Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Скопјанка сакала да го измами Т-Мобиле

СВР Скопје–Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава и против Е.Е. (28) од Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело – “фалсификување исправа“. Пријавената иако знаела дека е невработена, а знаејќи дека еден од условите за стекнување со право да се склучи стандарден претплатнички договор со Т-Мобиле […]

______________________________________________________________________________________________________

Mатичарка од Скопје овозможила бигамија

56 годишната матичарка М.Р. од Скопје, си заработи кривична пријава откако фалсификувајќи документи овозможила бигамија. Според информациите од полицијата, скопјанката која била вработена како матичар во Месна канцеларија Шуто Оризари, во 2013 година со свој потпис одобрила “Записник за прием на пријава за стапување во брак“ помеѓу лицата А.М. од Скопје и А.Р. од Белград, иако […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма во Чаир: Комшијата му влегол дома и го избодел со нож пред очите на жената

И.М (46) влегол во станот на својот сосед и го избодел со нож пред очите на неговата сопруга и мајка. Како што информираат од полицијата, инцидентот се случил вчера околу 13:40 часот, кога бесниот И.М. влегол во станот на неговиот сосед Ш.У. и физички го нападнал пред неговата сопруга и мајка. Во еден момент насилникот […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО од апсењето: Еве зошто е уапсен вториот човек на охридската полиција

Одделот за сузбување на организиран и сериозен криминал, постапувајќи по Наредби издадени од страна на Судија на претходна постапка, изврши претрес на дом и други простории во четири објекти, од кои еден на подрачјето на Тетово и три објекти на подрачје на Струга и приведени се четири лица македонски државјани, од кои тројца се полициски […]

______________________________________________________________________________________________________

Уапсен вториот човек на охридската полиција – вмешан во трговија со луѓе?

Заменик началникот на охридската полиција Башким Чолаку и двајца полициски службеници од граничниот премин Ќафасан се уапсени поради сомнение за нивна инволвираност во трговија со луѓе и криумчарење мигранти, објави Пресс24 повикувајќи се на извори во истрагата. Според првичните информации Чолаку и двајцата полициски службеници биле поврзани со претходно уапсена група од Тетово која се занимавала […]

______________________________________________________________________________________________________

Сопственик на маркет во Тетово полеан со солна киселина

Непознато лице на сопственик на маркет во Тетово му фрлил солна киселина во лице. Како што полицијата во Тетово, непознато лице со качулка на главата, влегло во маркет лоциран на улица Страшо Пинџур во Тетово со пластично шише во раката, во кое имало солна киселина Непознатиот се доближил до 43 годишниот сопственик на маркетот и […]

______________________________________________________________________________________________________

Албанец од Македонија исечен на парчиња и спакуван во куфери во Германија

Во близина на аеродромот во Хамбург било пронајдено тело на 46 годишен маж, исечено на делови и ставено во куфери. Германската полиција соопшти дека телото му припаѓа на Зекири Хамза, Албанец од Македонија. Тој живеел во градот Билстед но редовно доаѓал во Хамбург. Хамза бил убиен со удари во глава, откриле Форензичарите. Според германската полиција, […]

______________________________________________________________________________________________________

Грк се обидел да прошверцува античка монета на скопскиот аеродром

Грчки државјанин се обидел да прошверцува античка монета на скопскиот аеродром Александар Велики, информираат од Царинската управа. На барање на аеродромската рентген служба, царинските службеници извршија контрола на чекираниот багаж на патникот, при што пронајдени се монети од поново време, што немаат вредност, но при извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна […]

______________________________________________________________________________________________________

4 деца повредени – Експлодира бомба во Тетово

Четири деца, од кои две посериозно, се повредени во експлозија на засега неутвредена направа што се случила околу 16:45 часот на улицата „29 ноември“ во ромското маало во Тетово, јавува Курир. Портпаролот на тетовската полиција Марјан Јосифосвки изјави дека засега се уште не се знае што ја предизвикало експлозијата. Двете посериозно повредени девојчиња, кои според […]

______________________________________________________________________________________________________

Страшна сообраќајка во центарот на Прилеп – загина 42 годишен прилепчанец

Четириесет и двегодишниот Зоран С. од Прилеп претпладнево загина во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Прилеп, кај кружниот тек. Сообраќајката се случила кога се судриле автомобил “фијат добло” и мотор. Од силината на ударот и автомобилот и моторот се запалиле. Автомобилот го управувал З.Н. , а моторот Зоран С. кој загинал на местото на […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиецот на полицаец кај ПМФ се обидел да избега од затвор – пробил 2 бетонски ѕида

Скопјанецот Алмир Дрпљанин (55), осуден на доживотен затвор за убиството на припадник на полициските „алфи “ во 2008 година, имал неуспешен обид за бегство од затворот Дубрава во Kосово, јавуваат тамошните медиуми. Дрпљанин беше уапсен во Урошевац во јули 2012 година, откога е во затворот во Дубрава, иако се чека на негова екстрадиција во земјава. […]

______________________________________________________________________________________________________

Газдарица на туристичка агенција испразнила неколку сметки

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје  поднесе кривична пријава против лицето Б.М. (34) од Скопје, сопственик на туристичка агенција “НОА Травел“ Доо Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело – “изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по член 274-б ст.1, предвидено и казниво по Кривичниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Масовна тепачка во центарот на Скопје

На бул.„Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје вчера околу 13:15 дошло до тепачка помеѓу две групи на младинци. К.Р.(18), Љ.Ш.(23) и Ф.С (18), сите од село Елово, од една страна и од друга страна Д.А.(15), Ј.А.(17) А.З.(16) од село Дражилово, И.Ш.(20) од с.Елово и И.К (22) од село Пагаруш, разменувајќи си неколку удари со тупаници во пределот на […]

______________________________________________________________________________________________________

Претепан скопјанец – му ги земале добитните ливчиња од спортска

Скопјанец бил физички нападнат и ограбен на еден паркинг од страна на две лица, кои притоа му одзеле пари, шест добитни ливчиња од спортска обложувалница и лични документи. Скопската полиција во петокот соопшти дека го открила едниот од напаѓачите, за инцидентот кој бил регистриран на 29 јануари. СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.А.(28) од […]

______________________________________________________________________________________________________

19 годишна скопјанка претепана во автобус на ЈСП

Вчера во Скопје на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ во автобус на ЈСП, А.М.(19) од Скопје без повод и причина била физички нападната од лицето М.И.(25) од Скопје. Девојката била удирана со тупаници по главата. Лицето е приведено, се преземаат мерки за расчистување на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Вработената во пошта сама си ја ограбувала 2 пати – конечно призна

63 Годишната жена вработена во поштата во Катланово два пати лажно пријавила дека вооружен напаѓач и ја испразнил касата, ексклузивно донава Press24 од извори во истрагата. Иако пред полицијата најпрво давала описи на наводниот разбојник, подоцна решила да признае дека до грабеж воопшто не дошло и дека парите самата ги извадила од поштата на касата. […]

______________________________________________________________________________________________________

14 год дете – поранешен ученик е „бомбашот“ од училиштето во Тетово

Полицијата го пронајде лицето кое претпладнево преку електронска порака се закани дека во основното училиште „Братство Мигени“ во Тетово има поставено бомба. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски за Курир потврди дека полицијата има осомничено лице за инцидентот. Станува збор за 14 ипол годишно момче од Тетово кое преку својот компјутер ја напишал и испратил […]

______________________________________________________________________________________________________

На судењето за „Монструм“ се гледаше цеде од свадба

Последниот обвинет во судскиот процес за случајот „Монструм“, Сами Љута, за да докаже дека не е виновен за ликвидацијата кај Смилковското Езеро, на вчерашното судско рочиште го покажа цедето од својата свадба. Обвинетиот тврдеше дека не се точни изјавите на некои сведоци во врска со неговиот изглед, бидејќи на видеото се гледало оти тој како […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1