19/05/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски во недостаток на идеи што да работи во наредниот период најавува ревизија на проектот „Скопје 2014“ што ќе трае шест месеци, премиерот Никола Груевски како реакција на најавата за ревизија на Жерновски. Тој посочи дека му е мило што Жерновски повторно најавува ревизија на проектот и што конечно ќе почне, […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2013 08:45
•
Posted by: MK News
Поранешниот градоначалник на Охрид, Александар Петрески трошел огромни пари од граѓаните на Охрид за свои лични потреби или задоволување на потребите на своите блиски пријатели и соработници, објавува Курир. Според информациите до кои стигнал порталот, Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ресторански услуги само во 2012 година. Тој направил цех од 700.000 денари во два ресторана […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2013 08:15
•
Posted by: MK News
Во Македонија во недела ќе биде сончево и многу топло. Многу мала можност за локални врнежи од дожд постои во западните предели во попладневните часови. Ќе дува умерен јужен и југоисточен ветер, а во западните предели ќе дува умерен југозападен ветер. Утринските температури од 9°C до 16°C, а максималните дневни температури ќе се движат од […]
______________________________________________________________________________________________________
19/05/2013 07:26
•
Posted by: MK News
Ноќеска околу полноќ, избувна пожар во деловната зграда кај градскиот пазар, во кој изгоре магацински простор на земјоделската задруга “Горица”, информираа од тв „Морис“, која исто така била загрозена од огнената стихија. Сопственикот и главен уредник на телевизијата Јован Трпески изјави дека благодарение на брзата интервенција на противпожарната служба, спречено било ширењето на пожарот во […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 18:26
•
Posted by: MK News
Две цистери кои ќе имаат еден и два водени топови ќе набави Министерството за внатрешни работи поради што завчера е објавен тендер за набавка на две специјални возила кои ќе се употребуваат за одржување на јавниот ред и мир при поголеми нарушувања, а ќе бидат платени на 36 еднакви рати.. „Специјалните возила содржат резервоари за […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Од ВМРО-ДПМНЕ не откриваат каде е сместено партиското седиште и каде се договараат и координираат партиските активност, по уривањето на жолтата зграда во центарот на Скопје, на чие место треба да се изгради нов и поголем објект. Според неофицијални информации, новата (привремена) адреса на ВМРО-ДПМНЕ сега е меѓу населбите Капиштец и Козле, кај зградата на […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 11:49
•
Posted by: MK News
Градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, денеска напладне ќе го објави почетокот на ревизијата на проектот „Скопје 2014“, информираат од неговиот кабинет, пишува плус инфо. Жерновски веднаш откако седна на градоначалничката фотеља најави дека ревизори ќе ги чешлат милионските договри за споменици кои ги склучила општината кога со неа раководеше неговиот претходник од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 11:43
•
Posted by: MK News
Истражувачкиот тим на универзитетот во Торонто, Ситизен лаб, во својот годишен извештај, насловен „Комерцијализација на дигиталното шпионирање- само за нивните очи“, наведува дека и во Македонија има сервер на кој е инсталиран Финфишер. Како што веќе пишуваше MKnews.MK според нивниот извештај во земјава им сервер кој може да испрати штетен софтвер до Вашиот компјутер, прекриен зад популарниот пребарувач Mozilla […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Иницијативата на АЕК за намалување на цените за роаминг би требало да профункционира првин на регионално ниво, информира првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски. – Регулаторите од Македонија, Србија и Црна Гора разговараат трилатерално да ги исклучат роаминг цените во трите држави и ќе треба да се потпише трилатерален договор, изјави Ордановкси. […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 10:52
•
Posted by: Александра Смилеска
Во пресрет на одбележување на Меѓународниот ден на СОС линиите од Првата детска амбасада „Меѓаши“ велат дека благодарение на бесплатната телефонска линија само лани се дејствувало во 18 случаи на сомнеж за сторена педофилија врз деца. Од „Меѓаши“ велат дека најчесто ваквите случаи ги пријавуваат родителите, соседите и роднините на децата. „Децата не пријавуваат сексуална […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 10:45
•
Posted by: MK News
Министерството за образование и наука денеска го објави огласот за избор на архитектонско биро коешто ќе треба да ја изработи проектната документација за изградба на студентскиот дом „Невена Георгиева Дуња“, во рамките на Клиничкиот центар во Скопје, пишува билд.мк. Најповолниот понудувач ќе има задолжение да подготви основен проект, проект на изведена состојба, проект за употреба […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 10:34
•
Posted by: MK News
Алил Демири и Агим Исмаиловиќ немаат косовоско државјанство. Информаијата за Вечер ја потврдиле од Косовското МВР. Во дописот од косовското МВР стои дека двајцата обвинети никогаш не доставиле барање за државјанство во Одделението за државјанство, азил и миграција на Министерството за внатрешни работи на Република Косово. „Со ова паѓаат во вода шпекулациите дека Демири и Исмаиловиќ се и […]
______________________________________________________________________________________________________
18/05/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Со промена на стрелките на часовникот, Владата ќе се бори против кризата. Се размислува времето да се пресметува како во земјите од регионот, јавува Сител. Работното време пресметано по примерот на Грција и Бугарија ќе направи заштеди во буџетот на компаниите и приватните домови велат информациите дадени за Сител. Иако звучи необично академиците од МАНУ […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2013 21:31
•
Posted by: MK News
Сите 236 вработени во McDonalds рестораните во Македонија остануваат на своите работни места и ќе се бара решение за повторно почнување со работа, пишува економски.мк Ова е главната порака што денеска им беше пренесена на сите вработени од страна на сопственикот на компанијата „СЈ“, Светозар Јаневски, на средбата која беше иницирана по негово барање, на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2013 18:48
•
Posted by: MK News
Избегната голема авионска несреќа над Македонија. Според информациите на Алфа тв два големи патнички авиона кои прелетувале над Македонија за малку дирекно ќе се судреле. Според информациите на Алфа за влакно е избегната трагедија Инцидентот се случил пред 10 дена на 7 мај. два патнички авиони биле на иста линија и иста височина, а на пилотите […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Иако се работи за фестивал со кои се слави културата, музиката, единственоста и различноста на европските народи, нашите ,,културни,, соседи повторно по којзнае кој пат си ја покажаа фрустрацијата која ја имаат од Македонија и се што доаѓа од МАКЕДОНИЈА. Се расфрлија со навреди и толкувања на историјата под видеото од настапот на МАКЕДОНСКИТЕ преставници […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2013 10:15
•
Posted by: MK News
Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски најверојатно ќе настапт со заедничка кандидатура. Кој ќе биде новиот кандидат за претседател кој ќе ја бара поддршката на Конгресот ќе треба да се реши во наредните денови. Од СДСМ потврдија дека Извршниот одбор на вечерашната седница ги прифатил сите 4 кандидатури, пишува Прес 24. „Во рамките на […]
______________________________________________________________________________________________________
17/05/2013 10:00
•
Posted by: MK News
„Булгариан Eр“ размислува за воведување редовни авионск линии Скопје-Софија, беше соопштено на работната средба во Македонско-бугарската стопанска комора, каде како што посочија засега се праи анализа за исплатливоста на летовите. „Заинтересирани сме за влегување на македонскиот пазар со воведување авиолинии што ќе овозможат директно поврзување на Македонија преку Аеродромот во Софија, со европските и светските метрополи, […]
______________________________________________________________________________________________________