05/07/2017 15:46
•
Posted by: MK News
Маж од Куманово на социјалната мрежа „Фејсбук“ креирал три лажни профили и на нив објавувал фотографии од неговата девојка, нејзиниот брат и малолетното дете на братот, информираше полицијата. Покрај фотографиите, 36-годишниот кумановец оставал и разни коментари и пораки со навредила содржина со намера да им наштети на честа и угледот на девојката. Против него, како […]
______________________________________________________________________________________________________
04/07/2017 15:04
•
Posted by: MK News
Вчера во МВР околу 10 часот екипа на Итна помош во Скопје било пријавено дека во село Студеничани имало починато бебе на возраст од два месецa. Од страна на лекар била констатирана смрт без траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото на починатото бебе е предадено за обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:36
•
Posted by: MK News
Почина и ќерката на 84-годишниот скопјанец кој во саботата пукаше во неа, во сопругата и во внукот, а потоа се самоуби. Таа починала изутрина во скопскиот Клинички центар. 32-годишниот внук почина на лице место, а сопругата на убиецот вчера им подлегна на повредите. Триесет и двегодишниот внук, од сериозноста на повредата, почина на самото место. […]
______________________________________________________________________________________________________
03/07/2017 15:22
•
Posted by: MK News
Младо момче од Тетово претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија од МВР. Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата. Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:15
•
Posted by: MK News
Прилепчанец се удави во Градскиот базен вчера во 13.35 часот, соопшти полицијата. Смртта на Г.К. (72) од Прилеп била констатирана од страна на лекар и настапила најверојатно од срцев удар. По наредба на ЈО, на 02.07.2017 година ќе се врши обдукција.
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 16:08
•
Posted by: MK News
Човечки останки под камена плоча се најдени во петокот на нива во близина на скопското село Драчево, информираше во саботата Министерството за внатрешни работи. Споре извештајот на СВР Скопје, Н.Т. вчера претпладне во полициска станица пријавил дека во селото Драчево на улицата „Пат за Китка“ кај месносто Локва, поточно во нива со лозов насад при […]
______________________________________________________________________________________________________
02/07/2017 15:35
•
Posted by: MK News
Жена загина рано утрово на патот Битола – Кичево при судар на возило и трактор, соопшти полицијата. Сообраќајката се случила во 04,05 часот на патот Битола – Кичево на 200 метри од излезот од село Лопатица кон Демир Хисар се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило марка „БМВ“ управувано од Н.Н. (37) од село Журче, […]
______________________________________________________________________________________________________
29/06/2017 16:01
•
Posted by: MK News
Скопјанка вчера пријавила дека на 25 јуни во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице. МВР информира дека мажот го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го силувал. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
______________________________________________________________________________________________________
28/06/2017 09:53
•
Posted by: MK News
Вчера во 18.00 часот во ПС Гази Баба, Х.М. (52) од Скопје пријавил дека на 24.06.2017 година во 11.00 часот, од непознати причини, од дома во непознат правец се оддалечил неговиот син Г.М. (23). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Завчера 22.40 часот во ПС Кавадарци, Ќ.П. (41) од Кавадарци пријавил дека на 23.06.2017 […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2017 20:47
•
Posted by: MK News
Скопјанката М.С. (41) ноќеска побарала помош од МВР тврдејќи дека била грабната од непознат маж. МВР денеска извести дека додека М.С. била во дневната соба, забележала непознат маж како стои на балконот од нејзината куќа. Кога излегла да види кој е, тој ја фатил за коса, насилно ја одвлечкал и ја внело во патничко возило […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2017 14:29
•
Posted by: MK News
Македонска државјанка е приведена во Турција под обвинеие дека направила мрежа за проституција користејќи 40 Кубанки кои ги прелажала и од нив направила проститутки. Како што пишуваат турските медиуми, таа преку својата агенција за посредување на интернет ангажирала 40 девојки од Куба, на кои им ветила танчерски кариери за високи хонорари. Откако пристигнале во Турција […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2017 14:11
•
Posted by: MK News
Во дворот од куќата сопственост на 33-годишниот Е.М. синоќа помеу 21 и 02.30 часот во Богданци, непознат сторител со запаливо средство, најверојатно бензин, испрскал патничко возило „рено меган“ со гевгелиски регистарски ознаки и го запалил, информира Министерството за внатрешни работи. Од полицијата велат дека возилото целосно изгорело, а од пожарот била зафатена и влезната врата […]
______________________________________________________________________________________________________
27/06/2017 14:07
•
Posted by: MK News
Осумнаесет годишниот скопјанец Ф.А. пријавил дека ноќта на 25 јуни околу 23.50 часот на автобуската постојка на булеварот Кочо Рацин во Скопје две непознати лица му извршиле разбојништво. Додека Ф.А. чекал автобус, тие му се приближиле, едно од лицата ја ставило раката на појас, каде најверојатно имал нож и му рекол да извади сè што […]
______________________________________________________________________________________________________
26/06/2017 22:02
•
Posted by: MK News
Како што соопшти МВР, на плажа во охридското село Пештани вчера околу 14 часот од водите на Охридското Езеро со знаци на живот бил изваден К.К. (37) од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ЈЗУ-Охрид од каде било добиено известување дека се наоѓа во животна опасност. Поради сериозноста на здравствената состојба […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2017 15:53
•
Posted by: MK News
Вчера во 15 часот во Полициска станица Охрид, од екипа на Итна медицинска помош било пријавено дека во комплексот „Св.Наум“ во Охрид починал Р.Ј.А. (66) од Република Холандија. Констатирана е смрт без траги на насилство. Најверојатно смртта настапила како последица од срцев удар. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. По наредба […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2017 15:51
•
Posted by: MK News
Деветнаесет годишно момче од село Турново загина, а негов врсник се здобил со тешки телесни повреди откако излетале од коловозот во речното корит на реката Струмешница, на излез од селото Дабиле. Како што соопшти МВР, несреќата се случила околу 3 часот по полноќ. Момчето кое се здобило со тешки телесно повреди е пренесено во Медицинскиот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/06/2017 15:50
•
Posted by: MK News
Триесет и две годишен маж од село Житоиште објавувал експлицитни фотографии од поранешната љубовница на профилите на социјалните мрежи на нејзиниот брат и зет, а потоа го уценувал и нејзиниот сопруг дека доколку не му даде 1.200 евра ќе продолжи со објавување на фотографиите. Како што соопшти МВР, пријавениот во изминатите две години бил во […]
______________________________________________________________________________________________________
20/06/2017 15:54
•
Posted by: MK News
Пред угостителски објект во близина на споменикот „Скендербег“ во Скопје, вчера половина час пред полноќ, непознати лица со остар предмет му нанеле убодна рана во пределот на срцето на младо момче. Се работи за 24-годишниот М.Б. од селото Грчец, скопско, кој бил пренесен во Клинички центар Скопје, каде што му била укажана лекарска помош. Полицијата […]
______________________________________________________________________________________________________