12/02/2014 23:25
•
Posted by: MK News
Тепачка меѓу две групи момчиња од албанска националност ја привлекла полицијата пред Веро Центар вечерва во Скопје, јавува Прес 24. Според информациите на Press24 од полициски извори, две групи момчиња од скопско Батинци најпрво почнале расправија која брзо прераснала во тепачка. Инцидентот се случил пред вратата на Веро Центар спроти Народната банка. Бидејќи обезбедувбањето на […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 21:36
•
Posted by: MK News
СВР Скопје-ЕНТДО, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде Б.Т. (32) од Скопје, поради основано сомневање дека сторил кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”. За делото кое е предвидено и казниво по член 215 од КЗ на РМ, Судија на претходна постапка на пријавениот […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 14:19
•
Posted by: MK News
Полициски извори за Press24 потврдуваат дека го завршиле пребарувањето на училишната зграда и дека во нема нема експлозивна направа, што значи дека наставата може да продолжи редовно да се одвива. Press24 дојде и до содржинат на писмото кое преку e-mail до директроката на училиштето го испратил извесен човек кој се преставил како „Лудак ретардиран“ „Почитувани, […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 14:16
•
Posted by: MK News
Заканувачка електронска порака дека во основното училиште Братство Мигении во Тетово има поставено бомба добиле денес дел од наставниците и директорката на училиштето. Во пораката, како што неофицијално дознава Курир, пишувало дека доколку 100.000 денари не бидат оставени зад дрвото од левата страна на училиштето, бомбата ќе биде активирана, а времето за достава е ограничено. […]
______________________________________________________________________________________________________
12/02/2014 11:21
•
Posted by: MK News
Владимир Поп Христов, брат на актерот Кирил, вчера бил осуден на една година затвор поради одгледување марихуана во нивната викендичка во скопското село Визбегово, дознава ВЕЧЕР. Од Кривичниот суд ја потврдија пресудата, но не појаснија дали е заменета со условна или не. Владимир Поп Христов беше уапсен на 28 ноември минатата година на граничниот премин […]
______________________________________________________________________________________________________
10/02/2014 18:05
•
Posted by: MK News
Една до два соби од третиот женски спрат во домот за деца 25 мај во Скопје се во пламен, пишува Пресс 24. Четири возила на против пожарната служба во моментов интервенираат за гаснење. Според информациите од терен повредени деца нема и истите навреме биле отсранети од опожарениот објект. Обновено Пожарот во домот за деца без […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 17:49
•
Posted by: MK News
Повеќе лица се уапсени во голема полициска акција која се одвивала вчера во скопски Бит Пазар. Според информациите, уасени се повеќе лица за инцидентот од пред Нова Година, кога полициските службеници се обидоа да запленат поголема количина на петарди. На 29 декември, минатата година полициските службеници беа спречени при контрола на Бит Пазар. Поголема група […]
______________________________________________________________________________________________________
08/02/2014 17:42
•
Posted by: MK News
Околу 14 часот денес се случи голема тепачка во центарот на Охрид во непосредна близина на градското пристаниште. Според очевидци во инцидентот учествувале околу 50-тина млади луѓе, неофицијално, членови на навивачките групи Куманово и МЗТ Скопје, пренесува локалната „Спектра Тв“. Очевидците велат дека летале камења, но за среќа, поради брзата интервенција на полицијата, бил спречен поголем […]
______________________________________________________________________________________________________
07/02/2014 18:14
•
Posted by: MK News
Како што информира полицијата, 52-годишниот А.А. вчера доживеал несреќа додека изведувал градежни активности на новата сала на МЗТ, лоцирана на булеварот АВНОЈ во Аеродом. Работникот паднал од висина од три метри и заработил тешки телесни повреди. Tој бил пренесен во болница каде му биле констатирани скршеници на двете подлактици. Сител
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 19:44
•
Posted by: MK News
Боге К. (49) загинал, откако вчера вечерта паднал од осми кат, јавува Република. Несреќата се случила вчера во 20.25 часот, во зграда на булеварот „Партизански Одреди” 135. Брзата помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и скопјанецот бил пренесен во скопскиот Ургентен центар. За жал подоцна им подлегнал на повредите. Се уште се испитува како […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 18:55
•
Posted by: MK News
Сопственик на фирма што работи во кругот на Железара, вчера бил нападнат од неколкумина работници, јавува Прес 24. Според информациите до кои стигна Прес24, газдата пријавил дека работниците го нападнале пред капијата од фирмата. Според него, бесните вработени го оштетиле неговото „Порше“. Полицијата работи на расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 18:52
•
Posted by: MK News
Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на автопатот Неготино – Велес, во близина на археолошкиот локалитет „Стоби“ загина познат велешки адвокат Никола Димов. На лице место дошла Брза помош од Неготино, но кога стигнала возачот веќе бил починат. Не е познат терминот кога автомобилот излетал од автопатот. Истрагата и обдукцијата ќе откријат кога […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 17:52
•
Posted by: MK News
Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски-Кољо се осудени на по една година затвор од Основниот суд 1 во Скопје, објави весникот „Вест“. Двајцата се осудени поради тоа што на 29-ти октомври лани во Скопје пукале во шест лица и предизвикале општа опасност. Во текот на постапката Нинџа и Кољо тврделе дека се невини. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 12:45
•
Posted by: MK News
Извршителот кој неодамна во Охрид наплати долг од 7 милиони денари со станови кои уредно се платени, доби кривична пријава од локалната полиција, информираше МВР. СВР-Охрид од вчера 58-годишниот Д.Ф. го терети за злоупотреба на службена положба и овластување”. Како извршител именуван за подрачјето на Основните судови Охрид, Струга и Дебар, искористувајќи ја својата положба, […]
______________________________________________________________________________________________________
06/02/2014 09:15
•
Posted by: MK News
По загинувањето на таткото во сообраќајната несреќа кај „Мавровка“, битката за живот ја загуби и неговото бебе. Женското новороденче починало по само два дена поради проблеми со дишењето, кои се јавиле како последица на одлепување на постелката и механичката траума на мајката. Смртта на бебето настапила во понеделникот попладне на Одделот за интензивна нега на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2014 15:42
•
Posted by: MK News
Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што утрово се случи на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, пред бензинската пумпа на „Лукоил“. Од МВР потврдија дека во 8 часот и 45 минути добиле пријава од Ургентниот центар дека кај нив се донесени четири лица кои се здобиле со повреди, пишува Курир. Директно се судриле […]
______________________________________________________________________________________________________
05/02/2014 15:33
•
Posted by: MK News
Пред два дена во болница починало новороденчето кое дојде на свет по страотната сообраќајка која се случи кај Мавровка во Скопје. Како што јавува Плусинфо, женското бебе се роди во саботата, кога мајката итно беше породена со царски рез на Клиниката за гинекологија, по страотната сообраќајна несреќа во која за жал таткото Блаже И. го загуби […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2014 20:00
•
Posted by: MK News
Сообраќајна незгода се случила попладнево околу 15 часот и 23 минути на патот Ресен – Битола, автомобил Југо со ресенски регистарски таблички, излетал од патот. Возилото го управувало лицето О.М роден 1996 година, со неполни 18 години, а во автомобилот бил со двајца сопатници И.А (18) и А.Ј (16) сите тројца од Ресен. Лицата со возило на […]
______________________________________________________________________________________________________