Archive | Црна хроника RSS feed for this section

Тешка сообраќајка кај МТВ повредено едно лице

На улицата кај Македонската радио телевизија во тек е полицискиот увид откако вечерва се судрија две возила со скопски регистарски таблички, при што едно лице се здобило со тешки повреди, јавува Телеграф. Се уште не се познати причините за сообраќајката, но станува збор за судар на возило “Рено Меган“ и “Лада нива“, при што, поради превртувањето […]

______________________________________________________________________________________________________

Се самоуби бизнисмен во Штип – пронајден пиштол до неговото тело

Четириесет и девет годишниот бизнисмен Горан Даскалов е мажот кој претпладнево беше пронајден мртов во викендица во излетничката населба Суитлак во Штип. Од полицијата го потврдуваат идентитетот, но причините на смртта ќе бидат познати по завршување на обдукцијата. Неофицијално станува збор за самоубиство, а како што дознава Курир до неговото безживотно тело бил пронајден и […]

______________________________________________________________________________________________________

Решено монструозното убиство – синот го убил таткото и го ставил во куфер

Решен е случајот „Багаж“. Се работи за убиство направено во октомври 2013 година во Хамбург, каде животот го изгуби 46-годишниот Албанец од Македонија, Амза Зекири. Криминалната полиција го уапсила едниот од синовите на покојниот. Постариот син не се наоѓа во Германија и не се знае неговата локација. Безживотното тело на Амза Зекири беше пронајдено на […]

______________________________________________________________________________________________________

Ограбена Св. Пантелејмон- украдени позлатен крст и света книга

Уште една црква во Македонија била ограбена во период од 23 до 27 февруари. Овојпат се работи за „Св. Пантелејмон“ во Маврово каде непознат сторител го скршил цилендерот од бравата и влегол и одзел 3.500 денари, позлатен метален крст и света книга. Крадецот направил штета од 10.000 денари. Полицијата работи на случајот.

______________________________________________________________________________________________________

Гостиварец скокнал од трет кат и преживеал

Четириест и три годишен гостиварец се здобил со тешки повреди откако скокнал од третиот кат на зградата во која живеел Според првичните сознанија, најверојатно имал намера да си го одземе животот. Од СВР Тетово информираат дека извесен Џ.З. бил згрижен во гостиварската болница „Ферит Мурад“ вчера, половина час по полноќ со скршеници по екстремитетите и телото, по […]

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанец се фрлил во Вардар во Карпош – се одвивала вистинска спасувачка драма

Обид за самоубиство попладнево се случил во Скопје во близина на мостот Обединети нации, пренесува Курир. Како што пишува порталот, 63-годишниот скопјанец Ц.Т. околу 17:30 часот се фрлил во водите на реката Вардар, обидувајќи се да си го одземе животот. За среќа скопјанецот не успеал да се самоубие, бидејќи набрзо бил изваден од водите од […]

______________________________________________________________________________________________________

Обвинителството побара притвор за 8 лица осомничени за кражбата во Музејот

Основното јавно обвинителство Скопје побара спроведување на истражна постапка и притвор за лицата В. З., К.С.С, Ј.П., К.Ч., К.П., К.Ј., К.Д., Е.А. поради основано сомневање дека од ноември 2011 година до октомври 2013 година сториле повеќе кривични дела поврзани со исчезнувањето на 162 артефакти од Музејот на Македонија. Како што е наведено во денешното соопштение […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиениот во Ченто бил соперник на Џељо – имал дебело досие

Ибраим Исмаили(46), скопјанецот кој беше убиен вчера вечерта во скопската населба Ченто, имал дебело полициско досие и бил извршител на разни криминални дела како изнуда, лихварство и слично, пишува МКД.МК. Полицијата испитува дали неговото убиство е поврзано со убиството на Џељал Ајети кој во ноември минатата година исто така беше убиен во населбата Ченто, во […]

______________________________________________________________________________________________________

Полициска акција во тек: Уапсени директорот и поранешен директор на Музеј на Македонија

Полицијата утрово почна акција за приведување на осомничени во врска со исчезнувањето на вредни предмети со културно историско значење од Музејот на Македонија. Помошник министерот за односи со јавноста Иво Котевски за МИА ја потврди акцијата и најави повеќе информации во текот на денот. Според првичните инфорации, приведени се актуелниот и еден од поранешните директори […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Ченто – го изрешетале во автомобилот

Едно лице е убиено доцна синоќа во скопската населба Ченто (Сингелиќ). Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба. 2 засега непознати напаѓачи од возило во движење на улицата Алија Авдовиќ пукале во возило Мерцедес. Убиен е возачот на мерцедесот кој е пронајден во изрешетаниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Дали убиството во Ченто е поврзано со ликвидацијата на Џељо?

Добро упатени полициски извори за „Република” не ја исклучуваат можноста вечерашниот инцидент во скопската населба Ченто да е продолжение, односно одмазда за инцидентот од пред три месеци кога во близина на местото на сегашното убиство беше застрелан Џељал Ајети – Џељо, пишува Република. Сепак, засега нема потврда ниту прецизни информации кој е убиениот во возилото […]

______________________________________________________________________________________________________

Убиство во Сингелиќ

Едно лице е убиено вечерва во скопската населба Ченто (Сингелиќ). Според првичните информации убиството се случило околу 22:30 часот во близина на црквата Св Ѓорѓија во оваа населба. Се уште нема информации за идентитетот на жртвата нити пак за сторителот или мотивите. Полицијата во моментов врши увид. Читател на MKnews информира дека рафалните истрели се […]

______________________________________________________________________________________________________

Kиднапирал кумановка за да ја силува, ама ја пуштил кога го одбила

Против скопјанец полицијата поднесе кривична пријава под сомение дека тој во понеделникот киднапирал кумановка со намера да ја силува, па кога таа го одбила, по неколку часа ја ослободил. Инцидентот се случил во понеделникот утротот кога Ј.Г.(24) со автомобил и го попречил патот на 19-годишната кумановка додека таа одела кон работа. Веднаш и се заканил […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Тинејџер прегази жена во Ѓорче

Жена попладнево околу 12:15 часот е прегазена во скопската населба Ѓорче Петров. Како што дознава Курир, Ф.О. била прегазена на улицата „Ѓорче Петров“ од автомобил „Голф“. Иако по несреќата возачот побегнал од местото, подоцна истиот е пронајден и утврдено е дека станува збор за 19-годишниот М.С. од Скопје. Жената со повреди била пренесена во Ургентниот […]

______________________________________________________________________________________________________

Притворен познат бизнисмен од Скопје

Триесет дена притвор му е одреден на 39-годишниот скопски бизнисмен С.Ѓ. управител и сопственик на фирмата „ЕКО САРА ДС“ ДООЕЛ од Скопје, кој од Финансиската полиција е осомничен дека сторил финансиски криминал од 1.107.000 евра. Уапсениот потпомогнат од второпријавената сметководителка Р.Р. (58) во периодот од 2 јануари 2008 до 31 декември 2014 година, со цел […]

______________________________________________________________________________________________________

Службеничка во „Македонски пошти“ крадела од сметки на граѓани

Службеничка во подружница на „Македонски пошти“ во Кочани крадела од трансакциски сметки и присвојувала пари со кои граѓаните плаќале сметки за струја и вода, соопшти Министерството за внатрешни работи. Во текот на 2013 година, В.Ј. (45) од Кочани, вработена во АД „Македонски пошти” ги присвојувала паричните средства уплатени од физички лица по основ на платени […]

______________________________________________________________________________________________________

Фрлена бомба пред канцеларијата на СДСМ во Карпош

Пред канцеларијата на СДСМ во скопската населба Карпош вечерва е фрлена бомба. Според првичните информации, нема повредени. Експлозија, во која се оштетени неколку возила, одекна вечерва пред регионалниот штаб на СДСМ, во скопската општина Карпош на улица „Варшавска“, дознава Плусинфо. Информацијата ја потврдија од МВР, од каде велат дека за време на експлозијата очевидци немало. […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Голема акција – Полицијата удри по јавните куќи во Западна Македонија

Министерството за внатрешни работи, во соработка со Управата за јавни приходи, вчера вечерта и денеска во утринските часови ја спроведе најобемната акција досега за контрола во угостителски објекти и спортски обложувалници на подрачјето на Тетово и Гостивар, која се водеше под името „Канџа“, а во која партиципираа преку 200 полициски службеници од разни организациони единици. […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1