Видео: Самурај пресече куршум со меч
______________________________________________________________________________________________________

Рекордни 40.000 Холанѓани се капеа во леденото Северно море, што е традиција да се прави на првиот ден од новата година.
______________________________________________________________________________________________________
Министерството за труд и социјална политика, соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 6 јануари 2013 година (недела), Бадник, ден пред Божиќ, е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.
______________________________________________________________________________________________________
Според некои истражувања и статистики денес 2-ри јануари, отприлика околу 21 часот е најдоброто време да си најдете партнер на интернет.
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
Noe Hernandez е во критична состојба. Освојувачот на сребрен медал во одење на олимпијадата во Сиднеј 2000 е ранет во ноќен клуб во инцидент во кои двајца се убиени.
______________________________________________________________________________________________________
25 годишен Хрват кој се разделил со сопругата пред новогодишните празници, го обесил своето две годишно синче, а потоа се обесил и самиот.
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
______________________________________________________________________________________________________
Букурешт, 2 јануари 2013 (МИА) – Расипана риба и лешници со црви им биле сервирани на приближно 600 лица во Романија, кои одлучиле Нова година да ја пречекаат во некогашната Палата на социјалистичката република во селото Подари, на брегот на реката Жиу, соопштија романските весници.
______________________________________________________________________________________________________
На втори јануари се празнува Свети Игнат, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година.
______________________________________________________________________________________________________
Мајката на 13-годишниот Greg Hofmann му подари ајФон, меѓутоа кога го отворил подарокот следело изненадување – имало договор со 18 точки на кои грег морал да се сложи. Мајката до крајни детали ги разјаснила условите за користење на новиот паметен телефон.
______________________________________________________________________________________________________
Саша е првото бебе родено во Франција на 1 јануари 2013 во една минута по полноќ, а се роди во болницата Мулан во Алие. Саша има и една друга карактеристика, тој има две мајки, Мод и Делфин, јавува дописникот на МИА од Париз.
______________________________________________________________________________________________________
Милан Ѓошев, 90-годишен жител на штипското село Драгоево стана медиумска ѕвезда во 2012, кога повикал мртовечка кола за се’ уште живата жена, за секој случај да не умре додека селото е завеано со снег па да неможе да викне погребно претпријатие.
______________________________________________________________________________________________________
Во новогодишната ноќ ширум Франција биле запалени 1.193 празни, паркирани автомобили, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Мануел Валс, пренесоа агенциите.
______________________________________________________________________________________________________
Според шпанскиот весник АБЦ, што се повикува на свои извори, претседателот на Венецуела, Уго Чавес, кој на почетокот на декември беше подложен на онколошка операција, веќе неколку дена се наоѓа во состојба на вештачки предизвикана кома, пренесоа светските агенции.
______________________________________________________________________________________________________
По 2011 година која беше одбележана со бунтови, почнаа да се чувствуваат последиците од тие бунтови. Се разгоре состојбата и во Појасот Газа, а Сирија стана најголемо кризно жариште во светот.