Archive | Македонија RSS feed for this section

Ново работно време на паркинзите на „Градски паркинг“

Јавното претпријатие Градски паркинг извести дека од 1 јуни започнува летното сметање на времето на јавните површини за паркирање со кое стопанисува ова претпријатие. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде од 7 до 23 часот.    

______________________________________________________________________________________________________

Новинарот кому Заев му изјави дека „осудените за Монструм се невини“ поседува аудио снимка за разговорот

Новинарот на германскиот неделник „Ди Цајт“ кој е автор на интервјуто во кое е пренесено тврдењето на лидерот на СДСМ дека осудените за случајот Монструм се невини, тврди дека има аудио записи и белешки за разговорот со Зоран Заев, пишува Република.   Новинарот Улрих Ладурнер, кој е соработник за надворешна политика за неделникот со седиште […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонија ја одби поканата за воени вежби против Русија

Министерството за одбрана на Македонија и АРМ нема да учествуваат на воените вежби на НАТО кои се одржуваат од 18 мај до 6 јуни во организација на САД во Германија, а кои треба да ја припремат АРМ за одбрана на Балтикот и Полска од “агресијата” на Русија. Од Балканските земји учество земаа Србија и Црна […]

______________________________________________________________________________________________________

Какво ќе биде времето за продолжениот викенд?

Во текот на денот ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и со пад на дневните температури. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели умерен североисточен ветер. Ветерот понекаде ќе достигне брзина и до 40 км/ч. Максималните дневни температури ќе достигнат до 11 односно до 21 степен. СКОПЈЕ Во […]

______________________________________________________________________________________________________

Четворица повредени полицајци од Куманово, се’ уште во болница

Четворица припадници на безбедносните сили кои учествуваа во полициската акција во Куманово насочена кон разбивање на терористичка група, се’ уште се хоспитализирани на скопската Клиника. Најтешко повредениот вчера му била извршена операција на рака. Директорот на клиниката, Реџеп Селмани, вели дека полицаецот е во стабилна состојба и дека за неколку дена би можел да биде пуштен […]

______________________________________________________________________________________________________

УТМС НА ИЗВРШНИОТ СОВЕТ НА СВЕТСКАТА ТУРИСТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА ВО РОВИЊ – ПРЕДИЗВИЦИТЕ НА ТУРИСТИЧКИОТ СЕКРОР

Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент предводена од Ректорот Проф. д-р Аце Миленковски, во својство на придружна членка, присуствува на 100-тата седница на Извршниот совет на Светската туристичка организација (UNWTO) во Ровињ, Република Хрватска. На оваа јубилејна седница присуствуваат четириесетина делегации, со повеќе од 200 учесници на чело со Генералниот секретар на UNWTO, г-дин […]

______________________________________________________________________________________________________

Ќерката на Драган Каранфиловски – Бојс со трогателен статус на ФБ

Драган Каранфиловски – Бојс ја изгуби битката со тешката болест и на 59 годишна возраст почина. Оваа тажна вест ја сподели неговата ќерка Верица Каранфиловска, која на својот профил на Facebook објави: Саканите луѓе не умираат, тие живеат во нас. Почивај во мир голем човеку, душа наша! Бојс ќе биде запаметен по неговите огромни хитови […]

______________________________________________________________________________________________________

Чавков во Куманово: Безбедносните сили не затаија

Новиот министер за внатрешни работи Митко Чавков и амбасадорот на САД во Македонија Џес Бејли во четврток ја посетија кумановската „Дива населба“, каде што на 9 и 10 мај дојде до судир меѓу полицијата и вооружена група од Косово и Македонија. Чавков за првпат даде изјава за медиумите откако е назначен за министер, на местото […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев пак не бил разбран – не кажал дека осудените за Смилковско се невини – испратил ли демант?

Опозицискиот лидер Зоран Заев со  изјава за германскиот весник „Ди Цајт“ поврзана со случајот „Монструм“,  кажал дека осудените во овој грозоморен случај биле невини. – Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за германскиот весник Само ден потоа Заев се огради, и се јави со […]

______________________________________________________________________________________________________

Замина уште една македонска музичка легенда – Почина Драган Каранфиловски-Бојс

На 59 години почина македонската музичка легенда Драган Каранфиловски Бојс. По долго боледување и борбата со тешката и опака болест почина уште една македонска музичка легенда – композиторот, аранжер, продуцент, гитарист и пејач, Драган Каранфиловски – Бојс! Дараган Каранфиловски – Бојс ја започнал музичката кариера во 1973 година, формирајќи ја музичката група “Македонија”. Најголемите успеси како автор ги […]

______________________________________________________________________________________________________

Сакате да живеете во Катар: Пријави во Скопје – Се бараат стјуардеси од Македонија – еве ги условите

Авиокомпанијата „Катар Ервејс“ на 13 јуни во Хотелот Холидеј Ин во Скопје организира интервјуа за регрутација на кабински персонал (стјуарди и стјуардеси) од Македонија. Од потенцијалните кандидати се бара да бидат стари најмалку 21 година, да имаат досег со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование со течно говорно и писмено изразување на англиски јазик, […]

______________________________________________________________________________________________________

ВНИМАВАЈТЕ: Бактерии откриени во вода од чешми близу цркви и џамии во Скопје

Водата од чешмите во верските дворови зачинета со бактерии. Според информациите на zdravstvo24.mk кај половината од нив биле пронајдени ешерихија коли и други патогени и заразни бактерии. Луѓето ја пијат без да знаат дека е загадена и сериозна закана по нивното здравје. Многумина полнат и шишиња за дома. Ова го покажале последните анализи на скопскиот […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаец спасил жена од давање во Кумановка (Видео)

Полицаец спасил старица од сигурна смрт, откако ја извадил од водите на реката Кумановка. Несреќата се случила по 16 часот, откако жената паднала во реката додека се шетала по Кејот. Несреќата се случила околу 16.15 часот, додека старицата шетала по кејот. Во еден момент од непознати причини, изгубила рамнотежа и завршила во коритото на реката. […]

______________________________________________________________________________________________________

Како ќе оди процедурата за откуп на стаж за пензионирање?

Датумот кој е определен како граница за можност за откуп на стаж е поради фактот дека од 1 јануари 2009 година започна системот на интегрирана наплата на плати и придонеси, пишува Лидер. Граѓаните на овој начин ќе можат да го остварат своето право на пензија или пак на повисока пензија, со правото по повластена стапка […]

______________________________________________________________________________________________________

Идната недела ќе се знае кои компании ќе добијат неповратни 600 илјади евра

Неповратни 160 илјади евра за иновации. Идната недела ќе бидат познати компаниите кои ќе добијат пари од Фондот за иновации. На стартот на идната недела ќе се знае кој од 80-те старт ап и спин оф компании ќе добијат државни пари за финансирање на иновативни проекти. Членовите на комитетот за одобрување на проектите, врвни меѓународни […]

______________________________________________________________________________________________________

Во автомобил во Косово правени плановите за нападот во Куманово

Од една страна нови обвинувања за учество на македонски тајни служби во формирањето и активностите на кумановската група осомничена за тероризам, а од друга страна истата таа група планирала ослободување на озлогласени косовски криминалци од затвор за да заминат во Сирија. Косовските медиуми не престануваат да исфрлаат вести за кумановските настани во кои загинаа 8 […]

______________________________________________________________________________________________________

Заев: Изјавата за Монструм е погрешно интерпретирана

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека веројатно е погрешно интерпетирана неговата изјава за германскиот весник Die Zeit, дека етничките Албанци кои се осудени за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилковското езеро се невини „Најверојатно е грешка во интерпретацијата на самиот новинар. Но сепак, големи сомневања се врзани за овој случај. Тоа го […]

______________________________________________________________________________________________________

Наезда на змии, крлежи и комарци во Скопје

Високите летни температури во државата но и сувото време претставуваат плодна почва за инсектите кои може да бидат причинители за западно нилска треска, маларија и низа други инфективни болести. Но не само комарците, високите темпрератури ги вратија и крлежите и змиите. Костовска апелира за внимателност особено во природа каде има високи треви и поголема опасност […]

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1