11/11/2013 09:45
•
Posted by: MK News
По повод Денот на ослободување на градот Скопје, 13 Ноември, традиционално се одржа Ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“. Стартот на трката го означи градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, со пукање во воздух, објави А1он.
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Проценките се дека во моментов над 5000 новоизградени станови на македонскиот пазар се непродадени. Во првата половина од 2013 година станбениот сектор во Скопје бележи значителен раст. За 90% се зголемил бројот на нови станови пуштени во употреба, во однос на втората половина на 2012-та година. Станбените капацитети во моментот на пуштање во употреба (издаден […]
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2013 09:19
•
Posted by: MK News
Управата на дебарската гимназија Здравко Чочковски” донесе одлука со која им се забранува на учениците да одат на настава со мобилни телефони. – Свесни сме дека живееме во модерно време, на интернет, но сакаме наставниот процес да се одвива како што треба, вели директорот Ќерам Леши, Пренесува Вечер. Според него, најголем виновник што учениците носат […]
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Овој месец повисоки цени има зеленчукот, месото, млечните производи и средствата за хигиена… Додека платите тапкаат во место, не престанува трендот на раст на цените на прехранбените производи. За денар, два, три, десет… цените на речиси сите стоки овој ноември се повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Само кај мал дел на производи […]
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Основниот суд Скопје 1 ја осуди Р.П. ( 54 години ) од Скопје, управител на неколку друштва за внатрешна и надворешна трговија на казна затвор од една година за кривичното дело кражба на електрична енергија. Обвинетата Р.П. извршила манипулација на броилото при што истото не ja регистрирало соодветно потрошената електрична енергија, со што се здобила […]
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Oд јануари в година, Здравствените легитимации заминуваат во историјата. „Ќе се воведе електронски здравствен картон и електронски дневник. Со тоа повеќе нема да се води тројна евиденција и да се губи време на администрација, туку целата евиденција ќе биде електронска. На овој начин лекарите ќе имаат повеќе време да им посветат на пациентите и на […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 22:22
•
Posted by: MK News
Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев на најдобар можен начин покажува како се вложува во подобри услови за македонскиот фудбал откако купи автобус за потребите на фудбалската школа „Академија Пандев“. Отсега младите фудбалери ќе имаат сопствен превоз за сите свои настапи во државата, но и надвор од неа, кога ќе учествуваат на многубројните меѓународни турнири. Исто […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 19:46
•
Posted by: MK News
Нуркачите од спелеонуркачкиот клуб „Врело“ и од нуркачкиот клуб „Акватек“ од Скопје, како дел од нивната подводна експедиција во водите на езерото Матка, денеска најдоа остатоци од темели за кои се верува дека се од стара македонска црква. Оваа акција имаше за цел да ја истражи и документира структурата на дното на езерото, каде под просторот на денешното […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 17:20
•
Posted by: MK News
Родителите и старателите кои во училиштата оставиле контакт телефон имаат можност, еднаш неделно на својот мобилен телефон да добиваат бесплатна СМС порака со информации за тековните активности, оценки и поведение на нивните деца, информира министерот за образование и наука Спиро Ристовски. – СМС услугата ќе се реализира преку трите мобилни оператори во земјата кои беа вклучени во […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 15:11
•
Posted by: MK News
Причина за смртта на младото момче кое вчера падна од провалија висока 20 метри кај изворите на Бабуна под Солунска глава, бил ударот со глава во камен, информираат од велешката полиција. Атанас Л (24) во 13 часот и 30 минути се движел во група од шест лица на возраст од 20 до 30 години меѓу кои била […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 14:25
•
Posted by: MK News
Новинарот и сопственик на списанието „Капитал“, Љупчо Зиков, ќе ја предводи Алијансата за позитивна Македонија. Зиков, на денешното основачко собрание на Алијансата, како единствен кандидат за претседателската позиција, беше избран со акламација. Бизнисменот Минчо Јорданов е избран за претседател на Советот на Алијансата за Позитивна Македонија. Иницијатори на создавањето на Алијансата за позитивна Македонија се […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 12:38
•
Posted by: MK News
Охридските кошаркарски надежи забележаа победа без примен кош над своите врсници од Кичево, совладувајќи ги со 62-0. Гледачите кои имале можност да го проследат дуелот, ваквиот епилог од крајот на натпреварот го прифатија со шок и неверување поради резултатот и инфериорноста на гостите, пренесе ohridnews.com. Тоа што го направија Колибрите во „Билјанини извори“ против Кичево […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Од шеталиштето и централниот дел на Охрид веќе почнува да се наѕира новото градителско „чудо“ кое се гради на Плаошник. Со габаритот, но и тајновитоста со која се одвива целиот проект, тој уште неизграден веќе успеа да ги подели мислењата кај охриѓани. Едни го одобруваат и велат дека е добро да се возобнови Светиклиментовиот универзитет […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 23:02
•
Posted by: MK News
Почина момчето кое планинареше на Јакупица и кое падна во бездна длабока 20 метри. Неговото тело доцна попладне беше извлечено од бездната. Засега не се открива идентитетот, додека семејството не биде известено, но се дознава дека станува збор за 24 годишно момче од Скопје, јавува Телма. Несреќата се случила, денеска, околу 13.30 часот во близина […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 19:24
•
Posted by: MK News
Полицискиот хеликоптер го пронајде момчето од Скопје, кое денеска паднало во длабока провалија на реката Бабуна. Планинарот е пренесен во Ургентниот центар. Засега нема информации за здравствената состојба на повредениот. Повеќе информации се очекуваат подоцна. Инаку, нема повредени меѓу деветмината планинари од Битола кои денеска се таму.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 17:55
•
Posted by: MK News
Момче од Скопје паднало во провалија на реката Бабуна и сега се чека хеликоптер кој треба да го извлече од провалијата- објави Тера Телевизија. Како што јавил репортерот на Тера телевизија, кој со неколку планинари од Битола денеска е на Солунска Глава, се случил инцидент во кој едно лице паднало во провалија на реката Бабуна. […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 13:14
•
Posted by: MK News
СДСМ донесе одлука кандидат за претседател на ДИК да биде Никола Рилкоски. – Станува збор за принципиелен човек, што го има докажано и при извршувањето на повеќе високи позиции и во неколку јавни претпријатија. Уверени сме дека господинот Никола Рилкоски ќе ги исполни законските обврски што ги бара функцијата за којашто се кандидира, како и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2013 12:35
•
Posted by: MK News
Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) пред неколку месеци објави конкурс за избор на идејно решение за реконструкција на фасадата на објектот, во кој е сместена дирекцијата на оваа државна компанија во строгиот центар на Скопје, веднаш до зградата на Телеком. Скопјеинфо, ексклузивно објавува фотографии од планираниот изглед на новата зграда. Останува вие да оцените дали […]
______________________________________________________________________________________________________