05/12/2014 21:31
•
Posted by: MK News
Жолто златно поле на кое ќе има разгневен црвен лав ќе биде новиот државен грб на Македонија. Владата на Република Македонија на владина седница го усвои нацрт- законот за државен грб, по што ќе следи јавна расправа. Со новиот државен грб се очекува да се постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои ги содржи. Новиот грб ќе […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 13:29
•
Posted by: MK News
Aвтомобил утринава се движел во спротивен правец на автопатот Скопје – Велес. Полицијата го запрела на излегување од тунелот. Возачите велат дека ова е чест случај на оваа делница. И во полиција имало неколку пријави за возачи, и со домашни и со странски регистарски таблички кои се движат во спротивен правец на овој автопат. Фотографијата […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 13:17
•
Posted by: MK News
Денес, околу 11 часот, во подрумските простории на ООУ „Јан Амос Коменски“ во работилницата за училишен инвентар избил пожар со мали размери, кои обезбедувањето и вработените веднаш го изгаснале, соопштија од Општина Карпош Учениците веднаш биле евакуирани и освен што се преплашени, нема повредени. обезбедувањето и тројца вработени се симнале во работилницата, каде со училишниот […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 12:41
•
Posted by: MK News
Двајца рудари се повредени во експлозијата што се случи утринава во рудникот за олово и цинк во Пробиштип. Тие веднаш се пренесени во Клиничкиот центар во Штип. Повредени се 42- годишниот Д.З. и 49- годишниот З.Т. од Пробиштип. До несреќата во рудникот Добрево дошло поради невнимание при ракување со експлозиви од страна на еден од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Конечно, Македонците без бугарски пасош можат да работат во Норвешка, Шведска и Германија, пишува ЗаСе. Со посета на сајтот, ec.europa.eu/eures, можете да најдете вработување на еден од огласите кои се објавени. За да се замине во Шведска, потребен е само пасош, а останатите услови се договараат со работодавецот. Според претставникот на Шведската амбасада во Хрватска, за во […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Сите коишто ќе бидат повикани на покана на Основниот суд Скопје 1 Скопје, а нема да се јават во судот, ќе ги платат трошоците за нивното доведување, за одложување на главата расправа или други трошоци во постапките кои ќе произлезат поради нивното неоправдано отсуство, соопштија во четвртокот од Судот. „Без разлика дали станува збор за […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Корсата настрада откако миксер за бетон се решил среде раскрсница да стави во рикверц. Foto – Press24
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Македонскиот ракометар Кирил Лазаров (Барселона), е прогласен за најдобар десен бек на светот за 2014 година, според изборот на интернет-страницата специјализирана за ракомет „Хандбал Планет“ Жирито составено од 24 ракометни новинари од цел свет, како и од публиката, која во огромен број (повеќе од 170.000 гласови), го искажа своето мислење, донесе одлука дека Французинот Никола […]
______________________________________________________________________________________________________
05/12/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Пообилни врнежи , а од понеделникпостепено паѓање на температурите и снег на планините, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Утре, особено во ноќните часови, врнежите од дожд ќе бидат пообилни и наместа ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен. Во сабота локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе има услови за ретки грмежи. Претежно облачно […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 21:21
•
Posted by: MK News
Нацрт-извештајот за авионската несреќа, во која пред речиси 11 години загина претседателот Борис Трајковски, е готов. Неофицијално, втората истрага за авионската несреќа покажала дека осуммина кои биле во авионот починале од експлозијата – од изгореници, како последица на јак оган, и од задушување, пишува Вест. Еден од двајцата задолжени за обезбедување на Трајковски, по експлозијата […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 15:00
•
Posted by: MK News
Последен ден за гласање за ракометар на годината според специјализираниот ракометен портал „Handball – planet“.Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е во потесниот избор, гласајте!!! ЛИНК ЗА ГЛАСАЊЕ
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 14:21
•
Posted by: MK News
Омер Кулиќ – шефот на меѓународниот тим што изврши повторна истрага за авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски го предаде нацрт- извештајот на овластениот претставник на Република Македонија, Сотир Костов, за повторената истрага за падот на авионот. Извештајот ќе биде разгледуван од надлежните во земјава во наредните 20 дена, по што ќе следува […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 14:17
•
Posted by: MK News
Кога ќе излезам од затвор ќе ве исечам на парчиња, ќе ви ставиме бомба и вие ќе летнете, ова се дел од заканите коишто осудените во случајот „Детонатор“, Јорданчо Михајлов и Жан Железарски и’ ги упатиле на судијката во овој случај, Весна Димишкова при објавувањето на пресудата на 24 декември 2013 година. Осудените во четвртокот […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 12:44
•
Posted by: MK News
Празникот „Св.Климент Охридски“ – 8 Декември (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и социјална политика. Од Министерството на граѓаните на Република Македонија им го честитаат празникот.
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Бранислав Синадиновски не е православен Албанец, туку обичен измамник. Ова го тврди родената сестра на Синадиновски, Лилјана Синадиновска – Андреевска, докторка специјалист по епидемиологија. Синадиновска во изјава за АЛСАТ М вели дека нема ништо против Албанците, ги почитува како народ, но реагира против злоупотребата на името на семејството за личните политички и финансиски цели на […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 09:35
•
Posted by: MK News
На 8 декември, во понеделник следи уште еден неработен ден и тоа за сите граѓани на Македонија. На овој ден се празнува Св. Климент Охридски . Тоа е последен неработен ден за сите граѓани на Македонија. До истекот на оваа година, слободни денови ќе имаат уште католиците и тоа на 25 декември за првиот ден Божик и […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Ова бесценето парче е краток документарен филм од 1972 година, кога возот „Ќиро“ сеуште сообраќал до Охрид. Филмот е посветен на еден кондуктер, Петар Михајловски, од Охрид, за неговиот живот, предизвици и вредностите на времето во кое живеел. И секако нераскинливата врска на човекот од овие краеви со малото чајниче кое значело многу во тоа […]
______________________________________________________________________________________________________
04/12/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Опозицискиот лидер преку посредници го молел Али Ахмети да излезе од владината коалиција, објави Алфа. Партиски извори откриваат дека тој тврдел оти ќе објави некои информации за владата кои ќе создадат тензии. Опозицискиот лидер преку посредници го молел Али Ахмети да излезе од владината коалиција, дознава Алфа. Партиски извори откриваат дека тој тврдел оти ќе […]
______________________________________________________________________________________________________