Archive | Македонија RSS feed for this section

Филе: Македонци, македонски граѓани, македонска држава, наместо ФИРОМ

Македонци, македонски граѓани, македонска држава, наместо „државјани на ФИРОМ, вашите граѓани и вашата држава“. Ова се пораките кои по средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, денеска на прес-конференција ги испрати еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе.

______________________________________________________________________________________________________

Старите затемнети икони се заменуваат со златни

Златни икони во струмичката црква Свети 15 Тивериополски Маченици

______________________________________________________________________________________________________

За 8 септември бесплатно со воз до Скопје

Сите железнички линии на Денот на независноста 8 Септември и на 9 септември по полноќ ќе биде бесплатен, соопштија од Македонски железници.

______________________________________________________________________________________________________

Во Македонија нема случаи на ,,Западен Нил,,

Комисијата за заштита на населението од заразни заболувања известува дека во Македонија досега нема лабораториски потврден случај на заболени од западно-нилска треска.

______________________________________________________________________________________________________

Цените на становите во Скопје ќе паѓаат

Цената на становите во Скопје оваа година се намали за 2%  а според познавачите цените уште ќе одат надолу.

______________________________________________________________________________________________________

Внимавајте – дете добило алергија на раце од кинески пластелин во Скопје

Дете добило црвенило по рацете, откако си играло неколку часа со кинескиот пластелин купен во една книжарница во Скопје. Лекарите им рекле на родителите дека често има случаи на поблаги кожни алергии, посебно кога се во прашање кинеските играчки.

______________________________________________________________________________________________________

Македонски буџет, а албанска химна за училиштето во Џепчиште – уште една во низата провокации

Со интонирање на албанската химна и во присуство на вицепремиерот Муса Џафери, вчера во тетовско Џепчиште се отвори новото училиште изградено со пари од буџетот. Македонската химна не била воошто интонирана, а сите освен прествникот на општина Тетово зборувале само на албански јазик.

______________________________________________________________________________________________________

Порше – Ка Дис / Порше – Ка Дис – 3 аукција на МВР и уште не е јасно што ќе возат полицајците?

На повторената електронска аукција, според неофицијалните информации на Сител, Порше Македонија е компанијата која понудила најниска цена за околу десет милиони денари.

______________________________________________________________________________________________________

Апелација потврди – 14 год казна затвор за Игор Спасов

Скопскиот апелационен суд ја објави пресудата по жалбата на адвокатите на обвинетиот полицаец Игор Спасов, кој беше осуден на 14 години затвор за убиството на Мартин Нешковски на плоштадот Македонија при прославата на изборната победа.

______________________________________________________________________________________________________

Парична казна за докторката од Ѓорче

Докторката Ксенија Мојсовска која беше дежурна кога пред поликлиниката во Ѓорче Петров почина човек без да му биде укажана лекарска помош доби парична казна 20 насто од плата во рок од три месеци.

______________________________________________________________________________________________________

ЉУБОВТА ЗА АНА НА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

Во романот се опфатени разните видови или фази на љубовта кои ги поминуваат младите во текот на нивниот живот. Посебно внимание е посветено на невозвратената, зависна и психолошка љубов.

______________________________________________________________________________________________________

Пократко седење во кафулиња – се скратува работното време за 1 час

Според Законот за угостителска дејност, од утре почнува зимското работно време на кафулињата.

______________________________________________________________________________________________________

Скопјанка добила труднички болки и се породила на улица кај олимписки базен

40-годишна жена додека минувала крај Олимписки Базен во центарот на Скопје добила труднички болки. Се се случувало многу брзо и таа сама се породила на тревникот пред базенот, јавува Сител.

______________________________________________________________________________________________________

103 педофили во Македонија – 35 години, невработени, во брак – најчестиот опис

Маж на околу 35 години, со ниско образование, невработен, живее во град, оженет и има деца – ова е генералниот профил на педофилите покажала анализата на податоците од Посебниот регистар за осудени лица за педофилија. Каде има регистрирано 103 педофили.

______________________________________________________________________________________________________

Е вака е ред!!!!! – Доживотна спортска пензија за Оливера

Агенцијата за млади и спорт и додели доживотна спортска пензија на Оливера Наковска Бикова, а се очекува наскоро и Владата да и додели еднократна награда. Еднократна награда од 100 000 денари и доделија и од Винер осигурување.

______________________________________________________________________________________________________

Груевски: Оливера Вие сте хероина на нашата земја

,,Вие, Оливера, се запишавте не само на светлите страници на нашиот спорт, туку и на страниците каде се бележат личностите кои постигнале најголеми достигнувања на светско ниво, и треба да уживате во Вашиот успех,,

______________________________________________________________________________________________________

Во 21 век цел месец без вода – село Кривени

Селото Кривени, кое се наоѓа веднаш до Ресен, цел месец е без вода за пиење.

______________________________________________________________________________________________________

Тетовирани велосипеди – Изложба каква што немало досега во Македонија (Фото)

Зошто да немате уникатен велосипед, да си го скроите по мерка? Во Скопје ќе има изложба токму со вакви ТЕТОВИРАНИ ВЕЛОСИПЕДИ. Навистина несекојдневно и интересно.

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1