица и техничка помош и механизација за справување со поплавите. Градот Скопје испрати три цистерни за влечење на вода од ЈП “Водовод и канализација” и ЈП “комунална хигиена”, едно противпожарно возило опремено со моќна пумпа за испумпување […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Страшно во Штип – погледнете ја атмосферата во градот во моментов

Се што можеше да се преземе, се што дојде како идеја од која било страна, како и насобраното искуство од минатото за намалување на последиците од поплавите е преземено од наша страна. Сега останува да видиме до каде ќе стигне силата на природата, истакна премиерот Никола Груевски вечерва во штипската населба Ново Село, едно од најкритичните […]

______________________________________________________________________________________________________

Потоп низ цела Македонија, најнов извештај на ДЗС

ПОЗС Кочани: – Нивото на реките се зголемени и е поплавено е земјоделско земјиште,  а додека дотокот на вода во браната Калиманци е 150м3 а испустот на вода е 50м3 со што е започнато излеванје на браната Калиманци.Цело кочанско поле е поплавено а исто така има можност и излевање на река Брегалница кај село Чифлик. […]

______________________________________________________________________________________________________

Снежана Лупевска се сели на Телма

Лупевска го сели проектот Код на Телма. Засега нема информација што станува со останатите новинари од тимот на Код кои се вработени во Канал 5, а кои заедно со Лупевска го направија трансферот од А1 во сегашната телевизиска куќа. Од следната недела, познатиот проект на истражувачко новинарство, воден од Снежана Лупевска, се сели на фреквенцијата […]

______________________________________________________________________________________________________

Опасност од ширење заразни болести по поплавите – ПРЕПОРАКИ за водата за пиење

Министерството за здравство упатува препораки за користење на водата за пиење во подрачјата кои се поплавени, со цел превенција и заштита од ширење заразни болести. – Доколку користат вода од приватен бунар или други приватни водоснабдителни системи кои не се под контрола на јавно претпријатие, жителите на поплавените населени места во овие подрачја треба да […]

______________________________________________________________________________________________________

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА во Источна Македонија!

Прогласена е вонредна состојба во источна Македонија. Прелеа браната Калиманци. Во браната дотекуваат околу 280 кубни метри вода. Кризниот штаб нареди итна евуакција во дваестина населени места по течението на река Брегалница. „Целата вода од браната сега завршува во реката. Наредуваме евакуација на граѓаните. Ова особено важи за старите и немоќни лица. Граѓните да ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Калиманци се прелеа – – силен бран кон Штипско се очекува по 20 часот

Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб, Миле Јанакиески повика итно да се евакуира населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница, пред се  во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. – Денес заедно со премиерот посетивме повеќе населени места во штипско, инаку се работи за браната Калиманци која започна со прелевање има […]

______________________________________________________________________________________________________

Излеани реки, непроодни патишта, села без струја- ова се најновите информации

Поради обилните врнежи од дожд и снег, кои вчера вечерта ја зафатија Македонија има излевање на неколку реки и непроодни се повеќе локални патишта. Центарот за управување со кризи, соопшти дека во општина Студеничани, сообраќајот се одвива отежнато кон селата кои гравитираат кон пониските делови на Китка, додека кон повисоките е во прекин. Без струја се населените […]

______________________________________________________________________________________________________

Се евакуира населението долж Брегалница

Министерот за транспорт и врски и шеф на Централниот кризен штаб, Миле Јанакиески денеска повика на итна евакуција на населението кое живее покрај коритото на реката Брегалница во општините Кочани, Чешиново-Облешево и Штип. -Се работи за 20 населени места кои постои можност да бидат на удар на невремето кое најмногу ќе се почувствува околу 20 […]

______________________________________________________________________________________________________

Експертите сметаат дека Заев треба да биде суден за велепредавство

Експертската јавност смeта дека лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да биде суден за велепредавство. Според нив, кривичните пријави против лицата инволвирани во акцијата „Пуч“, а посебно кривичната пријава против Заев, треба да бидат проширени за најмалку уште едно казниво дело, согласно Казнениот законик на Република Македонија, објави Курир. Според експертите, ако добро се анализираат […]

______________________________________________________________________________________________________

Стотина патници заглавија на Буково

Стотина патници утрово со часови останаа завеани на превојот Буково. Десетина излизгани шлепери околу 2 часот го блокираа патот Битола Охрид. Петнаесетината сантиметри снег повторно ги изненадија надлежните. Стотина патници утрово беа завеани на Буково, објави порталот „Охриднет“.  Околу 2 часот утрово на превојот Буково на патот од Битола кон Охрид автобусите полни со патници […]

______________________________________________________________________________________________________

Поплава во Охрид

Обилните врнежи од дожд и снег предизвикаа поплави во повеќе населби во Охрид. На улицата „Стив Наумов“ во населбата Лескајца поплавени се имоти и повеќе индивидуални куќи. Водата е навлезена во домовите, а жителите се обидуваат да спасат што може да се спаси-информира Охридњуз. Поплавени се повеќе куќи и во населбата „Билјанини извори“, каде жителите […]

______________________________________________________________________________________________________

Трајанов до Заев- објави ги сите информации

Во врска со презентираните информации за сомненија за обид за државен удар, Демократскиот сојуз укажува на потребата Министерството за внатрешни работи, Јавното обвинителство и Судот, да работат јавно и транспарентно и да ги објават сите релевантни докази и факти врз основа на кои се темели судската постапка против четири лица, меѓу кои и претседателот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Во прекин сообраќајот Маврово – Дебар, одрони кај Калиманци

Во целосен прекин е сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, поради лавина кај манастирот свети Јован Бигорски, соопшти Автомото сојузот на Македонија. Поради поголеми одрони на патот Кочани – Македонска Каменица од село Истибања до браната Калиманци, сообраќајот наместа се одвива по една коловозна лента. АМСМ на возачите им препорачува внимателно управување со возилата. На денешниот состанок и Координативното тело ја разгледуа состoјбата во кризите […]

______________________________________________________________________________________________________

Апел: Надоаѓа Брегалница,осигурајте ги вредните предмети и своите имоти

Министерството за транспорт и врски апелира жителите на Виница, Чешиново-Облешево, Кочани, Карбинци и Штип да ги осигураат вредните предмети на сигурни места и физички да ги обезбедат своите имоти зашто поради зголемување на нивото на водата во браната Калиманци, во вечерните часови се очекува излевање на водата од реката Брегалница. Како критични точки се утврдени […]

______________________________________________________________________________________________________

Калиманци ќе се прелее за 6 часа- Јанакиески заседава со кризниот штаб, Груевски на терен

Регионалниот кризен штаб е во континуирано заседавање во Штип. Во кабинетот на штипскиот градоначалник Илчо Захариев итно пристигна и Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој во координација со градоначалниците од регионот, МВР, АРМ и ЦУК ги разгледува најновите податоци за полнењето на браната Калиманци. Во Штип во секој момент се очекува да допатува […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Страшни слики од Штип – градот под вода

Реката Брегалница е излеана од своето течение и е поплавена целата трим патека во населбата 8ми Ноември, додека реката Отиње полека ги зголемува штетите по своето течение. Останува да чекаме на надлежните служби да утврдат дали повторно ќе има редуцирано движење на критичните места, особено на некои мостови.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1