18/11/2012 11:45
•
Posted by: MK News
Од неколку студија ширум Европа во кои Тоше зпочнал да снима, продучентите собрале шест песни кои ќе ги објават следната година како посебен албум. Една песна е отпеана на српски јазик, и публиката веќе ќе ја чуе на 25 јануари, на денот на раѓањето на нашата легенда.
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2012 11:30
•
Posted by: MK News
Директорот на претпријатието, Стојан Србиноски, вели дека вода за пиење во Скопје има доволно и засега не планира да ја покачи нејзината цена, пишува Вечер.
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2012 11:00
•
Posted by: MK News
Сметките на „Топлификација“ за исклучените корисници од парното греење може да паднат на суд, а компанијата не може да ги тужи неплаќачите бидејќи нема склучено договор со нив. Ова за „Дневник“ го тврдат извори од Регулаторната комисија за енергетика.
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2012 10:15
•
Posted by: MK News
Македонката Елена Анѓеловска се закити со титула Мис Јахт Модел Интернационал 2012. Таа победи на изборот кој се одржа во Кина.
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Од 09 до 12 часот денес без струја ќе останат корисниците лоцирани на улица „Ленинградска“ во општина Центар.
______________________________________________________________________________________________________
18/11/2012 08:45
•
Posted by: MK News
Во Македонија во утринските часови ке има појава на магла која понекаде ке се задржи и претпладне, а во текот на денот ке биде претежно сончево со локална облачност.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 19:48
•
Posted by: MK News
Студентите и професорите од групата историја на уметноста со археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, открија куќа стара 7 милениуми. Куќата е на локалитетот кај селото Ракотинци, Скопско, пишува факултети.мк.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 18:44
•
Posted by: MK News
Статистиката на Клиничката болница во Штип покажува неверојатни податоци. За само еден месец, во октомври, во овој град се родени 100 бебиња, јавува Курир.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 15:05
•
Posted by: MK News
Претседателот на МАССО (Македонска асоцијација за слобода на сексуалната ориентација), Кочо Андоновски, и Марко Ковачевски денеска беа нападнати пред почетокот на Маршот на толеранцијата, јави Мкд.Мк.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 14:56
•
Posted by: MK News
По бројните реакции во јавноста, но и по многуте претставки од субјектите кои треба да плаќаат надомест за музика, Владата најави ревизија.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 10:45
•
Posted by: Андријана Станојовска
За првпат идната година, во Битола и Охрид, ќе се одржи „Фестивал на најдобрата песна на светот“.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 10:00
•
Posted by: Андријана Станојовска
Квалитетен сигнал, зголемен број телевизиски програми за 16 пати, од сегашните 49 на 400, ослободен фрекфенциски опсег и дополнителни сервиси, треба да овозможи процесот на дигитализација со што од 1 јуни следната година македонските граѓани ќе ја следат телевизиската програма преку дигитален сигнал.
______________________________________________________________________________________________________
17/11/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Антибиотици да се земаат само кога е неопходно и со препорака од лекар, а не за каква било настинки или инфекции на горни дишни патишта. Нивното прекумерно, нерационално користење создава отпорност кај патогените микроорганизми кои, наместо да бидат уништени, стануваат отпорни и потенцијален извор на сериозни инфекции.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2012 23:41
•
Posted by: MK News
Пратеникот од СДСМ и кандидат за градоначалник на Скопје, Јани Макрадули, е прогласен за виновен за клевета и треба да му плати 520.000 денари ( 8.500 евра) на директорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков, пресуди Апелацискиот суд во Скопје, пишува Дневник.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2012 19:35
•
Posted by: Андријана Станојовска
МВР уапси 10 лица, сите од Неготино. Тројца биле организатори а седуммина помагачи во измамата која се состоела во тоа што доставувале помалку нафта од количеството што требало да го испорачаат според тендерите кои ги добивале.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2012 16:42
•
Posted by: MK News
На 66 години, по кратко боледување, синоќа во Скопје почина актерот Владимир Ангеловски – Дади.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2012 12:30
•
Posted by: MK News
Македонскиот стартап G6 Solutions победиле на Samsung Smart App Challenge 2012 во организација на Samsung Electronics Ltd.
______________________________________________________________________________________________________
16/11/2012 10:45
•
Posted by: MK News
Генерален директор на данска компанија со претставништво во Дубаи сексуално вознемирувал келнерка од Македонија во клуб покрај плажа, поради што , по законите на Обединетите Емирати му се заканува строга казна, пишува Вечер.
______________________________________________________________________________________________________