13/07/2013 13:22
•
Posted by: MK News
МВР покрена кривична пријава против лицата Ш.С. (44) , С.Ш.(33) , Р.Џ.(38) и И.П.(36) сите од Скопје поради основано сомнение дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист во временскиот период од 21/23.06.2013 година на ул. „Павел Шатев“ во стан сопственост на М.М.(56) од Скопје, сториле кривично дело „тешка кражба во стан “ […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2013 23:35
•
Posted by: MK News
Крадците кои пред неколку дена украдија сеф со половина милион евра од Бихаќка се уапсени- дознава Прес24.мк. Крадците сеуште не откриваат каде е сефот, но од полицијата се надеваат дека наскоро и таа информација ќе биде достапна. Кражбата беше извршена во период од 21 до 23 јуни.
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2013 14:45
•
Posted by: MK News
Двајца командири на гранична полиција и неколку полициски службеници паднаа во вчерашната голема полициска акција во западна Македонија. Лицата се приведени поради сомнение за нелегално криумчарење добиток од Македонија за Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра. Во вчерашната акција биле звршени се претреси во повеќе домови, при што се […]
______________________________________________________________________________________________________
12/07/2013 10:42
•
Posted by: MK News
Утрово околу 6:15 часот во Охрид, брутално биле претепани двајца вработени во „Јавна Хигиена“. Според ЈП Охридски Комуналец, двајцата нивни вработени без никаква причина биле претепани од две непознати лица, пренесува Охрид 1. Според, досегашните информации, едниот работник бил нападнат на ул.„Никола Карев“ пред маркетот „Стоп Шоп“, а веднаш потоа, додека бегале, насилниците налетале и […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 15:40
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи, поднесе кривична пријава против А.П.(30) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „ Убиство“ и против С.Б.(24) поради постоење основано сомневање дека извршил кривично дело „Помагање“ во врска со неодамнешното убиство во населбата Аеродром. Двајцата осомничени беа приведени и заедно со доказниот материјал изведени пред надлежен Истражен судија кој им […]
______________________________________________________________________________________________________
11/07/2013 14:54
•
Posted by: MK News
Битолската полиција поднесе кривична пријава против 39-годишниот Ј.Т. од Битола за сторено кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“. Во текот на јануари и февруари 2013 година, во Битола на ул. „Партизанска“, на автобуска постојка, додека четири малолетни девојчиња чекале автобус дошол пријавениот и извршил задоволување на полови страсти пред истите.
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2013 22:32
•
Posted by: MK News
Струмичката полиција приведе три лица кои со ножеви и секира, утринава нападнале четиричлено семејство на улицата „Бошко Буха“, во Струмица, јавува „Нова Македонија“. Тројцата насилници, вечерва, се изведени пред истражен судија, во струмичкиот основен суд и против нив најверојатно ќе биде поднесена соодветна пријава. Настраданото семејство биле нивни соседи, а се работи за маж, жена […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2013 15:33
•
Posted by: MK News
Според наодите од извршената обдукција, скопјанката која беше пронајдена мртва во својот стан во Аеродром, била убиена. Полицијата отвори истрага за смртта на 58-годишната скопјанка Јованка Најдова, која беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во скопската населба Аеродром. Обдукцијата покажала дека жената починала од насилна смрт, најверојатно од удар во главата. Смртта настапила пред неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2013 15:07
•
Posted by: MK News
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски, денеска информираше дека 54 годишниот А.И. вчера пријавил дека дента му било одземено неговото возило „Голф“ со скопски регистерски таблички кое незаклучено го паркирал спроти „Веро“ во Тетово. Според информациите на Марјан Јосифовски, во близина на Веро во Тетово, регистрирани се 10 тешки кражби на 9 патнички возила и […]
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2013 11:56
•
Posted by: MK News
Вооружена престрелка меѓу две неколку лица од два автомобили се случила вчера околу 19 часот на Бит-Пазар. Од полицијата информираат дека вооружената престрелка се случила помеѓу Е.К.(28) и неговиот сопатник А.Х.(20) кои се превезувале со „БМВ“ од една страна и од друга страна непознати лица со „Мерцедес“. Од пукањето повредени лица нема, а на местото […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2013 12:07
•
Posted by: MK News
Дваесет и четири годишниот Ѓ.В. од село Стојаково минатата недела, откако се довел под дејство на алкохол го пресретнал Р.С., вработен како судски доставувач и изреволтиран бидејќи претходно му доставил судска покана, физички го нападнал, удирајќи го со тупаница во пределот на главата. По ова на местото на настанот пристигнале полициски службеници, а пријавениот почнал агресивно […]
______________________________________________________________________________________________________
09/07/2013 09:37
•
Posted by: MK News
58 годишна жена вчера околу 20 часот била пронајдена мртва во својот стан на булеварот Јане Сандански. Нејзиното тело било во фаза на распаѓање, а во полиција пријавиле соседите бидејќи од нејзиниот стан, во кој живеела сама се ширеа неподнослива смрдеа. При првичниот увид, констатирано е дека 58 годишната Ј.Н. имала повреда на черепот. Истрагата […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Скопската полиција извести дека вчера околу 15.30 часот засега непознат возач на „шкода“ им го пресекол патот на две момчиња и пукал во возилото со кое тие се возеле. Во инцидентот бил повреден 23-годишниот А.И. од Скопје кој имал прострелна рана во десната нога. Настанот според МВР, се случил на улицата Џон Кенеди во Чаир. По […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2013 11:24
•
Posted by: MK News
Педесет и едно годишниот прилепчанец Демир Папоски загинал вчера откако бил прегазен од повеќе автомобили, дознава Курир. Трагедијата се случила околу 21 часот на патот Градско-Скопје, во близина на наплатната рампа Градско, кога засега непознат автомобил удрил во Демир по што тој паднал на патот, а автомобилот заминал од местот на несреќата. Повредениот прилепчанец, кој […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2013 15:23
•
Posted by: MK News
Дваесет и осум годишниот Е.К. од Кичево и Е.Т. (19) албански државјанин, жител на градот Елбасан, добија кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Обљуба врз немоќно лице“. На пријавените, истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена по што тие се спроведени во казнено-поправната установа во Битола. На […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2013 14:33
•
Posted by: MK News
22 годишен гостиварчанец утрово бил спасен од водите на Охридското Езеро, кај плажата Славија, јавува OhridNews. Според порталот, момчето со хендикеп се давело во водите на Охридско, но, за среќа, граѓаните кои во моментот биле на плажата веднаш интервенирале и го извадиле од водата. Прва помош му пружил лекар кој случајно се нашол на плажата. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2013 17:08
•
Posted by: MK News
За киднапирањето на скопјанката кај Смилковското Езеро еден од обвинетите заработи затворска казна од 6 години, а останатите тројца помагачи – по пет години затвор. Како што информира Канал 5 обвинетите пред судот негирале дека ја малтретирале и принудно ја натерале да потпише нотарска изјава дека ќе го врати долгот од 10 илјади евра за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2013 14:55
•
Posted by: MK News
СВР-Скопје до надлежното ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против С.С.(49), Ј.З.(53), А.А.(59) и С.А.(50) сите од Скопје, поради основано сомнение дека со намера да за себе прибават противправна имотна корист на 03.07.2013 год. околу 11:00 часот на платото испред Стоковна куќа Мост во непосредна близина на Камениот мост, С.С. и Ј.З. извршиле кривично дело „Тешка кражба […]
______________________________________________________________________________________________________