07/08/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Олимпискиот базен во Скопје, најголемиот затворен базен во земјава е комплетно реновиран. Има нови тоалети, нови гардероби, комплетно реновирани тушеви. Работи и летната тераса каде со секој купен билет имате бесплатна лежалка. Цената на дневниот билет е 250 денари. Фото – Курир
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 19:41
•
Posted by: MK News
Девет лица се приведени во најновата акција на МВР во која е сузбиена група поврзана со терористички структури од Сирија и други боишта. Тие учествувале во странски војски, паравоени и параполициски формации или врбувале и ангажирале лица преку социјалните мрежи и друга комуникација
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 19:38
•
Posted by: MK News
Краткотрајно, силно невреме со пороен дожд, ветер и грмежи го зафати Скопје. Во одредени делови заврна и град, но невремето не предизвика поголем метеж во сообраќајот. Управата за хидрометеоролошки работи најави нестабилна облачност попладнево, особено во западните и северните делови од Македонија, но и во планинските региони. Температурата ќе се движи од 30 до 36 степени.
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 19:36
•
Posted by: MK News
Куманово попладнево го зафати краткотрајно, но силно невреме проследено со пороен дожд и силен ветер, пренесе МИА. Од Регионалниот Центар за управување со кризи Куманово денеска изјавија дека жители од различни локации од градот ги информирале дека по улиците се слеваат реки поради неможноста на атмосферската канализација да ја прибере количината на надојдената вода. Со […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 19:29
•
Posted by: MK News
Управата за хидрометеоролошки работи за денеска од пладневните часови најавува локален развој на нестабилна облачност, проследена со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи, особено во западните и северни делови, но и во останатите планински региони, пренесе МИА. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец кој во периодите на пороен дожд повремено ќе засилува. […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 11:28
•
Posted by: MK News
Повеќе лица се уапсени во голема антитерористичка акција на МВР насочена против припадници на ИСИС во земјава како и на лица кои врбувале македонски државјани за учество во паравоени формации и лица кои учествувале во истите. Во скопскиот кривичен суд во тек е распит на дел од осомничените кои полицијата ги уапси утрово спроведувајќи голема […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 11:25
•
Posted by: MK News
Шеесет и едно годишниот Раиф Јусуфи од селото Лисец кој пред три дена беше пријавен за исчезнат по невремето во Тетово и тетовско е пронајден починат вчера вечерта. Како што дознава Курир, неговото безживотно тело кое било во фаза на распаѓање го пронашле четворица тетовци во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар. Лицата собирале старо железо […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 11:21
•
Posted by: MK News
Фекалии од кафулињата на плажа во Лагадин се излеаа во водата. Канализацијата речиси еден час истекувала во езерото а сопствениците на кафулињата чекале да дојдат екипи од Комуналец за да ја затворат канализацијата. На туристите им пеостануваше само да се сончаат бидејќи за капење не станува збор. На видеата се гледа која е количината на […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 10:42
•
Posted by: MK News
Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот дошло по претходна расправија помеѓу две групи, пренесе МИА. Според полицијата, три лица од кои двајца браќа, превезувајќи се со „Фолксфаген бенто“ со кумановски регистарски таблички му го пресекле патот на автомобил „Фолксфаген […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 10:33
•
Posted by: MK News
Од 1923 година, кога се воведени хидролошките набљудувања на протоците на реката Вардар, забележани се 4 големи поплави. – декември 1935 година – проток на вода 1.056 м3/сек., бил поплавен мал дел од околината на градот – декември 1937 година – проток на вода 1.080 м3/сек., биле поплавени низводните делови, а градот бил заштитен со насипи […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 10:08
•
Posted by: MK News
МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИЛ Акцијата е во насока за приведување на лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде има воени конфликти. Според првичните информации, приведени се и лица кои врбувале македонски државјани за […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 09:33
•
Posted by: MK News
Пукање со огнено оружје вчера околу 20,45 часот имаше во селото Лопате-Куманово, во близина на пругата, поради претходна расправија, браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од с.Липково со ПМВ „ФВ-Венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и Фатон Зендели (22) од с.Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило „ФВ-Шаран“, физички ги […]
______________________________________________________________________________________________________
06/08/2015 09:13
•
Posted by: MK News
Два дена безуспешно трае потрагата по телото на шестгодишната Дрита Амети од тетовска Шипковица која по катаклизмата во селото се води за исчезната. Во потрагата по девојчето во урнатините и калта вклучена е армијата со специјално обучени кучиња, но досега нема никаков резултат. Според информациите на СВР Тетово девојчето за време на огромните наноси од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2015 22:57
•
Posted by: MK News
Вечерва по 21 часот, на локалниот пат Куманово-Липково, во близина на железничката пруга во селото Лопате дошло до престрелка на две групи, кои пристигнале со автомобили, објави Куманово њуз. Според неофицијална информација во престрелката има повредени, а пукањето било помеѓу лица од Отља и Липково, кои имале недоразбирање од порано. Поради вооружената пресметка блокиран е […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2015 22:22
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство- Скопје ја заврши истрагата за сообраќајната несреќа што се случи минатиот месец, во која животот го загуби Сузана Тодоровска Павловска- новинар во Македонското радио. По завршената истрага, Основното јавно обвинителство – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје, поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Тешки дела против […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2015 11:02
•
Posted by: MK News
Старото „БМВ“, кое го купив половно и го чувам во гаража од минатото лето за посетата на татковината, бидејќи на работа во Германија одам исклучиво со воз, а низ градот со велосипед, добро го исчистив. Купив нови навлаки за седиштата и го средив да изгледа како ново. Жената и децата купија многу маици, фустани, панталони […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2015 10:36
•
Posted by: MK News
Наместо одмор во Будва, седам на црногорскиот брег без болека и делумно без парични средства. Вака Александар ја започнува својата приказна за голготата што ја преживува на својот годишен одмор, пишува Прес24 Тој тргнал за Будва со автобусот на една скопска туристичка агенција.Автобусот по пат до Будва застанал во Сутоморе за да остави дел од […]
______________________________________________________________________________________________________
05/08/2015 10:23
•
Posted by: MK News
Од денеска во Скопје ќе можете да се возите со градските автобуси на ЈСП со електронска картичка наречена „моја скопска“. Картичката со фотографија можете да ја извадите во една од засега шесте канцеларии во Скопје, Бит-пазар, Центар, Порта Влае, Аеродром, дирекција на ЈСП и Транспортен центар. Ќе можете да си извадите и пренослива картичка без […]
______________________________________________________________________________________________________