Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Скопјанец се фрлил во Вардар во Карпош – се одвивала вистинска спасувачка драма

Обид за самоубиство попладнево се случил во Скопје во близина на мостот Обединети нации, пренесува Курир. Како што пишува порталот, 63-годишниот скопјанец Ц.Т. околу 17:30 часот се фрлил во водите на реката Вардар, обидувајќи се да си го одземе животот. За среќа скопјанецот не успеал да се самоубие, бидејќи набрзо бил изваден од водите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството побара притвор за 8 лица осомничени за кражбата во Музејот

Основното јавно обвинителство Скопје побара спроведување на истражна постапка и притвор за лицата В. З., К.С.С, Ј.П., К.Ч., К.П., К.Ј., К.Д., Е.А. поради основано сомневање дека од ноември 2011 година до октомври 2013 година сториле повеќе кривични дела поврзани со исчезнувањето на 162 артефакти од Музејот на Македонија. Како што е наведено во денешното соопштение […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиениот во Ченто бил соперник на Џељо – имал дебело досие

Ибраим Исмаили(46), скопјанецот кој беше убиен вчера вечерта во скопската населба Ченто, имал дебело полициско досие и бил извршител на разни криминални дела како изнуда, лихварство и слично, пишува МКД.МК. Полицијата испитува дали неговото убиство е поврзано со убиството на Џељал Ајети кој во ноември минатата година исто така беше убиен во населбата Ченто, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициска акција во тек: Уапсени директорот и поранешен директор на Музеј на Македонија

Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија. Помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за МИА ја потврди акцијата и најави повеќе информации во текот на денот. Според првичните инфорации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Ченто – го изрешетале во автомобилот

Едно лице е убиено доцна синоќа во скопската населба Ченто (Сингелиќ). Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба. 2 засега непознати напаѓачи од возило во движење на улицата Алија Авдовиќ пукале во возило Мерцедес. Убиен е возачот на мерцедесот кој е пронајден во изрешетаниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Дали убиството во Ченто е поврзано со ликвидацијата на Џељо?

Добро упатени полициски извори за „Република” не ја исклучуваат можноста вечерашниот инцидент во скопската населба Ченто да е продолжение, односно одмазда за инцидентот од пред три месеци кога во близина на местото на сегашното убиство беше застрелан Џељал Ајети – Џељо, пишува Република. Сепак, засега нема потврда ниту прецизни информации кој е убиениот во возилото […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Сингелиќ

Едно лице е убиено вечерва во скопската населба Ченто (Сингелиќ). Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба. Се уште нема информации за идентитетот на жртвата нити пак за сторителот или мотивите. Полицијата во моментов врши увид. Читател на MKnews информира дека рафалните истрели се […]

______________________________________________________________________________________________________

Kиднапирал кумановка за да ја силува, ама ја пуштил кога го одбила

Против скопјанец полицијата поднесе кривична пријава под сомение дека тој во понеделникот киднапирал кумановка со намера да ја силува, па кога таа го одбила, по неколку часа ја ослободил. Инцидентот се случил во понеделникот утротот кога Ј.Г.(24) со автомобил и го попречил патот на 19-годишната кумановка додека таа одела кон работа. Веднаш и се заканил […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тинејџер прегази жена во Ѓорче

Жена попладнево околу 12:15 часот е прегазена во скопската населба Ѓорче Петров. Како што дознава Курир, Ф.О. била прегазена на улицата „Ѓорче Петров“ од автомобил „Голф“. Иако по несреќата возачот побегнал од местото, подоцна истиот е пронајден и утврдено е дека станува збор за 19-годишниот М.С. од Скопје. Жената со повреди била пренесена во Ургентниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Притворен познат бизнисмен од Скопје

Триесет дена притвор му е одреден на 39-годишниот скопски бизнисмен С.Ѓ. управител и сопственик на фирмата „ЕКО САРА ДС“ ДООЕЛ од Скопје, кој од Финансиската полиција е осомничен дека сторил финансиски криминал од 1.107.000 евра. Уапсениот потпомогнат од второпријавената сметководителка Р.Р. (58) во периодот од 2 јануари 2008 до 31 декември 2014 година, со цел […]

______________________________________________________________________________________________________

Службеничка во „Македонски пошти“ крадела од сметки на граѓани

Службеничка во подружница на „Македонски пошти“ во Кочани крадела од трансакциски сметки и присвојувала пари со кои граѓаните плаќале сметки за струја и вода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во текот на 2013 година, В.Ј. (45) од Кочани, вработена во АД „Македонски пошти” ги присвојувала паричните средства уплатени од физички лица по основ на платени […]

______________________________________________________________________________________________________

Фрлена бомба пред канцеларијата на СДСМ во Карпош

Пред канцеларијата на СДСМ во скопската населба Карпош вечерва е фрлена бомба. Според првичните информации, нема повредени. Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна вечерва пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо. Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Голема акција – Полицијата удри по јавните куќи во Западна Македонија

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Управата за јавни приходи, вчера вечерта и денеска во утринските часови ја спроведе најобемната акција досега за контрола во угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, која се водеше под името „Канџа“, а во која партиципираа преку 200 полициски службеници од разни организациони единици. […]

______________________________________________________________________________________________________

Кај Прилеп нападната група полицајци

Патрола на Шумската полиција вчера навечер била нападната од поголема група насилници. Според информациите од полицијата, инцидентот се случил на стариот пат Прилеп-Велес, во близина на рудникот за мермер „Сивец“. Насилниците со тупаници и дрвени палки ги удирале полицајците, се додека на помош не дошле уште неколку полицајци кои пукале во воздух за да ја […]

______________________________________________________________________________________________________

Ако се пишманиш за невеста од Албанија, пари не враќаме

Платил 230 евра да му доведат невеста од Албанија, ама потоа се премислил, па побарал да му ги вратат парите. „Стројникот“ тоа не го направил, па од СВР Куманово доби кривична пријава за измама. Како што информираше полицијата, на 8 декември лани Б.Ј. (30) од крушевското село Норово му ветил на 39-годишниот Г.М. од селото […]

______________________________________________________________________________________________________

Масовна тепачка во средното Зефљуш Марко- летале тупаници и столици на сите страни

Вчера во 10.00 часот во Скопје, ДСУ „Зефљуш Марку“ поточно во училницата на I-11 клас, настанала тепачка помеѓу учениците У.М., А.Б., Б.М., А.А., Л.Ш. и три ученика од II- 14 клас од една страна и учениците од I-11 клас Х.Н. и М.Б. од иститот клас,З.Ј. од II-5 клас и 5-6 ученици од I-11 клас од […]

______________________________________________________________________________________________________

Драма на Клинички: Со крвав шприц се заканил дека ќе го прободе ако не му даде пари

СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје со кривична пријава ги предаде лицата  Б.И. (35) и Ш.И. (39) и двајцата од Скопје поради основано сомнение  дека извршиле едно кривично дело – “разбојништво“ за што од страна на судија во претходна постапка  на двете лица им е одредена мерка притвор во траење од по 30  дена. Кривичното  […]

______________________________________________________________________________________________________

Штип: И дошол на гости и ја силувал нејзината малолетната ќерка

Радовишанец отишол на гости во куќата на свои пријатели од Штип и им приредил вистински кошмар. Според податоците од полицијата, се работи за 21-годишниот Ш.Ј. кој во семејната куќа на 29-годишната Б.С. од Штип ја силувал нејзината малолетна ќерка, која е на возраст од 12 години. Радовишанецот си заработи притвор во траење од триесет дена.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1