Archive | Македонија RSS feed for this section

Матуранти, еве ги прашањата за екстерното тестирање

Прашањата што ќе бидат дел од тестовите при процесот на екстерно тестирање за учениците од завршните години во средното образование, се објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk Како што соопшти Министерството за образование и наука јавниот базен содржи 50.400 прашања, за гимназиско и стручно образование за сите струки, насоки и предмети, а се достапни на македонски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Дедомразовци ќе се тркаат во Скопје денес – еве каде

Во 12 часот утре на плоштадот Филип Втори, ќе биде означен стартот на првата Дедомразовската трка, во која ќе трчаат и Дедомразовци. Трасата е Плоштад Филип Втори, Македонски народен театар, Мост Гоце Делчев, булевар ВМРО, булевар Димитрие Чуповски, улица Македонија, Плоштад Македонија, Порта Македонија, до целта кај паркот Жена Борец. Градоначалникот на Град Скопје, Коце […]

______________________________________________________________________________________________________

Кингерот се урнал поради седум системски грешки

Експертот за воздухопловен сообраќај, Омер Кулиќ, денеска пред македонската јавност го презентираше извештајот за авионската несреќа во која пред десет година загина македонскиот претседател Борис Трајковски Според Кулиќ, истрагата покажала дека до несреќата дошло поради седум системски грешки, кои меѓу другото, се поврзани со недоволната обученост на пилотите да управуваат со авионот во лоши временски […]

______________________________________________________________________________________________________

Два дена по ред опасно ниво на јаглерод моноксид во скопско Лисиче

Две ноќи по ред е опасно нивото на јаглероден моноксид на мерната станица за воздух во Лисиче каде што индикаторот покажуваше црвен аларм. Загадувањето со јаглероден моноксид почнува во попладневните часови, околу 17 часот, и максимумот го достигнува околу полноќ.   До утро отровниот гас е на нормално ниво. Лисиче е единствената мерна станица во […]

______________________________________________________________________________________________________

Секоја 15-та Македонка е фригидна – Секој 10-ти Македонец импотентен

Секој десетти Македонец е импотентен, а секоја 15-та Македонка е фригидна. Експертите велат за да има мир во куќа потребна е квалитетна ерекција и добар сексуален живот. Како за пример кај нашите соседи Бугарите импотентностса е поголема, секој петти маж е импотентен. Еректилна дисфункција (ЕД) претставува постојана или привремена неможност на мажот да постигне или […]

______________________________________________________________________________________________________

30 тони месо кое ни стигнало од Данска на детална контрола – опасно по здравјето на македонските граѓани

Од триесет тони свинско смрзнато месо кое стигнало од Данска,  се земени примероци за анализа и во средината на следната недела ќе се добијат првичните резултати за тоа дали во истото има бактерија стафилококус ауреус или не, вели директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски, пишува Дневник. Ваквата контрола беше неопходна откако следуваше […]

______________________________________________________________________________________________________

Кулиќ: Пилотите почнале со слетување затоа што…

Пилотите кои го управуваа кингерот во кој загина претседателот Траковски ги следеле инструментите во кокпитот кои покажувале дека треба да се почне со процедурата за слетување, пишува Вечер. Инструментите биле исправни кога полетале од Скопје и Дубровник, но веќе пред Мостар едниот од нив давал погрешни информации. Овој извештај има многу заеднички со оној на […]

______________________________________________________________________________________________________

Умираме чекајќи чист воздух – 4 Македонци дневно умираат од загаден воздух

Чад, прав, мирис на изгорено, магла, слаба видливост, загриженост. Печат очите, гребе грлото, срцето стега. Надвор е кисело, горчливо и тажно. Децата ги нема на игралиштата, рекреативците ги напуштија патеките. Прашање е кога ќе почнеме да се гледаме низ маски преку носевите зашто Македонија се задушува. Како последица на загадениот воздух, по еден Македонец умира […]

______________________________________________________________________________________________________

Позната причината за пожарот во кој изгоре црквата „Св. Атанасиј Велики“

Позната е причината за пожарот кој избувна вчера околу 10 часот во црквата „Св.Атанасиј Велики“ во Богданци. Извршен е увид на местото на настанот при што било утврдено дека причина за пожарот била неисправна електрична инсталација. Пламените јазици ги зафатија сите просториипри што изгоре целата црква.  За среќа, во пожарот нема повредени лица.

______________________________________________________________________________________________________

Уникатно просење во Прилеп: Дедо мраз си ја запроси девојката (Фото)

Интересно и несекојдневно запросување се случи во центарот на Прилеп пред неколку денови кога Ристе од Струмица облечен како Дедо Мраз и приреди убаво изненадување на прилепчанката Дијана, пренесе порталот Шеталиште.ком  

______________________________________________________________________________________________________

Колку чини Нова Година во Истанбул, во Бугарија, Дубаи – а колку во Македонија

Истанбул и Париз се најатрактивните дестинации за Македонците за пречек на Новата Година. Покрај нив, интерес има и за Прага, Будимпешта, Виена, Барселона и Дубаи. Сепак, најголем дел за новогодишните празници ќе останат во државата. Почетните цени на аранжманите се движат од 250 евра за Истанбул со вклучен авионски превоз, за каде новогодишното патување со […]

______________________________________________________________________________________________________

Платите на македонските директори 4.000 евра месечно

Заради нетранспарентноста на акционерските друштва по ова прашање, во Македонија речиси е невозможно да се дознаат висините на платите на главните извршни директори. Неофицијално, тие изнесуваат во просек околу 50.000 евра годишно, со се бонуси  и се меѓу најниските директорски плати во Европа, пишува Капитал.мк. Околу 50.000 евра на годишно ниво во бруто износ, или нешто […]

______________________________________________________________________________________________________

5 илјади евра казна за пуштање малолетник во обложувалница

Пет илјади евра глоба за приредувачите на игри на среќа кои ќе дозволат влез во просториите на лице по 18 години, се предвидуваат со измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кои се во владина процедура. Според предложените измени новина е тоа што се засилуваат овластувањата на Управата за јавни приходи […]

______________________________________________________________________________________________________

Три години ќе биде блокиран кејот од Камени до Гоце Делчев

Во следните три години кејот од Камени мост до мостот Гоце Делчев ќе биде блокиран. Тој е веќе заграден за изградба на панорамското тркало и ќе остане така сè додека не заврши изградбата. До пред извесен период имаше монтажен мост за пешаците да можат од Камени мост покрај оградата на кејот да стигнат до мостот […]

______________________________________________________________________________________________________

Штедачите на ТАТ извисија и во Стразбур

И по седумнаесет години, сагата за пропаднатата штедилница ТАТ продолжува. Европскиот суд за човекови права во Стразбур, не ја прифати жалбата на штедачите од трите пропаднати штедилници, ТАТ, “АЛФА С“  и “Лавци“, кои што се жалеа дека не можат да ја истераат својата правда поради немање пристап до македонските судови. На денешниот прес, татовци рекоа […]

______________________________________________________________________________________________________

Забрана за камиони кај Стража

Од 18 часот вчера е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража каде што има задржување на снег на коловозот. Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Неготино-Демир Капија е намалена на 50  до 100 метри. Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво време не очекува викендов?

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, а во раните утрински часови се уште ќе има врнежи претежно од снег. Преку денот ќе има намалување на облачноста, ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од минус четири до […]

______________________________________________________________________________________________________

Изгоре православната црква во Богданци, иконите спасени

Денеска претпладне избувна пожар во православната црква Св. Атанасиј Велики во Богданци. Пожарот избувнал во внатрешноста од црквата и набрзина се проширил на кровната конструкција. Благодарение на свештениците, но и месното население сите икони од црквата се спасени, но не и поголемиот дел од инвентарот. Во гасењето на пожарот учествувале противпожарни возила од Гевгелија, месното […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1