Archive | Македонија RSS feed for this section

Не ве бива за оро – еве како да научите да играте пајдушко, циганчица, елено моме..

Се појави апликација на андроид маркетот Google play која помага побргу и полесно да научите да ги играте македонските ора.

______________________________________________________________________________________________________

Нема лабаво – административците ќе мора еднаш неделно да одат на фитнес

Вработените во сите министерства, државни агенции, фондови, бироа и останати органи во државната управа, со заклучок на Владата на седницата на 22. минатиот месец, ќе спортуваат еднаш неделно, пишува Вест. Владата донесе заклучок со кој ги задложува сите државни органи- министерства, државни агенции, фондови и бироа да обезбедат простор за спортување, како што се спортски […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишани претседателските избори – ќе бираме на 13 април

Претседателските избори ќе се одржат на 13 април. Ова денеска го истакна претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски по потпишувањето на Решението за распишување избор на претседател на Република Македонија. – Решението за распишување на изборот ќе биде доставено до Државната изборна комисија (ДИК) како орган за спроведување на изборите, како и до министерствата […]

______________________________________________________________________________________________________

Распишан тендер за плоштадот „ВМРО“

Градот Скопје забрзано работи на реализација на неодамна вцртаниот плоштад „ВМРО“ кој ќе биде лоциран пред новото седиште на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ кое моментално се гради во центарот на градот. Објавен оглас за избор на градежна компанија што ќе го изведе овој проект, чија вредност е проценета на 88.983.050 денари или над 1,4 милиони евра, […]

______________________________________________________________________________________________________

Автомобил паднал во провалија на средно Водно

Ж.Т. од планинарско друштво „Бистра“ вчера попладнето пријавил во полиција дека кај локалниот пат за средно Водно, во близина на детското одморалиште имало паднат автомобил во провалија. Униформирани полициски службеници излегле на лице место, при што пронашле автомобил  „Опел Вектра“ со скопски регистерски ознаки, бела боја паднато во провалија, кое било затворено и празно и […]

______________________________________________________________________________________________________

За МПЦ Божиќ е на 7 јануари, без разлика дали во Белград ќе е на 25 декември

Македонската православна црква-Охридска Архиепископија нема да го менува календарот по кој се слават верските празници, без разлика дали СПЦ, како што најавуваат српските медиуми, веќе следната година може Божиќ да го слави по новиот грегоријански календар на 25 декември, пишува Денешен.  Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за 9 март оваа година закажал состанок на сите поглавари на […]

______________________________________________________________________________________________________

(ВИДЕО) Меѓунационална тепачка во Ѓорче

Поголема група полициски службеници ноќеска се упатила во скопско Крушопек по пријава за можност за масовна тепачка. Како што јавува Алмакос, тензиите ексалирале по расправија за фудбалски натпревар, по која група од 20 лица од македонска националност кои се уште не и се познати на полицијата каменувале автомобил марка „голф“ на жител од селото Крушопек. […]

______________________________________________________________________________________________________

Странци даваат 17.000 евра за македонски елен – Јасен меѓу 10 најпознати ловишта во свет

Државните ловишта во Македонија се лидери на Балканот, а веќе три години се истакнуваат пред конкурентите од Грција, Бугарија, Србија, Црна Гора и Хрватска, велат од ловиштето Јасен. „Јасен“ веќе три години е едно од десетте најпознати ловишта во светот. Ловци од Русија, Австралија, САД, но и од  Нов Зеланд плаќаат и по 17.000 евра за […]

______________________________________________________________________________________________________

Паркирањето останува бесплатно во Карпош и Ѓорче

И покрај најавите дека е можно воведување зонско паркирање во неколку скопски општини, меѓу кои и Карпош и Ѓорче Петров, општинските власти од таму велат дека нема да има промена во моделот на паркирање и дека граѓаните и понатаму ќе ги користат бесплатно отворените паркинг простори пренесува Плус инфо. Повеќето општини жестоко се спротивставија на […]

______________________________________________________________________________________________________

И Македонци меѓу заболените на брод во САД

На туристичкиот брод на компанијата „Ројал Карибиен“, каде што заболеа приближно 700 патници и членови на екипажот, имало и Македонци, Срби, Црногорци, Хрвати и Босанци, пишува Телеграф. Според информациите на порталот присутните од Балканов биле со работни договори на бродот, а работеле на различни позиции, кувари, инженери и друго. Вирусот направил вистински хаос на бродот, […]

______________________________________________________________________________________________________

500 евра за светиниколските „стари ергени“ ако се оженат оваа година

Со 500 евра светиниколскиот градоначалник ќе ги стимулира сограѓаните кои зачекориле во четвртата деценија од животот, а кои се уште немаат оформено брачна заедница ако тоа да го сторат во текот на оваа година. Идејата, денеска доби зелено светло од општинскиот совет. Од утре стапува на сила. Неофицијално, според општинските власти бројката на неженети се […]

______________________________________________________________________________________________________

Интернетот полн со апели за помош за лекување

По медиумите и социјалните мрежи постојано се вртат барања за донации за собирање пари за подобрување на нечие здравје. Бројот на оние што бараат донации, се чини, се намали откако државата определи дека 200 евра ќе биде највисоката партиципација што ќе ја плати болниот, наместо 20 проценти од вкупната сума, како што беше пред повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

Села ќе ги менува имињата на училиштата – немало ниеден албанец

Имињата на училиштата и улиците во Струга треба да се менуваат зашто повеќето од нив влечат корени од претходниот режим кога Македонија беше во рамките на СФРЈ, а од друга страна во градот нема улица што носи име на истакнат Албанец, смета струшкиот градоначалник Зијадин Села, пренесува МИА Според него,  називите треба да ги предлагаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Дали ќе треба да се плаќа отштета на „Висарис“ за поништување на тендерот од етички причини?

Министерството за здравство не ги појасни деталите околу раскинувањето на договорот за набавка на медицинска опрема од фирмата „Висарис“, сопственички поврзана со новинарката Ивона Талевска, пишува Фактор.мк. Министерот за здравство Никола Тодоров од собраниска говорница објави дека договорот е раскинат од „етички причини“, но не и какви последици ќе има ваквиот потег. Според првичните информации, […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре ќе се распишат претседателските избори

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, во интервју за МИА соопшти дека утре ќе ги распише претседателските избори и ќе го соопшти датумот на нивното одржување. – Уставна надлежност и обврска на претседателот на Собранието е да ги распише изборите. Во конкретниот случај имаме редовни претседателски избори кои треба да се одржат во периодот од 12 март до 12 мај […]

______________________________________________________________________________________________________

Од утре задолжително електронско пријавување и одјавување здравствено осигурување

Сите фирми од утре задолжително ќе треба да ја користат електронската услуга – пријава и одјава на здравствено осигурување преку веб порталот на Фондот за здравствено осигурување на Македонија. Директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева Змејкова за МИА изјави дека електронската услуга за фирмите е воведена во декември и тие пријавувањето и одјавувањето на вработените и […]

______________________________________________________________________________________________________

Екс-известувачот за Македонија во ЕП – осуден на 2 ипол години затвор за корупција

Поранешниот известувач за Македонија во Европскиот Парламент, Словенецот Зоран Талер е осуден на две ипол години затвор и парична казна поради корупција додека беше пратеник во Европскиот Парламент. Тој беше фатен во корупски скандал. Талер „се закачил“ на јадицата на англискиот Сандеј тајмс чии новинари му се претставиле како лобисти и за награда од 100.000 […]

______________________________________________________________________________________________________

И куќата на Жерновски во барок – Битката против барокот стана лична борба

Се ликува од страна на Владата дека ќе се изврши барокизација на фасадата на мојата семејна куќа, ова е противуставно влегување во приватноста на сопствениците и како општина планираме да ги обжалиме измените во Законот за градење кои ќе се донесат, изјави градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски, по најавите дека со новиот бран фасадни реконструкции […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1