Archive | Македонија RSS feed for this section

Со пластично столче го спасил соседот да не умре од струен удар

Тетовецот М.И. (53) лесно можел да загине од струен удар ако присебниот сосед не дошол навреме да му помогне и со пластично столче да ја отргне жицата од телото на жртвата. Вистинска драма се случувала завчеравечер, околу 23.30 часот, во дворот на тетовецот М.И. Тој вечерта се обидел да ја отстрани металната жица во дворот, […]

______________________________________________________________________________________________________

Нов луна-парк во Скопје ќе се гради со државни пари

Владата ќе одвои пари за изградба на современ забавен парк во Скопје. Постои начелна согласност изградбата на луна-паркот да биде реализирана и финансирана во соработка меѓу Градот Скопје и Владата, потврди  владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев. Овие најави доаѓаат откако пред неколку месеци пропадна третиот обид на Град Скопје да најде домашен или странски концесионер кој […]

______________________________________________________________________________________________________

„Со кајче до дома“ – дождот во Охрид

Нов дожд стара мака. Жителите од колективните згради на ул. „Карпош Војвода“ и натаму се соочуваат со проблеми при пообилни врнежи, како што е случај деновиве. Циклонот „Симеон“ создаде езерце пред влезовите на зградата, па доколку паркирате од спротива на влезот за да стигнете до дома ќе ви треба кајче, иронично коментираат жителите на зградата. […]

______________________________________________________________________________________________________

Бучковски: Правдата ќе ја барам на Врховен суд

Поранешниот премиер и министер за одбрана Владо Бучковски денеска ја доби пресудата од Апелациониот суд кој му додели две годишна затворска казна за случајот со злоупотреба на тенковски делови. – Седум години трае овој судски процес, седум години ја барам правдата, но ја нема. Полесно ќе најдев игла во пласт сено. Како и да е, […]

______________________________________________________________________________________________________

Три сендвичарници со фекални бактерии затруја 64 лица

Сендвичи со фекалии деновиве ги затруја скопјани. Билансот засега е 64 лица, од кои дел завршија на Инфективна. Според резултатите добиени од Центарот за јавно здравје во Скопје, во сенвичарницата во Драчево, од која се затруја 50 лица, во храната, но и на работните простории се најдени бактерии коишто се индикатори на фекално загадување. Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес повторно ќе истура

Повремени врнежи со локални грмежи ќе има до крајот на неделата. УХМР најави и позначителен пад на дневната температура, од 20 до 26 степени. Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и грмотевици. Локално се очекува да наврнат и до 25 литри дожд на метар квадратен. Во вечерните […]

______________________________________________________________________________________________________

Клуч на врата за позната сендвичара во центарот на Скопје – луѓе се пожалиле на труење

Државниот санитарен инспекторат превентивно ја затвори познатата скопска сендвичарница во центарот на градот, откако семејство од Штип се пожали дека се затруло со нивната храна. За случајот не се откриваат повеќе информации. Семејството пред неколку дена се пожали дека позната сендвичара во центарот на Скопје им продала расипана храна а тие по консумацијата, морале да […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Скопје ли е, Кина ли е?

Видеото е направено од читател на Srekja.mk, а локацијата е кај соборниот храм во центарот на Скопје. http://www.srekja.mk/wp-content/uploads/2014/09/hd-soborna.mp4

______________________________________________________________________________________________________

Точно знаеме како загина Борис Трајковски, вели шефот на истрагата, Кулиќ

Шефот на повторената истрага за авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски, седуммина членови на делегацијата и двајца пилоти, Омер Кулиќ, во текот на овој месец ќе ги соопшти резултатите од истрагата. Кулиќ за „Вест“, изјави дека сега се знаат актерите и одговорните авторитети поврзани со падот на претседателскиот „кингер“, а наскоро јавноста ќе ги дознае […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобили „пливаат“ во поплавата кај „Рамстор“ (Фото)

Дождот кој истура веќе неколку часа во Скопје предизвика застој и долги колони во сообраќајот. Возилата едвај се пробиваа низ тесните грла по улиците, а речиси невозможно беше да се отплетка сообраќајниот јазол во самиот центар, пред Собранието и кај „Рекорд“. Со долги чекања и со постојани застанувања возилата го поминуваа патот од Црвен крст […]

______________________________________________________________________________________________________

Следниот понеделник е неработен ден

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 8 септември 2014 година (понеделник), Денот на независноста е неработен ден за граѓаните на Република Македонија.  Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита […]

______________________________________________________________________________________________________

Фекални бактерии најдени во сендвичарницата во Драчево

Во сендвичарницата во Драчево се најдени фекални бактерии, потврдија за zdravstvo24.mk од Центарот за јавно Здравје-Скопје. По добиените информации од Инфективната клиника дека има масовно труење од храна, а пациентите наведувале исто место од кое јаделе епидемиолози од скопскиот Центар за јавно здравје во средата зеле 7 мостри од работните поврешини во сендвичарата, 5 примероци […]

______________________________________________________________________________________________________

Апелација донесе пресуда – 2 години затвор за Бучковски

Апелациониот суд во Скопје ја намали за една година затворската казна за поранешниот министер за одбрана Владо Бучковски кој, за злоупотреба со тенковски делови, беше осуден на три години затвор. Од Основниот суд 1 соопштија дека на Бучковски и на поранешниот началник на генералштабот Методија Стамболиски им се досудени затворски казни од по две години. […]

______________________________________________________________________________________________________

Се поплави Битолската болница – под вода амбулантите (Фото)

Поројните дождови, ги наполнија со вода подрумските присторири на битолската клиничка болница „Др. Трифун Пановски“. Дел од пациентите што биле во болницата, велат дека станува збор за високо подземје каде што се сместени дневните амбуланти за ехо прегледи, гастроскопија , а таму е сместен и апаратот за магнетна резонанца. Пацинетите мораа да минуваат низ водата […]

______________________________________________________________________________________________________

Пукна потпорен ѕид на градилиштето зад Рамстор

Пукна потпорниот ѕид на градилиштето позади Рамстор. Силниот тресок ги вознемири жителите во околните згради. Се работи за ѕидот каде што ќе поминува новиот булевар. извор: Република    

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Скопје под вода – Блокиран сообраќајот кај Стоковна куќа Мост

Невремето кое попладнево го зафати Скопје направи хаос во центарот на градот и го отежна сообраќајот. Полицијата го забрани движењето по улицата кај Стоковна куќа Мост, меѓу трговскиот центар Мавровка и мостот Гоце Делчев во Скопје, затоа што буквално е потопена од дождот.  Фото – Прес24

______________________________________________________________________________________________________

Невремето го поплави и Тетово

Тетово денес го зафати пороен дожд кој предизвика поплави на централните улици на градот и го отежна движењето на автомобилите и пешаците. Дел од булеварот Благоја Тоска денес беше целосно поплавен. Најкритична точки беа крстосниците кај касарната и кај Зелениот пазар во Тетово, јавува ТВ Кисс. Автомобилите пливаа во вода поради високото ниво на вода […]

______________________________________________________________________________________________________

Силен дожд и грмежи во Скопје (Фото)

Околу 15:30 Скопје го зафати силно невреме, со ветер и силен дожд кој ги поплави улиците и нанесе штети на неколку дуќани во централното градско подрачје. Сите улици во Скопје, но и во други градови низ Македонија се под вода од силниот дожд проследен со грмежи кое го донесе новиот циклон наречен Симеон. Метеоролозите и […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1