03/08/2015 12:16
•
Posted by: MK News
Релативно топол август, но со попријатни температури на воздухот во рамките на просечните и за нијанса попроменлив кога се очекуваат и епизоди со врнежи. Ова се проценките на американската Националната океанско-атмосферска администрација која предвидува температурите во месец август да се поповолни за нас, информираат од УХМР. – Повремените дестабилизирања на атмосферата, поради продори на ладен воздух, циклонка […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 11:32
•
Posted by: MK News
Што и да јадете никако не нарачувајте сирење во кафаната Извор во Вевчани, затоа што ќе зажалите. Мало парче сирење чини 410 денари, веројатно охридска пастрмка е поевтина. Според менито парче чини 100 денари, но видете ја сметката Foto – ZaSe.mk
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 10:32
•
Posted by: MK News
Мерењето се врши на крајот од грејната сезона. Тоа што граѓаните го потрошиле во зима, го плаќаат со сметките во летните месеци, рамномерно распоредено, велат од компаниите, пишува Нова Македонија. Со години наназад корисниците на парно греење негодуваат поради високите сметки. Велат дека мораат да плаќаат сметки и до три илјади денари иако е летен […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи на РМ распиша оглас за набавка на безбол капи – летни и зимски капи за припадниците на полицијата. Проценета вредност на договорот без ДДВ е 4.200.000 денари. Главен критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниската цена. emagazin.mk
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Управата за јавни приходи најави дека доколку граѓаните и фирмите не ги подмират заостанатите долгови, ќе отпочне постапка за присилна наплата. Па така, ќе им се блокираат трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, се вели во соопштението. Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Вечерта на празникот Илинден, премиерот Никола Груевски ја искористи за прошетка со своето семејство низ Старата Скопска Чаршија. Откако претходно го посети и Градскиот парк, семејството Груевски помина дел од своето слободно време во време на празничните денови и за дружење во локалите во чаршијата, барајќи истовремено разладување од топлото време како и останатите жители […]
______________________________________________________________________________________________________
03/08/2015 09:17
•
Posted by: MK News
Македонија денес и во вторник ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе услови променливо облачно и нестабилно време со повремен дожд. Во попладневните часови дождот ќе биде пороен, проследен со грмежи Поизразена нестабилност ќе има утре, особено во северните и југозападните делови, каде локално се очекува да има обилен пороен дожд, електрични […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 21:02
•
Posted by: MK News
На плоштадот ВМРО е поставен симболот лав, кој има длабока хералдиска и историска димензија и основаност. Поставувањето на овој симбол на ВМРО-ДПМНЕ на новиот плоштад придонесува за разубавување на изгледот на плоштадот. Foto – Kurir.mk
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 20:56
•
Posted by: MK News
Повредениот српски поп чие семејство вчера загина во тешката сообраќајка кај Гевгелија е транспортиран во Белград. Откако старешината на храмот Свети Сава дознал дека неговата сопруга и двете деца се мртви, лично побарал да биде вратен во неговата земја. Итно било испратено возило на Брза Помош од белградската ВМА кое утринава го презеде Радивој Паниќ […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 20:49
•
Posted by: MK News
Туристичкиот шпиц во Охрид викендов доживува кулминација. Градот е преполн со гости од земјава и странство. Во чаршијата луѓето едвај се разминуваат. На плажите буквално нема каде игла да падне. Полно е и на брегот и во вода, каде рекреативците бараат спас од горештините. Кон и од плажите се патува бавно и во колони. Сообраќаен […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 17:20
•
Posted by: MK News
На 01.08.2015 година околу 16,00 часот на м.в. „Пиперевско поле“ во атарот на с.Доброшинци-струмичко долж реката Турија, Димитар В.(18) заедно со уште три лица отишле да се бањаат во таканареченото место „Барата“ и по некое време истиот потонал во водата. Откако стигнале другарите во селото и повикале помош со нив до вирот пристигнала и противпожарната […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 12:33
•
Posted by: MK News
Денес сме собрани тука на ова место пред споменикот на Методија Андонов Ченто на централниот градски плоштад, плоштадот Македонија, во главниот град на слободна, независна и суверена Република Македонија, да го одбележиме националниот празник 2 август, на ден Св.Илија, кој има повеќекратно значење за Македонија, за Македонците но и за сите граѓани на Република Македонија. […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 12:31
•
Posted by: MK News
Одредите на македонските борци (вкупно 5) кои зазеле позиција за одбрана на Крушево од југоисточната страна со главно упориште на Мечкин Камен, броеле вкупно околу 370 борци од кои само одредот на Питу Гули – околу 100, од кои само 6 од Крушево (Пити Гули, Коста Божинов, Ставре Андрески, Ѓорѓи Димов, Таќа Георгиев и Санду […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 11:50
•
Posted by: MK News
Смрт од срцев удар констатирала медицинска екипа по прегледот на мртвото тело на 46-годишниот Гоце И. од кратовското село Живалево, за кого претходно беше соопштено дека се удавил во Охридското Езеро вчеравечер, соопшти СВР Охрид. Безживотно машко тело синоќа околу 20 часот е забележано во водите на Охридското езеро на плажата „Горица1“. Телото е пронајдено од […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 11:30
•
Posted by: MK News
Катица и Живко Угриновски битката со стерилитетот ја добија со раѓањето на Лука, Лана и Леон. Тишината и тоа што немало кој да растура по дома ги мачеле 12 години. Но тоа се промени пред 12 дена Тројна радост и среќа за мама и тато, круна на нивниот успех, радост и за медицинскиот тим во […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 11:26
•
Posted by: MK News
Гордоста на Македонија, убавиот Охрид повторно е преполн со туристи, како во најдобрите времиња. Но, кога сме кај Охриѓани, како домаќини секогаш знаат да не насмеат. Па така и на оваа фотографија која е направена во близина на плажата Немо, можете да видите на една тезга интересна огласна табла… БИЖУТЕРИЈА- Се по 50 денари … ЗА […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 11:24
•
Posted by: MK News
Камбаните на полноќ го означиле почетокот на Илинденското востание Почетокот на Илинденското востание го објавиле камбаните во Крушево на полноќ спроти Илинден 1903 година. Околу 800 востаници го ослободиле градот, а по два дена Никола Карев ја прогласил Крушевската Република и станал нејзин претседател… Слободната Република траела десет дена. Под команда на Бахтијар-паша, 18-илјадна османлиска […]
______________________________________________________________________________________________________
02/08/2015 11:20
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, особено во северните и западните каде не се исклучува можноста за изолирана појава на град. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот […]
______________________________________________________________________________________________________