01/06/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Од јуни па се до ноември на плоштадот „Македонија“ и „Карпошово востание“ ќе се постави т.н „Туристичката стража“ , проект кој за прват се реализираше лани во организација на Бирото за туризам и информации на Град Скопј, во соработка со ДКЦ „Карпош“. Оттука, со идеја за повпечатлива и поверодостојна туристичка презентација на културно-историските споменици, осум […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Дисциплинската комисија на ФФМ го суспендира Ардит Шаќири, фудбалерот на Шкендија кој физички се пресмета со судиите во финалето на Купот на Македонија. Од него е побарана писмена изјава, исто како и од помошните судии на овој меч, по што ќе следи и конечната одлука околу казната на Шаќири. Ардит влезе во жестока расправија со […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Јас не сум тој што го лустрира Kомисијата за верификација на фактите, туку тоа е некој друг човек, кој носи исто име и презиме, изјави вчера Петар Kарајанов, поранешен функционер од времето на социјализмот. – Од документите се гледа дека не станува збор за мене бидејќи јас сум роден во 1936 година, а не во […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Од понеделник, Регулаторната Комисија за енергетика треба да ја соопшти новата малопродажна цена на нафтата и бензините. Дали од вторник ќе возиме поскап или поевтин бензин, ќе се знае откако ќе се направат пресметките. Цената на барел сурова нафта денеска на лондонската берза се спушти за 63 центи, на 101,56 долари. На 20 мај, кога […]
______________________________________________________________________________________________________
01/06/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Одѕивот за огласот што го објави Владата за раководни функции е над очекувањата. Досега се пристигнати околу 640 апликации, а се очекува нивниот број да се зголеми до крајниот рок, изјави премиерот Никола Груевски. – Досега има околу 640 апликации, а се уште не е дојден крајниот рок. Вообичаено, во нашиот менталитет е во последниот ден […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 22:55
•
Posted by: MK News
Невоспитани деца со автомобил застануваат крај женичка која со бастимче си оди крај патот – ја прашуваат демек за патот, а жената прво сакајќи да им помогне им каѓува каде да возат – и нудат пиво а таа вика – не не фала ДА СТЕ ЖИВИ И ЗДРАВИ а овие ПРОСТИ И НЕВОСПИТАНИ ,,ДЕРИШТА,, ЈА […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 21:07
•
Posted by: MK News
Со свирчиња, транспаренти и извици „Слобода за Кежо“ стотина новинари денеска излегоа на протест пред Основниот суд Скопје 1, барајќи ослободување од притвор на нивниот колега Томислав Кежаровски од весникот Нова Македонија. Истражниот судија завчера му одреди 30-дневен притвор, исто како и на останатите седуммина уапсени во полициската акција „Ликвидација“, во врска со убиството на […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 20:52
•
Posted by: MK News
Покрај основната функција на објектот, театарот сам по себе претставува и музеј со оглед дека преку темите на орнаментиката која ги краси ложите во внатрешноста е претставен дел од богатото македонско културно наследство, а посетителите можат да се запознаат со историјата на театарот на овие простори. ФОТО: Нетпрес
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 17:44
•
Posted by: MK News
Речи си целата постава на раководството на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 1992 до 1995 година било прислушувано по наредба на тогашниот Министер за внатрешни работи Љубомир Фрчковски. Како што дознава Press24 од свои извори меѓу лустраторите, покрај партиското раководство, на мета на „големото уво“ биле и сите тогашни поддржувачи на партијата. Па така, се прислушувале […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 17:41
•
Posted by: MK News
– Познатата глумица Мерлин Монро заради кариерата како актерка не сакала да раѓа деца. Нејзиниот живот завршува со самоубиство како последица на тоа што одлучила да се направи хирушки зафат да не може понатаму да раѓа, а потоа откако се јавиле чувството и желбата за мајчинство да роди деца тогаш било поцна и затоа и […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 16:44
•
Posted by: MK News
Денеска во 14 часот и 55 минути на улицата Дижонска број 7 избувнал пожар со кој се зафатени три куќи. Од скопската противпожарна единица велат дека пожарот го гаснеле дваесетина пожарникари, кои, успеале да спречат пожарот да не се прошири. плус инфо
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 16:36
•
Posted by: MK News
Евакуирана е зградата во која се наоѓа Министерството за економија во Скопје, по добиена дојава за подметната бомба.Од МВР информираат дека веднаш откако е пријавено во полиција, екипи за антитероризам ги превземаат неопходните мерки и активности. По деталниот преглед на зградата, полицијата констатирала дека станува збор за лажна тревога. Попладнево, во редакција на дневниот весник „Дневник“ […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 10:19
•
Posted by: MK News
трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10 проценти. – За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Граѓаните ќе можат да пријават евентуални проблеми при пременот од аналогно во дигитално емитување на телевизиските сигнали на бесплатниот телефонски број 190 во контакт центарот на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), соопштиja денеска од АЕК. Република Македонија ќе почне со дигитален пренос на телевизиски содржини на националните и регионалните телевизии во сабота на 1.јуни. Според […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Во еден документ објавен на интернет-страницата на Kомисијата, од 1994 година, се гледа решение со кое тогашниот министер за внатрешни работи донел решение да се примени мерката тајна контрола на телефон спрема лице од Битола. Тоа лице било под обработка на СДБ поради контакти со бугарски дипломатски претставници во нашата земја, со припадници на ВМРО […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Дрво падна на коловозот на улицата “Кеј 13 Ноември” која минува покрај паркингот спроти Холидеј ин кај Дрводекор. Таксистите што стојат таму велат дека дрвото се срушило околу 11 часот и паднало веднаш зад такси возило. За среќа и комбето кое се движело по улицата успеало навреме да закочи за да не падне врз него. […]
______________________________________________________________________________________________________
31/05/2013 09:00
•
Posted by: MK News
Земјите од Шенген зоната спремаат измени на Шенгенскиот договор со кои се предвидуваат построги контроли на надворешните но и на внатрешните граници на земјите. Сепак во новиот договор не се предвидува воведување на визниот режим за дел од земјите првенствено Србија и Македонија од каде беше забележан зголемен прилив на лажни азиланти во земјите од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/05/2013 20:09
•
Posted by: MK News
Гори кај воениот полигон Криволак, а пламените јазици се на метар до военото стрелиште, каде има заостанати експлозивни средства и муниција што останале од претходно изведувани воени вежби. Затоа, велат во штипската противпожарна единица, пожарот е со голем ризик за безбедноста по животот на пожарникарите и гасењето на десетината хектари опожарена ниско стеблеста шума и суви […]
______________________________________________________________________________________________________