08/01/2013 15:34
•
Posted by: MK News
Уште само 2 дена до крајниот рок (10ти Јануари) за пријавување за сите заинтересирани кои сакаат да поминат една година во Словачка и бидат дел од Младинскиот информативен центар во Крпина!
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 15:18
•
Posted by: MK News
25 годишна Гркинка ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 14:47
•
Posted by: MK News
Собранието излезе со список на евидентираната штета направена при инцидентите во собраниската сала на 24 минатиот месец. Тогаш, соопшти собраниската прес-служба, беше нанесена и поголема штета на севкупната техника која овозможува нормално функционирање и реализирање на една пленарна седница.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 14:42
•
Posted by: MK News
Месарниците веќе нема да смеат да продаваат мелено месо. Тие ќе мора да го мелат месото во присуство на купувачот. Ова се новите правила на Агенцијата за храна.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 14:21
•
Posted by: MK News
350 килограми дрога што беше запленета во денешната акција на МВР била транспортирана во редовна пратка со камион со душеци за спиење.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 14:15
•
Posted by: MK News
Ах тоа мајчинство – глумицата Рејчел Донован во новата реклама за Фиќо рапува и зборува за мајчинството. Рекламата за “Fiat 500 L” стана вистински хит на интернет.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 13:59
•
Posted by: MK News
Граѓанското движење Рaзбуди се ќе ги тужи сите институции и нивните правни субјекти кои што не го почитуваат законот за употреба на албанскиот јазик и не користат двојазичност во своите ознаки и натписи.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 13:46
•
Posted by: MK News
Хилари Клинтон се врати на работа по боледувањето. Колегите ја дочекаа со подароци.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Десетина лица се уапсени , а запленети се и околу 350 килограми марихуана во полициски акции кои од утрово се спроведуваат во скопските села Арачиново и Сингелиќ.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 12:42
•
Posted by: MK News
Специјалните единици на МВР од изутринава се во Синѓeлиќ и Арачиново, се работи за голема меѓународна акција за шверц на дрога.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 12:37
•
Posted by: MK News
,,Немав никакви сеќавања на мојот живот на Земјата. Пред мене се создаде голема, вистинска врата, преминот беше полн со цвеќиња и насекаде имаше пеперутки, ангели летаа, а душите танцуваа. Таму имаше бои и надвор од спектарот на виножитото. Немаше страв, ниту каква било болка, сведочи Ибен.,,
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 12:28
•
Posted by: MK News
Ноќта на 6. јануари, биле ограбени канцелариите на “Палма-трејд” во комплексот “Рамстор” во Тетово.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 11:30
•
Posted by: MK News
90 годишен човек од Судиска Арабија купил 15 годишно девојче да му биде невеста.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 11:15
•
Posted by: MK News
Не чекаат уште потопли лета, поради климатските промени и мора да научиме да се адаптираме на таквото време, вели првиот од Македонија кој работи во центаралата на СЗО, Доктор Владимир Кендровски
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Во светот сите се пренасочија на ,,натрупување,, златни резерви, но во Македонија продавањето на накитот кој некогаш го давале семејствата за свадби и други веселби е единствен начин да се собере некое денарче плус и да се истурка месецот.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Изминатава 2012 беше година на сериозен тест на верскиот соживот во Македонија, вели претседателката на комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска во интервју за прес24.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Најновата статистиката покажува дека секоја недела се дијагностицира нова пациентка со канцер на дојка во Битола, пишува Радио Слободна Европа. Досега, заболените примаа хемотерапија во Центарот за онкологија во Битола, а се зрачеа во Скопје.
______________________________________________________________________________________________________
08/01/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Многу луѓе ќе потрошат часови, денови се со цел да проценат дали нивниот брак ќе трае, па најчесто го анализираат партнерот, неговите постапки, однесување, интензитет на љубовта, привлечноста или љубовта кон децата, но формулата по која може да се дознае дали вашиот брак ќе трае е многу едноставна.
______________________________________________________________________________________________________