Archive | Македонија RSS feed for this section

Драма пред камерата на Сител: Мајката на загинатото девојче префрлена во болница

Пред камерите на Сител попладнево во Шипковица, се одвиваше вистинска драма кога мајката на загинатото девојче на раце беше префрлена во најблиското возило за да и прижат медицинска помош во тетовската болница. Како што изјавија жителите, денеска беше погребано 14-годишното девојче кое вчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица. На мајката, потресена […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Се изведуваат столбовите на Панорамското тркало

По девет месеци од почетокот на градежните работи, работниците на скопски „Бетон“ во моментов ги изведуваат столбовите на објектот Панорамско тркало во коритото на реката Вардар, објави Билд. Овој сегмент од изведбата на реквизитниот објект е најтежок, со оглед на тоа што дел од неговите основи ќе се наоѓаат во самите води на Вардар. Пред […]

______________________________________________________________________________________________________

Од септември нов министер за информатичко општество, Ивановски заминува во меѓународна компанија

Во септември владата ќе добие нов министер за инфорамтичко општество и  администрација. Досегашниот министер, Иво Ивановски, заминува на одговорна позиција во приватна меѓународна компанија, објави МРТ. Во изјава за јавниот сервис, Ивановски вели дека и на новото работно место ќе има можност да работи во интерес на Македонија. Во 2006-та година кога Ивановски станува дел […]

______________________________________________________________________________________________________

ПРЕПОРАКИ: Како да се спречат зарази во поплавените подрачја

По вчерашниот воден пекол кој носеше се пред себе, тетовчани пред нова закана. Излеаните фекалии и комуналниот отпад по  улиците закана од појава на заразни болести. За да не дојде до ваква катастрофа, владата со мерки за заштита на населението. Регионалните центри за јавно здравје треба секојдневно да ја контролираат исправноста на водата и за […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Храбар пожарникар од Тетово со раце се обидуваше да ја одзатне Пена

Човекот на видеото е командир на градската бригада за противпожарна заштита, Ука Алити. Од видеото може да се согледа и количината на шут што водата го повлекла со себе, а кој го попречи текот на реката. Video -A1On.mk

______________________________________________________________________________________________________

Апел од Црвен крст за помош на настраданото население од тетовско

Помош со донирање вода за пиење, средства за хигиена, храна, ќебиња… е потребна за погодените домаќинства во Тетовскиот регион од синоќешното невреме. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 8 до 16 часот секо ден до 15 овој месец. Контакт телефон за предавање донација: 3096-227. Од Црвениот крст […]

______________________________________________________________________________________________________

Силно невреме го зафати кичевскиот регион – најава за невреме и во скопско

Попладнево силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд, ветер и електрични празнења ,го зафати кичевскиот регион За четириесеттина минути сообраќајниците во градот се претворија во мали реки, а во пониските делови на градот се слеваа големи количини на дождовница. За овој период сообраќајот во градот се одвиваше отежнато, но без поголеми застои. Дождот придонесе да […]

______________________________________________________________________________________________________

Погодените од поплавите првично ќе добијат по 30.000 денари помош

Вицепремиерот Владимир Пешевски денес информираше дека се донесени заклучоци од специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово. -Во доцните вечерни часови екипи на Владата на Република Македонија извршија посета на терен каде што директно се запознаа со состојбите и што е она што се случува таму. А направена е и средба […]

______________________________________________________________________________________________________

#HelpTetovo: Како можете Вие да им помогнете на настраданите во тетовско

Доброволци кои сакаат да се пријават може да се обратат на бројот 076 330 113 или да пратат мејл на [email protected]. Од денеска во Тетово е отворен и собирен пункт за прием на донации на паркингот позади зградата на општина Тетово, информираа локалните власти. Потребни се храна и средства за хигиена. Во невремето кое го […]

______________________________________________________________________________________________________

Утре и задутре денови на жалост во Тетово

Утре и задутре ќе бидат денови на жалост, одлучи Советот на Општина Тетово денеска на вонредна седница. На загрозените семејства ќе им биде дадена финансиска помош од буџетот на општината. Водата за пиење во градот е физичко-хемиски исправна, но се уште се чекаат микробиолошките резултати.

______________________________________________________________________________________________________

Попладнево големо невреме во Македонија

Во Македонија попладнево ќе биде нестабилно облачно со дожд, грмежи и засилен ветер. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), поинтензивни и пообилни врнежи се очекуваат во западните и југозападните делови на земјата. Температурата ќе биде од 28 до 35 степени, а УВ индексот 7. За утре, УХМР најавува сончево време со мала до умерена облачност. […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонски фудбалски репрезентативец се бори за живот по вчерашната сообраќајка на Макпетрол

Македонскиот фудбалер Александар Пандовски се бори за живот по тешката сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на излезот од Скопје, пишува Скопје Инфо. Според неофицијалните информации, до несреќата дошло откако возило марка „Голф“ во кое се наоѓале Пандовски и неговиот родител загубило контрола и со брзина од преку 100 километри на час излетало кон […]

______________________________________________________________________________________________________

Се извлекува телото на удавеното детенце – заглавено во кал под куќата

Во Шипковица моментално се извлекува детенце заробено од калта поради поплавите од куќа, јавува порталот Interesno.com.mk порталот јавува дека екипите од Дирекцијата за заштита и спасување ја расчистуваат калта под една куќа, каде наводно имало дете настрадано од поплавите. Поради калта и сметот кој ги донесоа поплавите службите отежнато ја извршуваат работата Foto – www.Interesno.com.mk

______________________________________________________________________________________________________

Братче и сестричка настрадаа при поплавите во Шипковица

Братче и сестричка од Шипковица додека биле во приземјето на семејната куќа, настрадале во поплавите. Едно ипол годишното братче починло, додека по шестгодишната сестричка се’  уште се трага, објави Канал 77. Триесет и пет војници со обучени кучиња се во потрага по телото на исчезнатото девојче. Според министерот за одбрана, Зоран Јолевски  дел од војниците […]

______________________________________________________________________________________________________

ФОТО: Сосема нормални цени на плажа во Охрид

Културен услужлив персонал, одлично средена плажа во Охрид, цените пониски од Скопје. Погледнете ги цените на плажата Гранит во Охрид.

______________________________________________________________________________________________________

ЛИНК ЗА СЛЕДЕЊЕ: КОЛОНИ ВОЗИЛА НА ГРАНИЧНИТЕ ПРЕМИНИ И ПАТАРИНИ

На граничните премини Богородица и Табановце има големи колони, а на останатите гранични премини значително е зголемена фреквенцијата на возила.  Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, соопшти АМСМ. Со 15 камери, поставени од ЈП “Државни патишта“, отсега во живо ќе може да ја следите ситуацијата и да се информирате за моменталната […]

______________________________________________________________________________________________________

Забрането е издавањето соби за туристи во колективни згради во Охрид

Приватните станоиздаватели од Охрид во колективни станбени згради велат дека ќе бидат приморани нелегално да издаваат соби на туристи, бидејќи надлежните институции не им ги продолжуваат истечените решенија за категоризација Според измените во Законот за угостителска и туристичка дејност, се забранува вршење туристичка дејност, односно издавање апартмани, станови и соби на туристи во станбени згради. […]

______________________________________________________________________________________________________

Дали е ова крај на К15 – Штом е оставено на волјата на фирмите, К-15 нема да се исплаќа

Работодавците нема да исплаќаат K-15 на работниците кога повеќе не се обврзани да го прават тоа, вели Здравко Савески, активист и експерт за работнички права во разговор за Радио Слободна Европа. Според него, во многу ретки случаи ќе има исплата на K15, бидејќи работодавците се обидуваат да ги избегнуваат и задолжителните обврски во законот. Господине […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1