11/04/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Една жена од Бразил даваше изјава за порастот на криминалот во Рио Де Жанеиро, а токму во тој момент крадец и го украде ланчето околу вратот. Иако момчето успеа да побегне, подоцна полицијата го привела.
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Вистински хорор го потресе светот. 16-годишниот Алекс Хрибал е момчето кое иако сите го познаваат како мирен и тивок ученик, влегол во училиштето каде учи и избодел 22 соученици со нож. Сите ученици кои ги избодел имаа 14 години, пренесува Си-Ен-Ен. Од училиштето велат дека момчето постојано било мирно, тивко и повлечено, не му се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 11:00
•
Posted by: MK News
Во наредните недели оние кои ќе сакаат да продолжат да “чатуваат“ со своите пријатели на Фејсбук, ќе мора да имаат инсталирана Месинџер апликација. Фејсбук ја тетсираше новата функција за својот Месинџер месеци наназад, а сега оваа социјална мрежа го исфрла комплетно “чeтот“ од својата главна апликација. Марк Цукерберг уште лани најави дека ќе ја исфрлат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Научниците не успеаја да најдат доказ дека пергаментот за сопругата на Исус е фалсификат. Имено професорката на Харвард Карен Кинг во септември 2012 година на конференција во Рим претстави древен пергамент, сега познат како „Евангелие на сопругата на Исус“. Пергаментот содржи реченица во која Исус, обраќајќи им се на своите следбеници, зборува за својата жена, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 10:30
•
Posted by: MK News
Се започна со статусот на Darko Lesoski а потоа лавина од реакции, коментари.. едни го фалат други по него со дрва и камења.. ви го пренесуваме неговиот статус како и дел од реакциите на јавни личности од Македонија Јакна ми украдовте, мастика (бубле гуме по вашки) ми залепивте на омилените фармерки и тоа од позади на џеб […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 10:15
•
Posted by: MK News
Командатот на НАТО во Европа, генерал Филип Бридлав, ја обвини Русија за распределување на трупи долж руско-украинската граница. На сателитските снимки се гледаат тенкови, авиони и борбени хелихоптери. Дали војната е се поизвесна? Русија значително го засили своето војно присуство на границата со Украина, изјави командатот на НАТО во Европа, Филип Бридлав, а како доказ […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 10:00
•
Posted by: MK News
Се сеќавате ли на масовните хистерии од пред неколку години дека ќе испоцркаме од свински тоест птичји грип? Се сеќавате ли како најважното глобално прашање тогаш беше која држава колку резерви од спасоносниот лек Тамифлу набавила? По 4 години клинички тестирања, утврдено е дека лекот е гола вода, пренесува Офф нет Само британската влада потрошила […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Теодосија Јанкулоски е најстариот младоженец во Македонија. Тој деновиве стапи во брак со Стојмирка Сиљаноска во матичното одделение во село Самоков, пишува Нова Македонија. Младоженецот е роден во 1923 година и пролетва наполни 91 година, додека Стојмирка е 20 години помлада и таа летово ќе наполни 71 година. И двајцата зад себе имаат по еден брак […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:36
•
Posted by: MK News
Над 40.000 куни (околу 320 илјади денари) заработила група од 16 гробари вадејќи скапоцени предмети од гробовите на покојниците во Загреб. Како што јавуваат хрватските медиуми, случајот во полиција го пријавиле златарите каде го продавале златото. Според информациите, гробарите краделе се што ќе најделе во гробот. Се случувало и со клешти да вадат златни заби […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Град Скопје избра фирма која ќе ги изведува градежните работи при реконструкцијата на фасадите на улица Македонија во неокласичен стил, објави порталот Плус инфо. Градот склучил два договори со гостиварската градежна фирма „Пелагонија“ и еден со скопската фирма „Бауер БГ“. Барокизацијата на оваа пешачка зона, ќе почне со фасадите на три објекти, а според договорите, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Митинг во општина Карпош вчера одржа кандидатот за претседател на ГРОМ, Зоран Поповски, кој имаше и средби со граѓани на општина Аеродром. Во Аеродром ден претходно имаше и митинг на кој вети независна и одговорна администрација, нови правила на игра во економијата, разбирање и демократија. – Македонија ќе ја развиваме како демократска земја преку вистински […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Во претстојниот период до 2015 година, во рамки на предвидениот буџет ќе воведеме телефонска линија за медицински совети – проектот го нарекуваме – АЛО ДОКТОРЕ. Овој проект го предвидовме како повикувачки центар кој ќе пружа советодавни услуги и упатства за сите граѓани на Македонија, за кои не е неопходен итен медицински третман, односно во случаи на настинки, […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:10
•
Posted by: MK News
Само по два месеца од официјалното пуштање во употреба на најатрактивниот споменик во Македонија, фонтаната „Воин на коњ“, беше искршен мермерот на скалите околу фонтаната, а случката сѐ уште нема разврска. Беше скршена и раката на „Шмизлата“ на улицата Македонија и исчкртана статуата на Венера во градскиот парк. Градските власти велат дека, и покрај сите […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:05
•
Posted by: MK News
„Мојот концепт се базира на еднаквост и рамноправност. Кај мене најпрвин си човек, па потоа се’ друго“, им порача Пендаровски на жителите на Алдинци, Норово и Лажани Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, очекува резултатот од исходот од локалните избори во Центар минатата година да се мултиплицира во цела Македонија и на 13 и на […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 09:00
•
Posted by: MK News
За овие пет години покажав дека со работа, со труд, со чесност и искреност, се добива и се оправдува довербата на граѓаните, потенцира претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ, Ѓорге Иванов на митинг во Демир Хисар, искажувајќи благодарност што пред пет години, тие дале повеќе гласови за него, отколку за кандидатот на опозицијата. – Се […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 08:50
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател на Македонија од редовите на ДПА Илијаз Халими вечерва во Тетово побара поддршка за влез во вториот круг на претседателските избори. – Ја прифатив кандидатурата бидејќи во ДПА сметавме дека е подобро да имаме кандидат на претседателските избори бидејќи со бојкотот не може да ги сопреме ни Иванов ни Пендаровски во нивната […]
______________________________________________________________________________________________________
11/04/2014 08:40
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно и малку постудено, наместа со кратки сончеви периоди, но и со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места особено во западните делови ќе има врнежи од дожд и снег Пообилни ќе бидат врнежите особено во западните и југозападните делови на земјава, а […]
______________________________________________________________________________________________________
10/04/2014 22:31
•
Posted by: MK News
Популарниот српски пејач Жељко Јоксимовиќ попладнево доби син. Неговата сопруга, познатата водителка, Јована Јоксимовиќ денеска во 18 часот на свет ја донесе нивната принова. Таа роди машко дете. Парот веќе одлучил, детето да се вика Коста.
______________________________________________________________________________________________________