11/11/2012 11:15
•
Posted by: MK News
Деветнаесетгодишен скопјанец ги усовршувал своите хакерски способности, така што хакнал илјадници сајтови, меѓу кои и сајтови на општини и си ги менувал како нему му одговара.
______________________________________________________________________________________________________
11/11/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Поради изведување градежни активности на булеварот „Илинден“, во понеделник и вторник, сообраќајот и во двете насоки ќе биде пренасочен на ново асфалтирана делница на потегот од крстосницата со улица „МАНАПО“ до бензинска пумпа „Макпетрол“.
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 22:19
•
Posted by: MK News
Откако завршил натпреварот навивачите на Вардар влегле на теренот за да се пресемтаат со навивачите на Металург. Морало да реагира и полицијата. Нема информации дали има приведени и повредени. Фотографијата е на Нова Македонија. Натпреварот заврши со победа на Вардар Про 27:26 со гол во последната секунда
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 18:08
•
Posted by: MK News
Уште двајца граѓани со коефициент на интелигенција над 140 аплицирале на огласот. Според министерството вчера пристигнале уште две апликации. Едната е од Македонец којшто живее и работи во САД.
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 17:56
•
Posted by: MK News
Државата на јавно наддавање ќе продава конфискуван имот од лица осудени за криминал. На лицитација одат Драган Даравелски и Миодраг Марковиќ кои врз основа на правосилна судска одлука од 2007 и 2008 година го оштетиле Буџетот за 103 милиони денари, односно 544 милиони денари.
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 16:19
•
Posted by: MK News
Министерот за информатичко општество, Иван Ивановски, изразува чест кон турските телевизии и продукции, но смета дека доволно било 500 години под турско ропство, време е наместо турските телевизиски серии на телевизиите да се стимулираат македонски серии, информира ТВПакет.
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 11:15
•
Posted by: MK News
Некои од медиумите вчера по објавата на министерството за здравство дека еден генијалец со 156 IQ веќе се пријавил на конкурсот, шпекулираа околу името кој е генијалецот кој конкурирал. Некои од нив објавија дека се работи за Проф. д-р Октај Ахмед. Тој вознемирен од звонењето на телефонот одлучи на својот сајт да објави демант. Ви […]
______________________________________________________________________________________________________
10/11/2012 09:30
•
Posted by: MK News
Од 1 декември дијабетичарите не треба да одат кај матичен лекар за да им се издаде рецепт за инсулинска терапија, туку ќе можат директно во инсулинска аптека да ја подигнат месечната терапија, јави Миа.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 22:09
•
Posted by: MK News
На 9 степени над нулата, педесетина деца кој беа дел од програмата за свечено отворањето на новата градинка „Пампурче“ облечени во куси ракави и тенки блузички, дечињата пееја и играа. Премиерот Никола Груевски кој беше почесен гостин доцнел 37 минути, јави Телма.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 22:05
•
Posted by: MK News
Спасувачка драма се одвивала вчера попладне во наслебата Карпош, во Скопје. 54 годишен скопјанец се фрлил од мостот Обединети нации, сакал да се самоубие.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 19:43
•
Posted by: MK News
Автомобил, марка „бмв“ било запалено и изгоре, на раскрсница меѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата Никола Тесла, во населбата Карпош, пишува „Нова Македонија“.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 18:48
•
Posted by: MK News
Новите полициски автомобили „Шкода Јети“ интензивно се подготвуваат за да ги заменат старите „Крајслери“.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 17:47
•
Posted by: MK News
Пристигнала првата апликација на огласот на министерот Тодоров за вработување на генијалци како негови советници. Според Министерството за здравство кандидатот доставил сертификат од МЕНСА international.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 17:22
•
Posted by: MK News
Најстариот скопски хотел, препознатлив за Скопје – хотелот „Бристол“ по 90 години постоење, од денеска е затворен. Уште едне препознатлив скопски објект замина во историјата.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 10:30
•
Posted by: MK News
За прв пат во пишан документ од 1869 година година се споменува пастрамлијата. Ова го открила г-ѓа Имрен Јосифова кавадаречка снаа, Ерменка родена во Бугарија. Од таму нејзините родители пред 20 години се преселиле во Турција. При нејзината посета на Велес, јадела пастрмалија и решила да истражи документи кои се на располагање, оти таа е […]
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 10:15
•
Posted by: MK News
Порталот ,,За се,, објави видео снимка која ја снимиле млади на небото над Скопје. Дали е или не е неидентификуван летачки објект? Погледнете го видеото, и слушнете го нивниот меѓусебен разговор.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 10:00
•
Posted by: MK News
Кога во МВР ќе пристигнат новите Шкоди, полицијата најверојатно старите полициски возила ќе ги понуди на продажба, пишува Дневник.
______________________________________________________________________________________________________
09/11/2012 09:00
•
Posted by: MK News
Најдобриот македонски ракометар Кире Лазаров на мечот против Португалија во Еспињо стигна до фантастично остварување – илјада постигнати голови во националниот дрес, пишува порталот ,,Екипа,,
______________________________________________________________________________________________________