10/05/2015 11:27
•
Posted by: MK News
Целосна мобилизација на докторите во клиничките болници. Информациите кои пристигнуваат се дека во текот на вчерашниот ден докторите кои биле присутни во Куманово заедно со специјалните единици влегувале да ги санираат повредите на терен. Дополнително во скопските клиники докторите подготвени ги дочекуваа повредените од Куманово. Тие практично даваат натчовечки напори и се борат за секој живот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 11:24
•
Posted by: MK News
Македонија загуби шестмина херои. Жарко Кузмановски (32) од Брвеница, Сашо Самоиловски (32) од Тетово Ненад Серафимовски (28) од Зубовце, Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски шестмината бранители кои го дадоа својот живот за Македонија.
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 11:20
•
Posted by: MK News
Синоќа околу 9 бевме со маж ми и син ми во 7-ца во Карпош. Беше гужва, па замолив еден дечко син ми да јаде на маса со него. Чекајќи ги сендвичите тие почнаа дијалог, кој продолжи со гушкање… Кога дојдов до масата на која седеше човекот до моето дете, човекот ми рече: Имате прекрасно дете […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 11:01
•
Posted by: MK News
Очевидец на акцијата на МВР за разбивање на терористичките групи во Куманово, синоќа околу 19 часот, во малото паркче во Дивата Населба во Куманово, сведочи дека пред негови очи се убиени тројца терористи од страна на полицијата, пренесува порталот ЗаСе.мк „Во паркот спроти мојата куќа беа убиени тројца терористи, бидејќи започнаа да се спуштаат кон центарот […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Заврши престрелката во Куманово. Според последните информациите разбиено е и последното упориште на терористите. Последната група била составена од девет членови. Четворица од нив загинале во престрелките со полицијата, а еден се самоубил. Останатите и се предале на полицијата
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 09:46
•
Posted by: MK News
Петмина полицајци загинаа, а 30 се повредени во полициската акција што во сабота беше изведена во Куманово, соопшти вечерва министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Во акцијата загинале полицајците Жарко Кузмановски(1981) од Брвеница, Ненад Серафимовски(1987) од гостиварско Зубовце, Сашо Самојловски(1982) од Брвеница, како и уште двајца припадници чиишто семејства допрва ќе бидат известени, а чиј […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 09:36
•
Posted by: MK News
Граничниот премин Прешево на македонско-српската граница е потполно прооден и граѓаните кои сакаат да ја напуштат Македонија , немаат никакви проблеми, изјавија вечерва од Српската амбасада во Скопје за РТС.рс. “Во еден момент беше јавено дека границата е затворена, но тоа не е точно. Границата е отворена од двете страни, изјави Дејана Ѓукиќ од Српската амбасада […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 09:26
•
Posted by: MK News
Владата на Република Македонија на вонредна седница донесе одлука за определување на деновите 10-ти мај (недела) и 11-ти мај (понеделник) како денови на жалост по повод загинувањето на припадниците на безбедносните сили на Министерството за внатрешни работи во полициската акција за откривање и разбивање на поголема вооружена терористичка група во Куманово на 9 мај 2015 […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 09:14
•
Posted by: MK News
Истрели од разно пешадиско оружје, детонации и запалени куќи. Пукотниците кои траеа цели 16 часа се интензивираа во попладневните часови. Дивата населба бешее под целосна полициска опсада. Не му беше дозволен влез на никој. Локалните жители со торби во страв го напуштаа реонот, а полицијата ги насочуваше по безбедна рута. И по информацијата за предавањето […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 09:02
•
Posted by: MK News
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Локално ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно време со […]
______________________________________________________________________________________________________
10/05/2015 02:13
•
Posted by: MK News
Претставници на таканаречената ОНА вечерва на албанските медиуми во Албанија и Косово најавиле дека во текот на ноќта ќе бидат спроведени нови напади на цели во Македонија и во регионот. Албанскиот новинар Винсент Триест вечерва на Твитер пренесе дека две групи терористи од Куманово успеале да се извлечат од градот и веќе биле во штабот […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 23:03
•
Posted by: MK News
Според последните информации кои ги соопшти министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, во вооружената престрелка во Куманово загинаа 5 припадници на безбедносните сили а над 30 се повредени. Јанкуловска ги соопшти имињата на тројца загинати -Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница (32), женет и татко на две деца, Сашо Самоиловски од Тетово (32), женет и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 22:44
•
Posted by: MK News
ЖАРКО КУЗМАНОВСКИ (81) од тетовското село Брвеница, НЕНАД СЕРАФИМОВСКИ (87) од гостиварското село Зубовце, САШО САМОЈЛОВСКИ (82) од Тетово и уште двајца полицајци едниот од Гостивар, а другиот од Штип чии семејства се уште не се известени па поради тоа не се објавуваат нивните имиња – СЕ ЗАГИНАТИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ДЕНЕШНИОТ НАПАД НА ТЕРОРИСТИЧКАТА ГРУПА […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 22:19
•
Posted by: MK News
Министерството за внатрешни работи закажа прес-конференција за во 22.30 часот на која ќе бидат презентирани детали за акцијата во Куманово. Претходно во прес конференцијата во 14 часот портпаролот на МВР Иво Котевски информираше дека утрово околу 5 часот специјалните единици отпочнале со реализација на планот за разбивање на терористичка група. – Истите наидоа на […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 22:17
•
Posted by: MK News
Жител на Куманово го објавил ова видео кое е снимено пред малку и на кое се гледа и слуша дека пукотници во Куманово сеуште има пукотници Неофицијално, и по совладувањето на вооружените лица, мала група сè уште дава отпор За тија што не веруев дека се још пуца и тражив видео доказ!КД КЕ ТИ […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 21:42
•
Posted by: MK News
Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница, на возраст од 32 години, Сашо Самоиловски од Тетово, исто така 32-годишен, и Ненад Серафимовски на 28 години од гостиварското село Зубовце се тројцата македонски бранители кои денеска беа убиени од злосторниците во кумановската Дива Населба. ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР ХЕРОИ и ГОЛЕМИ МАКЕДОНСКИ СИНОВИ! Netpress.mk
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 21:35
•
Posted by: MK News
Три лица, припадници на полицијата во акцијата во Куманово, кои се од Полошкиот регион загинаа во денешните престрелки во Куманово. Станува збор за Жарко Кузмановски од Брвеница на возраст од 32 години, потоа Сашо Самоиловски од Тетово, исто така 32-годишен и Ненад Серафимовски на 28 години од гостиварското село Зубовце. Жителите велат дека има и […]
______________________________________________________________________________________________________
09/05/2015 19:36
•
Posted by: MK News
Тројца припадници на полицијата загинаа денеска во престрелките во Куманово, објави Телма и нагласи дека инфрмацијата е потврдена и од роднините. Сите загинати се од Тетово. Неофицијално, загинати се тројца припадници на специјалните полициски сили. Според Сител тројца полицајци од тетовско го загубија животот во денешното чистење од терористи во Кумановско. Двајца се од селто Брвеница, […]
______________________________________________________________________________________________________