26/08/2014 15:03
•
Posted by: MK News
Полицијата потврди дека 17-годишната Марина Стојановиќ е пронајдена во куќата на нејзиното момче, со што се отфрлаат сите сомнежи дека била киднапирана. На 19 август годинава, на Марина и се изгубила секаква трага. -Утврдено е дека побегнала низ прозорот од нејзината соба и заминала со момчето, кое има проблематично минато. Овој случај никако не […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2014 14:18
•
Posted by: MK News
Џихадистите од терористичката организација ИСИЛ упатиле заканувачко писмо до амбасадата на Србија во Дамаск и им дале рок од 7 дена да го напуштат објектот или во спротивно ќе бидат мртви. Писмото било фрлено во дворот на амбасадата. Министерот за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ ја потврди информацијата, но не сакал да даде друг […]
______________________________________________________________________________________________________
26/08/2014 13:47
•
Posted by: MK News
Во сплитската болница починале две предвремено родени бебиња за само две недели. Лекарите порачале дека нема место за паника бидејќи биле анализирани 700 примероци во лабораторијата во Сплит, но ниту еден не е позитивен. Но, им порачаа на жените дека во текот на бременоста 20 пати е поголема опасноста да се заболи од листериоза. Значи, истата […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 14:45
•
Posted by: MK News
Ноќта помеѓу 23 и 24. август без трага исчезнал 33-годишниот Петар Обренчевиќ од своето работно место. Петар работел како келенер на сплавот “Shake’n’shake” во Белград, облечен е во зелена кошула, тексас бермуди и стартки. Висок е околу 180 сантиметри. Петар пред да исчезне бил на смена од 21:00 до 04:00 наутро. Иако сплавот бил доста […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 13:45
•
Posted by: MK News
Монструмот Драган Ѓуриќ нападнал уште три девојчиња, од кои две малолетнички силувал, пишуваат српските медиуми – Тијана не е прво и единствено дете кое Драган Ѓуриќ го нападнал. Тој во секоја смисла е злосторник и должен сум и на Тијана на него да му биде одредена максимална казна. Дознав дек Ѓуриќ порано нападнал три девојчиња, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 12:00
•
Posted by: MK News
Швајцарците истражувале над десет години, користејќи обемна литература од околу 500 научни извори и современи научни методи, немајќи притоа интерес на било каков начин да се занимаваат со политичките последици од своите анализи. Гледано од стручен аспект, нивните колеги овие резултати ги сметаат за над 80 проценти релевантни што, за генетиката, е повеќе од доволно за […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Скандал со нелегалните бугарски пасоши: Државната агенција за Бугарите во странство го кршела законот, ќе ја затвораат!‘‘ ,,Илјадници незаконски бугарски пасоши‘‘. Под овие наслови бугарските медиуми известуваат за скандалозните решенија на Државната агенција за Бугарите во странство, која во изминатите години издала илјадници пасоши на наводни Бугари, кои освен изјава дека се чувствуваат Бугари, со […]
______________________________________________________________________________________________________
25/08/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Сите претседатели и премиери на земјите во регионот имаат решено станбено прашање, плата од 1.000 евра и нагоре и најчесто штедат во банка, анализира Блиц. Македонскиот премиер Никола Груевски според Блиц, заработува 1.300 € месечно, нема имот, има уметнички слики и заштеда во банка од 33.000 €. Претседателот Ѓорги Иванов заработува 1.500 € месечно, има […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 21:56
•
Posted by: MK News
Иван беше суров кон сите, а жената често ја тепаше. Нас не исфрли од дома, а сопругата секојдневно ја малтретираше. Не знам ни зошто му отишла да го посети во затворот – низ солзи ја раскажува својата тажна животна приказна таткото на монструмот од Србија кој ја задави со голи раце својата сопруга за време […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 14:14
•
Posted by: MK News
Јованка Броз пишувала мемоари кои наскоро ќе бидат објавени и ќе ја „стресат“ светската јавност. За српски Вечерње новости, блискиот пријател на Јованка, Милан Сарач потврдил дека таа пишувала мемоари од средината на 70-те кои подоцна ги дополнувала. Тој раскажувал како многу често знаел да ја најде доцна навечер како пишува на стара машина за куцање, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 13:55
•
Posted by: MK News
На отворено море црногорскиот рибар Илија Рафајловиќ од местото Рафајловиќ уловил ајкула долга 2,8 метри. Откако рибарот со двајца пријатели ја уловил ајкулата на длабочина од 120 метри ја донел на брегот, а за случајот известен бил Институтот за биологија и море од Котор кој потврдил дека се работи за ајкула со латинско име Hexanchus […]
______________________________________________________________________________________________________
24/08/2014 13:53
•
Posted by: MK News
Четиринаесетгодишната Ивана од Белград која исчезна на 29 – ти јули годинава, веќе цела година се наоѓа на евиденцијата на Социјалниот центар поради своето проблематично однесување. Центарот е запознаен со тоа дека Ивана неколку пати бегала од дома, и дека правела разни глупости со другарите. Таа постојано излегувала, сакала да пие и да создава неволји. […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 19:47
•
Posted by: MK News
Силно невреме вчера ги зафати српските граови Ниш и Крагуевац. Невремето не предизвикало поголеми штети во Ниш, но во Крушевац се оштетени над 200 семејни куќи.
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 14:25
•
Posted by: MK News
Познатата српска пејачка Уснија Реџепова веќе две години страда од сериозна болест на белите дробови и се чувствува многу лошо, дури не излегува ни од дома, дознава српски „Курир“ По смртта на нејзиниот сопруг Светомир Шешиќ Шеле, кој почина во август минатата година од рак на панкреасот, здравствената состојба на пејачката драстично се влошила, и оттогаш, […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 13:38
•
Posted by: MK News
Риби кои скокале и удирале во чамецот во реката Драва ги загрижиле девојка, момче и неговиот татко. Никогаш не сме доживеале нешто слично, вели момчето кое на Драва крај Питомач бил нападнат од летачки риби – и тоа буквално! “Скокаа од водата како луди, летаа, се удираа во чамецот, некои од нив и завршија во […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 11:59
•
Posted by: MK News
Само три месеци откако се вселиле во новите станови во Нов Белград повеќе од 100 семејства во две згради се принудени да ги напуштат, објавува Ал Џезира Балканс. Токсиколошките анализи потврдиле присуство на фенол во организмите на станарите кој потекнува од ѕидовите. Оваа штетна материја има канцерогени својства, а становите ги градела државна компанија. Станарите […]
______________________________________________________________________________________________________
23/08/2014 11:29
•
Posted by: MK News
Плаќањето алиментација често може да биде проблем кај самохраните родители. Од оваа есен ако во Хрватска се покаже дека родителот кој не живее со детето, не плаќа алиментација, тоа наместо него, ќе мора да го направат неговите родители, односно бабите и дедовците, пренесува „Ал Џезира“. – Ако бабите и дедовците се во можност да плаќаат, […]
______________________________________________________________________________________________________
22/08/2014 20:21
•
Posted by: MK News
Снаата на поранешниот српски претседател, Слободан Милошевиќ, Милица Гаиќ заедно со синот Марко се сонча на плажите во Египет. Таа секако ја искористи можноста да го покаже своето секси тело во бикини. Инаку 37-годишната Милица е невенчана жена на Марко Милошевиќ, синот на поранешниот српски претседател.
______________________________________________________________________________________________________