04/02/2014 15:08
•
Posted by: MK News
ЕЛЕМ го тресе директорска чистка, пишува Фактор, повикувајќи се на извори од енергетските компании. Од директорските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, Јасна Иванова Давидовиќ, Коста Папастеревски и Славица Бесова, сите секторски директори, луѓе кои важеа за блиски на поранешниот генерален директор Влатко Чингоски. -Од директоските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, директор за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Сингапур со просечен коефициент на интелигенција (IQ) 108 се наоѓа на првото место на листата на најпаметни држави во светот, додека Македонија е на 16. позиција со IQ 91. Листата изработена врз основа на десетгодишен труд на тим истражувачи составен од британскиот психолог Ричард Лин, финскиот политиколог Тату Вананен и холандскиот психолог Јелте Вичертс содржи анализирани податоци за интелигенцијата на жителите на 113 […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2014 09:37
•
Posted by: MK News
Сите здруженија на новинари од Република Македонија најдоцна до 10 февруари 2014 година, до Министерството за информатичко општество и администрација треба да достават регистар на евидентирани членови и потврди за уплатена членарина за тековната година. Целта, како што соопшти Министерството за информатичко општество и администрација, е да се утврди кои две здруженија на новинари од Република Македонија […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Се поголем број македонски граѓани ги носат своите деца на вакцинација во соседна Србија. Како што велат дел од родителите, нивните деца имаат право да бидат имунизирани на модерен начин и да ја примат петвалентната вакцина што во земјава се уште не е воведена. Новата вакцина во Србија од неодамна е ставена на календарот за […]
______________________________________________________________________________________________________
04/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Цената на електричната енергија за компаниите кои од 1 април ќе ја набавуваат на слободниот пазар ќе се намали од 13 до 17 отсто, во зависност од тоа на кое напонско ниво се приклучени. Од 1 април, 222 компании веќе нема да бидат тарифни потрошувачи, туку ќе набавуваат струја на слободниот пазар. Со ова дојде […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 15:30
•
Posted by: MK News
Причина за смртта на жирафата Орка не била ниту вродена срцева маана, ниту неодговорен однос на вработените, туку воспаление на дванаесетпалачното и тенките црева, предизвикано од ешерихија коли, пренесува Курир. Деканот на Факултетот за ветеринарна медицина, Дине Митров истакна дека веднаш биле повикани да направат испитувања за смртта на Орка, потенцирајќи дека животното претходно не […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 13:00
•
Posted by: MK News
Американскиот офицер што во Македонија се поврзува со влегувањето со автобуси во опсаденото Арачиново и извлекување на групата на ОНА, денес, 12 и пол години подоцна, иронично, пак е задолжен за автобуси, но како секретар за транспорт на Северна Kаролина, една од најголемите американски сојузни држави. Тејта со прифатил да разговара со Цветин Чилиманов, Дописник на […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 12:15
•
Posted by: MK News
Во рамките на единаесеттата седница на Советот на Општина Карпош, која денеска се одржа во Амфитеатарот на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, советниците позитивно се изјаснија за Предлог – Програмата која опфаќа изменување и дополнување на Програмата за образование за основните училишта во Карпош за 2014 година. Локалната самоуправа ќе обезбеди парични средства во вредност од […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 11:45
•
Posted by: MK News
Морав да позајмам 70.000 денари од народот за да го платам долгот од 138.000 денари за придонесите. Нешто пари позајмив од татко ми, а остатокот е од она што јас го имав заштедено. Kога и како ќе им ги вратам парите, не знам. Нашиот храм нема пари, а како и ќе има, кога во четирите […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 11:15
•
Posted by: MK News
Европскиот суд за човекови права во Стразбур, кој со години е преплавен од огромен број тужби, поради што за пресуда се чекаше и по неколку години, од почетокот на јануари го стега ременот за поднесување на апликациите. Изменета е апликацијата што може да се симне од интернет-страницата на Судот во Стразбур и отсега е предвидено […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 10:45
•
Posted by: MK News
Друга новина е давање надлежност на извршителите да прибираат материјални докази. Станковиќ сликовито објаснува дека ако, на пример, некој го поплави комшијата, наместо да пријавува во суд и да чека подолго време надлежните службеници да направат записник, ќе може да повика извршител, кој за кратко време ќе ги собере сите материјални докази, ќе ја согледа […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 09:45
•
Posted by: MK News
Државни органи и институции само во периодот јули-септември 2013 година потрошиле 21,3 милион евра на набавки со директно преговарање и без да се објави оглас, пишува Нова Македонија Јавни набавки се договараат во четири очи Центарот за граѓански комуникации го претстави најновиот извештај од мониторингот на јавните набавки во третиот квартал годинава, според кој вредноста […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 09:39
•
Posted by: MK News
Владата одобри 20 локации за детални геолошки истражувања и 6 за еклоатација на минерални суровини. Според министерот за економија, Ваљон Сарачини инвеститорите за најдоцна 30 дена ќе треба да уплатат 35 милиони денари од кои најголемиот дел ќе завршат во општинските каси. Овие локации се добиени по пат на јавно наддавање кое за прв пат […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 09:30
•
Posted by: MK News
Договорниот орган АД Електрани на Македонија Скопје преку електронскиот систем обајви тендер за изградба на ски центар Водно, пренесе „Скопје инфо“. Според тендерот, инвеститорот ќе биде должен да изгради четири ски-патеки на Водно од Крстот кон Нерези со вкупна должина од 3850 метри. Исто така, тој, ќе мора да изгради и три ски-лифта со должина […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 09:25
•
Posted by: MK News
Силен и долготраен земјотрес почуствуван и во Македонија ноќеска околу 3 часот. Според сеизмолозите епицентарот на земјотресот бил во грција и тоа со силни 6.1 степени. Земјотресот го почуствуваа и скопјани. Се уште нема информации дали овој силен земјотрес причинил штета во Грција Magnitude Mw 6.1 Region GREECE Date time 2014-02-03 03:08:46.0 UTC Location 38.29 […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 09:00
•
Posted by: MK News
Јавното сообраќајно претпријатие Скопје за инвестиции оваа година ќе одвои повеќе од 6,5 милиони евра Над 12 милиони евра ќе го чини ЈСП Скопје, проектот Панорамско тркало. Оваа година со Инвестиционата програма проектот се предвидени близу 976 илјади евра, а различни суми ќе се одвојуваат и во следните четири буџетски години. Според планот изградбата треба […]
______________________________________________________________________________________________________
03/02/2014 08:30
•
Posted by: MK News
Сончево и ветровито време најавуваат метеоролозите. Се очекува засилен јужен и југоисточен ветар а во западните предели ќе дува источен и североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од -6 до 1 степен додека пак дневната температура ќе се движи од 1 до 8 степени.
______________________________________________________________________________________________________
02/02/2014 17:31
•
Posted by: MK News
Триесет и три годишниот Блаже И. кој загина вчера во сообраќајната несреќа кај Мавровка, ја носел 21-годишната сопруга И.С. на породување, пишува Курир. Според информациите починатиот поради болките кои ги имала неговата сопруга возел со пуштени четири трепкачи, а покрај него и сопругата во автомобилот била и неговата мајка и семеен пријател. Неговата сопруга која […]
______________________________________________________________________________________________________