Archive | Балкан RSS feed for this section

Милан Калиниќ предизвикал сообраќајка, повредени унгарски државјани

Три лица се повредени, две потешко и едно полесно при судар на возило џип и патнички автомобил со унгарски регистарски таблички, вчера околу пладне кај местото Дупци, на патот кон Копаоник во Србија. Според српскиот портал „Курир“, до несерќата дошло кога познатиот водител Милан Калиниќ, со својот џип преминал во спротивната лента поради неприлагодена брзина […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Се ожени контроверзниот Кристијан Голубовиќ

Контроверзниот српски борач и криминалец Александар Кристијан Голубовиќ (45) и 28-годишната Ивана Вељовиќ со која очекува бебе, денес го изговорија судбоносното „да“ , јавуваат српските медиуми. По желба на неговата избраничка, Кристијан не направил голема прослава на која би поканил стотици пријатели. Сепак тој се пофалил на социјалните мрежи дека станал сопруг на Ивана. – […]

______________________________________________________________________________________________________

БРУТАЛНО УБИСТВО ЈА ПОТРЕСЕ СРБИЈА: Маж со отсечени раце и нозе пронајден во подрум

Машко тело е пронајдено денеска околу 13 часот во гаража од станбената зграда во Мирјево.   Жртвата е идентификувана како Д.М. (61) и станува збор за страотно убиство. Имено според полицијата од телото се исечени и рацете и нозете.   Увидот и истрагата се во тек.

______________________________________________________________________________________________________

ОД СВАДБА ВО СМРТ: Излетале од патот – загина брачен пар, преживеа само ќеркичката

Брачен пар од Требиње загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа откако со својот автомобил излетале од магистралниот пат Требиње-Билеча. Нивната 10-годишна ќерка која била заедно со нив во автомобилот е полесно повредена. Несреќата се случила вчеравечер околу 22:30 часот кога возилото од засега непознати причини излетало од патот. Српските медиуми објавија и дека брачниот пар […]

______________________________________________________________________________________________________

Кривична пријава против Борис Тадиќ поради обид за преземање на весникот „Курир“

Сопственикот на српскиот весник „Курир“ Радисв Родиќ соопшти денеска дека поднел кривична пријава против поранешниот претседател на Србија и на Демократската партија Борис тадиќ и уште други 22 лица, бидејќи, како што тврди, сакале да му го одземат весникот со помош на „апсења и уцени“. Родиќ соопшти дека кривичната пријава ја поднел до Обвинителството за […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќе згасне продукцијата на „Гранд“?!

Комисијата за заштита на конкуренцијата наложи истрага на „Гранд“. Поради трансакции спротивни на решението на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Гранд му се заканува казна во висина од 10 проценти од вкупните годишни приходи, а тоа се најмалку 35,6 милиони динари (грандовци во 2013 година имале приход од 356.505.000 динари). Претседателот на Комисијата Милоје […]

______________________________________________________________________________________________________

Немале пари па зеле кредит за Инвитро, добиле тројка – сега ќе им ги исплатат ратите

Откако брачната двојка Марија и Мирослав Петровиќ во српските медиуми неодамна открија дека подигнале кредит за да може да се подложат на третман за вештачко оплодување, кој поминал успешно и пред два месеци добиле тројка девојчиња, добиле парична помош за да може да ги исплатат ратите од кредитот, јавува српски „Курир“. – Ни се јавија […]

______________________________________________________________________________________________________

„Ѓаволот ми се јави и ми рече да ја убијам жена ми “

Седумнаесет годишниот С.Б од Белград, кој е уапсен поради сомневање дека во средата си ја убил својата сопруга Зулфија Хајризај (18), изјави дека „ѓаволот го натарел на вакво злосторство“. Како што дознава српски Курир, малолетникот признал дека ја со стапот од лопатат ја удирл по главата и телото својата сопруга. – На солсушувањето рекол се […]

______________________________________________________________________________________________________

Новиот премиер отпушта советници а вработува чистачки

Околу 600 хигиеничари кои беа избркани од работа со одлука на Министерството за финансии во 2013 година, се вратени на работа по одлука на новата Влада на Алексис Ципрас. Нивните плати Ципрас планира да ги покрие со намалување на бројот на скапо платените советници во грчките министерства. Новиот грчки премиер вети дека на работа ќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Исламската Држава сака да создаде „Балканистан“

Безбедносни експерти предупредуваат дека џихадистичката група Исламска држава „го зела на нишан“ Балканот, со идеја да создаде „исламски калифат“ во регионот, наречен „Балканистан“, тврди италијанскиот електронски весник „Италинтермедиа Глобалист“. Професорот на Белградскиот универзитет и експерт за антитероризам Милан Мијалковски предупредува дека џихадистите се закана што се надвиснува над Балканот. Според него, позитивен чекор претставуваат мерките […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Пред две години се тепаше со полиција, а сега им стана шеф

Новиот министер за внатрешни работи на Грција во 2013 година се буткаше со вооружени полицајците, а сега им е шеф. Имено министерот Никос Воутсис учествувал во првите редови во демонстрациите пред седиштето на поранешната национална медиумска куќа ЕРТ во Атина, пишува британскиот весник „Индепендент“. Во јуни 2013 година, откако владата ја затвори телевизијата поради мерките […]

______________________________________________________________________________________________________

Вработен на бензинска пумпа убиен за 200 динари (ФОТО)

Триесет и едно годишниот Игор Митиќ вработен во бензинската пумпа „DMB петрол“  е убиен вчера од страна на 43-годишниот Данко.М. по кратка расправија за пари. Убиецот, како што пренесува Блиц, бил пијан и истрелал еден куршум во градите на Игор од пиштол за кој не поседувал дозвола, и избегал. Игор починал на пат кон болницата. До […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРЕСВРТ: Не се премажив, сопругот ме тепаше 4 години

Билјана Савиќ која со својата ќеркичка избега од сопругот, се водеше за исчезната, а потоа излегоа информации дека се премажила. Но, таа го негира сево ова и открива дека избегала од сопругот бидејќи тој ја тепал и малтретирал цели 4 години. -Со ќерката Анастасија бевме во изнајмен стан, но и се јавив на својата мајка. […]

______________________________________________________________________________________________________

Почина Жељу Желев поранешниот бугарски претседател

На 79-годишна возраст денеска почина Жељу Желев, првиот демократски избран претседател на Бугарија, јави БТА. Роден на 3 март 1935 година во селото Веселиново кај Шумен. Средно образование завршува во гимназијата во Шумен, а во 1958 година дипломира филозофија на софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“. Филозоф по вокација, дисидент, политичар и државник, Жељу Желев беше […]

______________________________________________________________________________________________________

Мистериозен авион: Полетува од Белград со “специјален товар” од 52 тони

Што се наоѓа во огромниот авион кој вечерва од метрополата на нашиот северен сосед ќе се упати кон Африка, носејќи товар од 52 тони?! Имено, најголемиот сериски товарен авион во светот “Antonov 124 Ruslan” вечерва ќе полета од Белград кон Африка, со мистериозен товар тежок 52 тони, ексклузивно пренесува српскиот магазин ”Blic”. “Полетувањето од Белград […]

______________________________________________________________________________________________________

Таткото преживеа хорор, 8 дена исчезнати 2 год дете и жената – а таа се премажила

Полицијата во Вршац ги пронашла Билјана Савиќ (27) и нејзината две и пол годишна ќерка Анастасија, по осум дена од денот на нивното исчезнување. Во соопштението на полицијата се вели дека жената не е жртва на кривично дело и дека доброволно се преселила во друг град. Нејзиниот невенчан сопруг Бојан Милојевиќ вели дека полицијата го […]

______________________________________________________________________________________________________

Новиот грчки министер за здравство, прв слеп политичар кој ќе седне во Владата

Новиот министер за здравство во Кабинетот на Ципрас, Панајотис Куроблис е првиот грчки политичар со посебни потреби кој ќе седи во Владата. Куроблис е поранешен член и пратеник на ПАСОК, а беше исклучен од партијата бидејќи во 2011 година тој беше единствениот „социјалист“ кој гласаше против мерките за штедење на Владата на Папандреу, за кои […]

______________________________________________________________________________________________________

Педофили објавувале снимки од сексуално злоставувани деца во Србија

Српската полиција уапси четири лица поради поседување детска порногафија, а петиот осомничен успеал да избега, објави денеска белградскиот весник „Блиц“. Вчерашната операција е дел од акцијата „Армагедон“, спроведена во цела Србија. Кај лицата, осомничени за педофилија се пронајдени застрашувачки порно снимки, на кои се злоупотебуваат деца. Лицето Б.Б, кое успеало да избега имало лажен профил […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1