25/03/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Од почетокот на годинава се регистрирани 19 случаи на мали сипаници, речиси сите се потврдени и лабораториски, дознава zdravstvo24 од извори од Институтот за јавно здравје. Пријавени се и неколку случаи со клиничка слика на морбили, но за нив се чека лабораториска потврда. Минатата недела во Скопје биле евидентирани и два поврзани случаи на морбили. […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 09:20
•
Posted by: MK News
Модната куќа Елена Лука имаше необична фотосесија во која освен убавата манекенка Нарциса улога имаше и коњот Дона. Граѓаните на плоштадот Македонија беа воодушевени од глетката и не им беше верно дека и кај нас може да има вакви фотосесии по тертипот на модните дизајнери од Париз или Милано.Убавата манекенка му пркосеше на ветрот и […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 09:15
•
Posted by: MK News
Американскиот претседател Барак Обама и другите светски лидери одлучија да стават крај на улогата на Русија во групата на водечките индустријализирани земји, соопшти Белата куќа. Овој потег да го суспендира членството на Русија во Г-8 е најнов директен одговор од главните земји во сојуз против руската анексија на Крим. “Меѓународното право забранува стекнување на дел […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 09:05
•
Posted by: MK News
Спортскиот центар „Јане Сандански“ кој треба да никне на нејзиното место. Со изградбата на салата, Скопје ќе добие нов модерен и современ спортски центар. Еве како ќе изгледа овој објект. Фото – СкопјеИнфо
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Куче-скитник по втор пат во период од една година каснало и повредило 16-годишно девојче во населбата Аеродром во близина на поликлиниката Јане Сандански”. Скопјанката Билјана Е., која се пожали на дивите кучиња во Аеродром и која била сведок на случката, вели дека настанот се случил неделава, кога и таа едвај се спасила од групата од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 08:50
•
Posted by: MK News
Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Зоран Поповски, претседателската кампања ја започна од скопската населба Карпош. “Почитувани присутни, сакам да ви предочам дека како претседател на Република Македонија ќе бидам стожер на државноста и на демократијата и на совеста на граѓаните преку заштита на името на државата и на националниот идентитет […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 08:45
•
Posted by: MK News
Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид ја почна кампањата за претседателските избори – Народоте нашата сила, народот ја прави Македонија тоа што е. Големината на нашата држава не е во нашите пропорции, туку во нејзините луѓе, нивната жилавост, во нивниот порив и посветеност, нашиот народ е нашата држава. Од Охрид ќе почне […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 08:35
•
Posted by: MK News
„Јас опстанав и ќе опстојувам понатаму во политиката. Некогаш со помалку, некогаш со повеќе гласови. Но ти си дојден во политиката со крвта на млади луѓе“, му порача лидерот на ДПА Мендух Тачи на првиот човек на ДУИ Али Ахмети вечерва на стартот од претседателската кампања на нивниот кандидат Илјаз Халими од скопски Чаир. Од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/03/2014 08:30
•
Posted by: MK News
Претседателскиот кандидат на СДСМ Стево Пендаровски вечерва од промотивната конвенција во Универзална сала порача дека еднаквоста, слободата и правдата ќе бидат основните начела од кои нема да отстапи – Тоа се темелни вредности поради кои нема да правам компромиси со ниту една политичка сила. Македонија не заслужува да биде роб на нечии неразумни стравови и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 23:32
•
Posted by: MK News
Изгасени светла – краток хорор филм
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 22:28
•
Posted by: MK News
54-годишна жена попладнево си го одзема животот фрлајќи се од т.н. докторска зграда која се наоѓа веднаш до Клиничката болница во Битола. Според информациите од полицијата, станува збор за 54 годишната Ј.М која не живеела во зградата од која се фрлила. На лице место пристигнала медицинска екипа и откако констатирала смрт, телото е предадено на […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 21:01
•
Posted by: MK News
На Ју тјуб е поставена снимка од телефонски разговор направен на 18 март меѓу бившата премиерка на Украина Јулија Тимошенко и поранешниот заменик секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Нестор Шуфрич. Тимошенко вели дека ќе ја срамни Русија со земјата, а Русите ќе ги испоубијат. Ќе зграбам оружје и ќе му пукам во чело […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 20:13
•
Posted by: MK News
Патнички авион на малезиската компанија „Малезија ерлајнс“ мораше денеска принудно да слета на аеродромот во Хонг Конг, поради проблеми во снабдувањето со струја. Авионот Ербас 330-300 со 271 патници полетал од малезискиот главен град Куала Лумпур, за Инчун во Јужна Кореја, кога во реонот над Јужното Кинеско Море се појавиле проблеми со генераторот за снабдување со […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 19:03
•
Posted by: MK News
Поранешниот лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, нема да присуствува на вечерашната конвенција на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски. Во кабинетот на Црвенковски за плус инфо ни ја потврдија веста икажаа дека причина за отсуството на Црвенковски е тоа што не е поканет. – Нема никаква друга причина, ниту сoмневања дека Пендаровски ја ужива подршката […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 18:32
•
Posted by: MK News
Во близина на Радовиш попладнево се случила тешка сообраќајна несреќа, во која, според првичните информации загинале тројца луѓе, а двајца се потешко повредени. Сообраќајката се случила на магистралниот пат Струмица – Радовиш околу 15 часот и 30 минути, а се судриле Мерцедес и Шкода Октавија. Како што пренесува Вис, двајца од починатите, според неофицијалните информации […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 17:24
•
Posted by: MK News
Големата трагедија која ја потресе Македонија, откако скопјанец претепа тригодишно бебе до смрт, се случила бидејќи детенцето се измокрило на тепих! Како што јавува Канал5, соседот на малото бебенце решил да крене рака на него и да го претепа со електричен кабел бидејќи тоа се изомкрило на тепихот во собата. -Двајцата осомничени маж и жена […]
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 16:59
•
Posted by: MK News
Летот МХ370 е изгубен и најверојатно никој од 239-те патници и членови на екипажот не преживеал, соопшти компанијата „Малезија ерлајнс“. Со длабоко жалење, според најновите податоци, мораме да заклучиме дека летот МХ370 завршил во јужниот Индиски океан, изјави малезискиот премиер Најиб Разак на вонредната прес конференција. По кратката изјава, премиерот одби да одговара на прашања.
______________________________________________________________________________________________________
24/03/2014 15:42
•
Posted by: MK News
Бензините поевтинуваат за половина денар, дизелот за два денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати. Со тоа цената на литар ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78 денари, а литар ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се точи за 79,50 денари. Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 2 денари по литари ќе се […]
______________________________________________________________________________________________________