15/07/2017 11:17
•
Posted by: MK News
Воз кој сообраќал на релација од Скопје кон Гевгелија утрово околу 9 часот прегазил машко лице во близина на Демир Капија.Според првичните информации, несреќата се случила кај местото викано „Пржински мост“, каде возот удрил во засега непознато машко лице кое се наоѓало на пругата. Од силината на ударот, лицето починало на лице место. Во моментот […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2017 17:02
•
Posted by: MK News
Синоќа во 21,20 часот во Медицински центар Струмица е донесен починат Ѓ.Ј.(39) од с.Подареш-Радовиш.Истиот претходно на реката Стара Река, помеѓу селата Злеово и Владевци, ловел риби со помош на агрегат за електрична енергија, при што се здобил со струен удар. Увид на лице место извршиле Јавен обвинител и екипа од Надворешна канцеларија за криминалистички работи […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2017 16:56
•
Posted by: MK News
Вчера, околу 09,00 часот, во Скопје на ул.„Мелничка“, Р.С.(67) била физички нападната од нејзиниот син О.С.(41), кој со дрво ја удирал во пределот на телото и ја бркал од дома. Р.С. успеала да избега и побарала лекарска помош во Св.„Наум Охридски“, каде и се констатирани телесни повреди, по што настанот го пријавила во Полициска станица […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2017 16:54
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 22,30 часот. во Гостивар. на ул.„Панче Попоски“ во стан сопственост на А.Х., додека седел дома со семејството, дошле А.Х., Р.Х., Е.А., М.А., Џ.Х., Џ.Х., Р.Х., Н.А и други лица и почнале со стапови да удираат по прозорите, а потоа ја отвориле влезната врата од станот и влегле внатре и физички ги нападнале внатре […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2017 16:53
•
Posted by: MK News
Вчера околу 15,10 часот, на магистралниот пат Штип-Радовиш, пред с.Чифлик, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Ландровер“, сопственост на МВР- ЕБР, управувано од 37 годишен полициски службеник, излетало од коловозот и се превртело. По незгодата, возачот и тројца сопатници се пренесени во Медицински центар Штип, каде на едно лице му се констатирани […]
______________________________________________________________________________________________________
14/07/2017 16:45
•
Posted by: MK News
Скопјанец, роден 1954 година, починал откако му се слошило за време на свеченото отворање на фестивалот „Охридско лето“. Присутни на трагичниот настан, за Супер радио и Охрид прес, потврдиле дека лицето се пожалило дека не му е добро и побарало помош. Следела брза реакција на екипите на Итната медицинска помош и лекари од Заводот за […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2017 13:31
•
Posted by: MK News
52-годишен маж од струмичка Нова Маала пријавил дека неговата сопруга Ш.М(40), претходниот ден околу 11 часот ја напуштила куќата. Струмичанка вчера пријавила дека околу 08 часот нејзината 14 годишна ќерка се оддалечила од својот дом и заминала во непознат правец. Скопје, пак, пријавил дека во вторникот околу 15.30 часот од семејниот дом се одалечил неговиот […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2017 13:28
•
Posted by: MK News
Полицијата во Крива Паланка поднесе кривична пријава против Л.С.(48) од с.Герман и известување против нејзиниот 17 годишен син за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 27.06.2017 година, околу 20,00 часот, на местото викано „Леви Рид“, атар на село Герман, пријавените без надзор чувале и со себе воделе четири агресивни кучиња, без заштитна кошница, кои […]
______________________________________________________________________________________________________
13/07/2017 13:20
•
Posted by: MK News
Седумдесет и деветгодишниот Ј.Х. од с.Орашје-Јагуновце вчера пријавил дека во периодот од 2015 до 2017 година, неговиот внук кој имал пристап до неговата трансакциска сметка и платежна картичка без негово знаење и согласност, од банкомати подигнал околу 1.820.000 денари. Подигнатите пари, внукот ги присвоил за себе. СВР-Тетово презема мерки за расчистување на настанот.
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2017 18:55
•
Posted by: MK News
На регионалниот пат Градско – Неготино кај локалитетот Стоби, вечерва околу 19 часот „киа“ управувана од маж чиј идентите засега не е познат, излетало од коловозот и се превртело. МВР информира дека возачот починал на лице место.
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2017 18:52
•
Posted by: MK News
Во скопското село Арачиново од синоќа се спроведува полициска акција за криумчарење мигранти. Од Министерството за внатрешни работи велат дека полицајците се сè уште на терен и во моментов нема официјална потврда за приведени лица или за пронајдени мигранти. Повеќе информации од МВР најавуваат во текот денот.
______________________________________________________________________________________________________
10/07/2017 18:31
•
Posted by: MK News
Скопјанец ја повредил со тесла својата снаа од брат поради нерасчистени имотно-правни односи.Инцидентот се случил вчера околу 20 часот во селото Мирковци кога 59-годишниот Б.П. и нанел неколку удари во пределот на главата на 54-годишната С.П. Повредената е пренесена во Клиничкиот центар во Скопје и се наоѓа во животна опасност. Б.П. е приведен во полициската […]
______________________________________________________________________________________________________
08/07/2017 22:41
•
Posted by: MK News
Лицето Т.Т. од скопската населба Радишани ноќеска во 2 часот пријавила во ЕИК-Скопје дека синоќа околу 22:15 часот додека прославувале роденденска забава на нивното дете во дворот од семејната куќа во Радишани, дошле поголема група малолетнци кои почнале недолично да се однесуваат, да пцујат, да се закануваат по нејзиниот и животот на нејзиниот сопруг и […]
______________________________________________________________________________________________________
07/07/2017 17:00
•
Posted by: MK News
Вооружена драма синоќа се одвивала во скопското село Сарај на бензинската пумпа “Имо Оил”. На бензинската во 2 часот по полноќ влегле три маскирани лица, кои имале автоматски пушки во рацете. Полицијата информира дека го нападнале вработениот и му одзеле 20.000 денари, заедно со неговиот паричник во кој имал 1.000 денари и документи. Потоа, вооружените […]
______________________________________________________________________________________________________
06/07/2017 15:55
•
Posted by: MK News
Вчера попладне 13,20 часот во Куманово на ул.„Браќа Филиповиќ“ во куќата на Ф.И. (28), била пронајдена почината неговата девојка М.К. (27) од Куманово. Од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт, без видливи траги на насилство.Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2017 16:11
•
Posted by: MK News
Триесетина минути по полноќ во ЕИК-Скопје, Т.Ч. пријавил дека на улицата „Архитект Никола Добровиќ“, во станот на нивниот сосед кој живеел сам, се ширела непријатна миризба. Поради тоа соседите се посомневале дека тој бил починат и повикале полиција. Влезната врата била отворена со бравар, а на местото на настанот бил повикан и неговиот брат. Бил […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2017 16:10
•
Posted by: MK News
Од страна на Итна медицинска помош вчера во полиција во Куманово било пријавено дека во куќа на улицата „Романија“ е пронајдено женско лице со прострелна рана во пределот на градите. Полицијата денеска информира дека по извршениот увид било констатирано дека во временскиот период од 08,30 до 17,00 часот, 46-годишната Т.Ш. додека била сама во куќата, […]
______________________________________________________________________________________________________
05/07/2017 15:47
•
Posted by: MK News
Мајка со нејзините две малолетни деца од Скопје е пријавена за исчезната. Случајот во полиција го пријавил сопругот, кој во полициската станица кажал дека тие се оддалечиле во непознат правец во понеделникот околу 10.30 часот. Децата, според полициските информации, се на возраст од една и три години. Покрај овој случај, надлежните регистрирале уште неколку пријави […]
______________________________________________________________________________________________________