Archive | Македонија RSS feed for this section

Полицијата повторно евакуира жители од Дива населба

Полицијата им дозволува на граѓаните кои биле заглавени во Дива населба да го напуштат местото, но прво сите поминуваат на детален претрес кај полицискиот пункт. Во населбата каде се одвиваат нападите од терористите никој не смее да влезе дури ни оние кои имаат куќи таму. Во тој дел од градот е исклучена струјата, а дотокот […]

______________________________________________________________________________________________________

Ова се хероите кои го дадоа животот за нашата Татковина – почивајте во мир!

МВР синоќа го потврди идентитетот на тројца од загинатите – 32 годишниот Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница, 32 годишниот Сашо Самоиловски од Тетово и 28 годишниот жител на гостиварското село Зубовце, Ненад Серафимовски. МИА ги објави  имињата на останатите загинати полицајци – Исамедин Османи, Бобан Ивановиќ и Горан Илиевски. Уште двајца полициски службеници починаа […]

______________________________________________________________________________________________________

20 терористи кои се предадоа во Основниот Суд Скопје1

Дваесетте терористи кои вчера се предодадоа денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка. Полициски возила веќе пристигаат пред судот, јавува Канал 5. Осомничените за тероризам кои вчера и се предадоа на полицијата во Куманово можат да бидат задржани 24 часа пред да бидат изведени пред суд. Секој момент се очекува тие да пристигнат […]

______________________________________________________________________________________________________

Во Куманово моментално мирно – нема истрели и чад

Во Куманово моментно не се слушаат истрели од оружје. Три полициски транспортни возила и три камиони со приколки се стационирани на влезот на „Дивата населба“ во кој реон се одвива акцијата за расчистување на теренот по разбивањето на терористичката група. Еден од камионите се упати во населбата, а возило на брза помош оттаму евакуираше постара […]

______________________________________________________________________________________________________

АПЕЛ до сите што ставаат слики од полицијата – внимавајте им ја откривате локацијата

Овој статус беше поставен на страната на поддршка за македонската полиција АПЕЛ ДО СИТЕ ШТО СТАВААТ СЛИКИ ОД ПОЗИЦИИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА Доколку постирате слики внимавајте на нив да не се открива локацијата ниту лицата на полицајците. Или барем не ги постирајте фотографиите во реално време туку постирајте слики фотографирани да речеме утринава или вчера. […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Нови престрелки утрово во Куманово

Интензивни престрелки и детонации можеа да се чујат утрово во Куманово, каде повторно дојде до судир меѓу полицијата и вооружената група По релативно мирната ноќ, утринава во Куманово дојде до силна престрелка меѓу специјалните полициски единици и терористи Во Куманово е мирно во последните два часа и не се случаат истрели. Но по претпладневната 20-минутна престрелка, […]

______________________________________________________________________________________________________

Македонскиот полициски синдикат тагува по загинатите колеги

Македонскиот полициски синдикат изразува длабоко сочуство и тага по повод трагичното губење на животите на петмина свои колеги , а на повредените над 30  припадници на Македонската полиција им пожелува скорешно закрепнување. -На мрачните сили кои стојат зад овој трагичен чин им порачуваме дека нема да се смириме додека и последниот поединец не биде изведен […]

______________________________________________________________________________________________________

Две дечиња останаа без татко – херојот Сашо испратен во вечниот дом

Последно збогум последна почест – поворка од пред домот на 32-годишниот Сашо Самоиловски, кој го даде животот во акцијата за сузбивање на терористичката група во Дива населба, Куманово, го испрати до вечниот дом . Роднините и пријателите на Сашо се простија од загинатиот чие тело беше положено на тетовските гробишта. Триесет и две годишниот Сашо Самоиловски […]

______________________________________________________________________________________________________

ТАГА, СОЛЗИ И НЕВЕРУВАЊЕ: Полицаецот Ненад Серафимоски ќе биде погребан денеска во Зубовце

Во Гостивар владее тага и неверување по информациите дека Ненад Серафимоски, (28) од Зубовце и Горан Илиески (41) ги загубија животите во престрелките во Куманово. Серафимовски, како припадник на специјалните единици (тигри) е меѓу првите жртви во полициската акција која вчера се одвиваше во Куманово. Постариот Илиевски, како припадник на единиците за брзо распоредување починал […]

______________________________________________________________________________________________________

Терористите планирале напад на Скопскиот маратон со автомобил-бомба?

Во текот на вчерашната анти-терористичка операција во “Дива Населба“ во Куманово, македонските полицајци откриле и уништиле еден автомобил-бомба, полн со разорен експлозив, потврдуваат извори од безбедносните служби, дознава Нетпрес. Ова ги потврдува оперативните сознанија на безбедносните служби дека дел од планот на терористичката група било и изведување на терористички акции со цел да се предизвикаат […]

______________________________________________________________________________________________________

Претседателот Иванов свика Совет за безбедност во 17 часот

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, за денеска свика седница на Советот за безбедност на Република Македонија, во проширен состав. Советот за безбедност ќе заседава во состав: 1. Ѓорге Иванов, претседател на Република Македонија 2. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија, 3. Никола Груевски, претседател на Владата на Република Македонија, 4. Зоран Јолевски, […]

______________________________________________________________________________________________________

Уште двајца полицајци загинале во експлозија на бомба – официјална потврда сеуште нема

Неофицијално, уште двајца полицајци загинале во утринските борби во Куманово, наводно во експолозија на бомба. Иако лекарите од кумановската болница се уште не ја потврдуваат информацијата, во Куманово од рано наутро говорат за смртта на полицајците од извори во Ургентниот центар, пренесува Куманово њуз. Истата информација ја пренесоа и Канал 5 и Сител исто така потенцирајќи дека […]

______________________________________________________________________________________________________

КОЈ ГИ ПЛАЌА? Терористите од Куманово со дебело искуство од 3 војни зад себе

Терористичката група од Куманово се говори дека е составена од познати криминалци на полицијата со дебели криминални досиеја, киднапирања и разбојништва, кои се од Македонија и Косово. Оваа терористичка група била составена од борци кои зад себе имаат богато воено искуство. Припадници од оваа група се дел од таканаречените „кучиња на војната“, платеници кои учествуваат […]

______________________________________________________________________________________________________

ЕКСКЛУЗИВНО: Македонските полицајци уништиле автомобил-бомба во Дивата населба во Куманово

Во текот на вчерашната анти-терористичка операција во “Дива Населба” во Куманово, македонските полицајци откриле и уништиле еден автомобил-бомба, полн со разорен експлозив, потврдуваат извори од безбедносните служби. Ова ги потврдува оперативните сознанија на безбедносните служби дека дел од планот на терористичката група било и изведување на терористички акции со цел да се предизвикаат што повеќе […]

______________________________________________________________________________________________________

ЦРН ДЕН – БРОЈКАТА НА ЗАГИНАТИ ПОЛИЦАЈЦИ СЕ ИСКАЧИ НА 8

Се уште се слушаат пукотници во населбата. Уште еден припадник на МВР го загубил животот по извршување на хируршка интервенција. Бројката на загинати припадници на безбедносните сили се искажи на осум, според неофицијални информации на ТВ „Сител“. Во раните утрински часови на повредите им подлегнал уште еден припадник на безбедносните сили. Уште еден од повредените се […]

______________________________________________________________________________________________________

Граничниот премин Прешево Табановце е прооден

До Авто-мото сојузот на Македонија од изутрината македонски граѓани се пожалиле дека биле вратени од српската граница. Од АМСМ информираат дека нашиот граничен премин е прооден и оти макеоднските граѓани го поминуваат, но оти немаат информации за српскиот дел од границата, јавува Радио Слободна Европа. На граничниот премин Прешево-Табановце помеѓу Србија и Македонија нема никаков […]

______________________________________________________________________________________________________

ВИДЕО: Терорист снимал додека пука – УЧК објави видео од нивниот напад врз македонските полицајци

На фејсбук страницата на УЧК е назначено дека на 9 мај УЧК била присутна во Куманово. Објавени се фотографии во униформи, како и снимка на која се гледа како нејзини припадници се подготвуваат за напад на македонската полиција во Куманово. Се гледа напад на Куманово од перспектива на напаѓачите, се слушаат рафални истрели и се […]

______________________________________________________________________________________________________

Полицаецот Исамедин Османи од скопско Студеничани е новиот загинат од Куманово

Исамедин Османи од скопското село Студеничани е последниот загинат полицаец во Куманово. Тој настрадал во вооружените судири минатата ноќ во Куманово, јавува агенцијата ИНА. Погребот на Османи ќе се одржи денеска, пренесува Тетова сот. Исамедин им подлегнал на повредите во клиничкиот центар во Скопје   

______________________________________________________________________________________________________

UA-33057274-1