Archive | Македонија RSS feed for this section

Од денеска струјата е поевтина

Тарифните потрошувачи од денеска ќе плаќаат поевтина електрична енергија за 4,48 отсто, односнo по средна вредност од 4,731 денар за киловат час. Одлуката за намалување на цената на струјата за домаќинствата ја донесе Регулаторната комисија за енергетика во петокот, а ќе важи до 1 јули идната година. Регулаторната комисија за енергетика првично предложи цената на електричната енергија за […]

______________________________________________________________________________________________________

Бучковски осуден – доби 3 години затвор за тенковските делови

Владо Бучковски и Методи Стамболиски осудени се на три години затвор, Нелко Менкиновски и Ацо Ѓурчиновски на две години Митре Петковски, три години затвор во случајот „тенковски делови”, јави Макфакс. Сите се товарат дека сториле едно кривично дело „злоупотреба на службената положба” и треба солидарно да ја вратат отштетата која изнесува повеќе од два милиони […]

______________________________________________________________________________________________________

Шок и тага во семејството – братот го идентификувал загинатиот скопјанец, дечињата и жената

Шок и тага во семејната куќа на семејството Лузевски во селото Скопско Поле поради трагичната смрт на четиричленото семејство кое загина завчера во страотна сообраќајна несреќа на магистралниот пат Kуманово-Kрива Паланка, пишува Дневник. Со неверување роднините и пријателите ја примиле трагичната вест, надевајќи се дека сепак не е вистина. Таткото на загинатиот 39-годишен Љупчо Лузевски […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Јани Макрадули распали по Заев и Шеќеринска на facebook

Јани Макрадули на Facebook упати критики до новите политики на Заев околу тоа, тој да ги назначува и разрешува Претседателите на општинските органзиации, пишува Maxim.mk Foto – Maxim  

______________________________________________________________________________________________________

Од затворски новинар до газда и назад – Бобo пак ќе го уредува затворскиот весник, ако дојде во штипскиот затвор

Притворениот сопственик на порталот комуникација.мк, Бобан Насев (31) кој се товари за повеќе измами тешки над 20 илјади евра, пред 5 години во штипскиот затвор додека издржувал казна затвор заради слично дело го уредувал весникот “Виножито” што го издава затворот во Штип. Во затворот велат дека Насев бил примерен затвореник и успешно го уредувал весникот […]

______________________________________________________________________________________________________

Шекеринска избрана за заменик на Заев

Делегатите на 15-тиот Конгрес на СДСМ едногласно ги усвоија предложените измени и дополнувања на Статутот на партијата. За заменик-претседател на партијата едногласно е избрана Радмила Шекеринска-наведено е во кусото соопштението од СДСМ.

______________________________________________________________________________________________________

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Снимка веднаш по несреќата во кумановско

Порталот ЗаСе објави снимка од експлозијата во која вчера животот го загубија 6 лица. Внимавајте видеото е вознемирувачко. Вo денешниот билтен стои дека Елена К. настрадала заедно со возачот на БМВ-то Љупчо Л. (39) и двете малолетни деца Петар Л.(6) и Јована Л.(4) Покрај нив, во трагичната сообраќајка вчера животот го загубија и Ласте Ј.(50) […]

______________________________________________________________________________________________________

Роберто Беличанец ќе биде погребан денес во 17 часот во Прилеп

За денес во 17 часот е закажан погребот на Роберто Беличанец, на градските гробишта во Прилеп. Беличанец ненадејно почина вчера во 41-та година од животот. Беше познат како жесток критичар на власта и нејзините политики. „Економски силна Македонија е исто толку важна колку што е важно членството во НАТО и ЕУ! Поважна е… И сега? […]

______________________________________________________________________________________________________

Кочијата e на принуден одмор – се чека нова траса

Новата атракција, пајтонот, не сообраќа низ центарот речиси две недели. Граѓаните кои сакаат да свртат крукче со кочијата велат дека не им е јасно зошто толку брзо ја повлекле од центарот. Од ЈП “Паркови и зеленило”, сепак, појаснуваат дека не станува збор за некој проблем туку кочијата е повлечена само поради продолжување на трасата по […]

______________________________________________________________________________________________________

Денес пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето ќе биде умеренo облачно, а попладне нестабилно со пороен дожд, на места пообилен, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 15 до 27 степени. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 24 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува седум.    

______________________________________________________________________________________________________

Почина Роберто Беличанец

Од срцев удар вечерва почина Роберто Беличанец, познат аналитичар на медиумите, во својата 42 година од животот, јавува Плусинфо. Роберто Беличанец,  директор на Центарот за развој на медиуми според првичните информации починал од срцев удар додека играл баскет. Беше познат како жесток критичар на сите негативности на општеството и на политиката, застанувајќи пркосно во одбрана […]

______________________________________________________________________________________________________

Видео: Страотната глетка од сообраќајката во која загинаа 6 лица од кои 2 деца

Загинаа 6 лица – меѓу кои цело семејство со две дечиња на возраст од 4 и 6 годинки. Со „пасатот” со кумановски таблички управувал полицаецот Л.Ј. (50) од Куманово. Неговиот сопатник кој исто така настрадал во несреќата е 58-годишниот В.Б. Во сообраќајката настрадале и 4 годишниот Ј.Л. и 6 годишниот П.Л, како и нивниот татко, […]

______________________________________________________________________________________________________

Фото: Идентификувани жртвите во трагичната сообраќајка кај Куманово

Полицијата го утврдила идентитетот на шесте жртви во тешката несреќа кај Куманово. Со „пасатот” со кумановски таблички управувал полицаецот Л.Ј. (50) од Куманово. Неговиот сопатник кој исто така настрадал во несреќата е 58-годишниот В.Б. Во сообраќајката настрадале и 4 годишниот Ј.Л. и 6 годишниот П.Л, како и нивниот татко, 39 годишниот Љупчо Л. и неговата […]

______________________________________________________________________________________________________

4 и 6 годишни дечиња меѓу 6-те загинати во трагедијата кај Куманово

Во стравичната несреѓа кај кумановското Смиљчиште настрада цело едно семејство од Скопје. Шест лица ги загубија животите во страшната сообраќајка кој се случи попладнево на патот Куманово- Крива Паланка, потврдуваат од МВР. Несреќата се случила кога автомобил марка „Пасат“, со кумановски таблички, движејќи се кон Куманово, директно удрил во автомобил „БМВ“ со скопски регистерски таблички. […]

______________________________________________________________________________________________________

Охридското езеро старо 2 милиони години – покажаа испитувањата досега

Охридското езеро настанало најмалку пред околу 1 милион и 700.000 години – ова се првичните резултати од испитувањето на староста на Охридското езеро кое траеше два и пол месеци. Истражувањето се вршеше на 4 од првично предвидените 5 локации, од кои една требаше да биде на албанската страна од езерото. Најдрагоцените резултатите се добиле од […]

______________________________________________________________________________________________________

Есма Реџепова-Теодосиевска доби титула Национален уметник и 1000 евра месечно надомест

Есма Реџепова-Теодосиевска е третиот носител на ова највисоко признание од областа на културата, по афирмираните уметници Симон Трпчески, кој беше прв добитник и Милчо Манчевски, кој титулата ја доби лани. Есма ќе добива и 60.000 денари месечно до крајот на животот. Во текот на својата 55-годишна кариера, Есма Реџепова-Теодосиевска оствари повеќе од 12.000 солистички концерти […]

______________________________________________________________________________________________________

Самарас: Скопје да одбере едно име за сите употреби, а ние ќе помогнеме на патот кон ЕУ

Ако сака да влезе во Европа, ние ќе му помогнеме на Скопје, но тие да се откажат од иредентизам и да се согласат на едно име за сите употреби, кое нема да задира во грчкиот карактер на грчка Македонија, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во говорот на деветтиот конгрес на Нова демократија. Според него, проблемите […]

______________________________________________________________________________________________________

Беџети: Бев во дискотеката но не со пиштол и дрога – барам јавно извинување или поднесувам тужба

Министерот за правда Блерим Беџети најави дека ќе поднесе пријава за клевета и навреда против пратеникот на ДПА Беким Фазлиу доколку тој во наредните три дена не искаже јавно извинување за обвинувањата дека поседувал и разделувал наркотични средства во дискотека. – И покрај мојата слаба волја да се занимавам со ова лице кое не заслужува некој да […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1