25/04/2015 18:02
•
Posted by: MK News
Избегната уште една голема трагедија на железничките пруги во Македонија. Истиот експресен воз кој во четвртокот усмрти 14 емигранти вчера пред полноќ удри во уште еден авганистански државјанин. Несреќата се случила во близина на железничката станица Илинден, каде според неофицијални информации група од 70-тина емигранти се движеле по пругата во правец кон северната граница. Најтешко […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 18:01
•
Posted by: MK News
СДСМ на денешната прес-конференцијата во Гостивар објави аудио снимки од наводни телефонски разговори на министри и други високи државни и фукционери од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на „26. бомба”, како што ја нарекуваат од СДСМ, беа емитувани наводни прислушувани телефонски разговори на премиерот Никола Груевски, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, пратеникот Антонио Милошовски, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 17:59
•
Posted by: MK News
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска во Охрид го оцени настанот со венецот за новинарот Борјан Јовановски како лудорија и безобразна манипулација на опозицијата. – Така провидно и монструозно е тоа што самите си го направија да човек може само да замисли на што уште се спремни овие луѓе. Па уште глумат демек лути се, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 17:02
•
Posted by: MK News
Нова поволна мерка за бизнис секторот особено за делот на малиот и среден бизнис која ќе значи значително олеснување на работата и намалување на трошоците, најави денеска премиерот Груевски од Охрид. Со измените и дополнувањата на Законот за архивско работење усвоен на Влада ќе се изврши поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните субјекти, […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 16:54
•
Posted by: MK News
Полициски службеници од Полициската станица за гранична патрола и гранична надлежност – Богородица вчера во 22 часот на клучката во село Смоквица забележале лице како товари мигранти во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки и се упатил кон селото Удово. При даден знак од полициските службеници возилото да застане, тоа со зголемена брзина […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 10:42
•
Posted by: MK News
На една клупа во градскиот парк, напишана е една порака која стана хит на социјалните мрежи. Авторот не е познат, но порака привлече големо внимание. Порака гласи: Еден ден ќе се вратам тука, клупата ќе биде празна, нема да не има нас, но спомениците ќе бидат тука!
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 10:32
•
Posted by: MK News
По вчерашната информација дека новинарот Антонио Димитриевски бил нападнат пред работното место од страна на Никола Наумовски на фејсбук се огласи со својата верзија и Наумовски. Еве што тој вели за инцидентот. Дури сега завршив со полиција, извештаи и записници… Значи, денеска додека лепев налепници по бандери и ѕидови, стигнав и до трансформаторот пред Радио […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 10:01
•
Posted by: MK News
Фондот за здравствено осигурување на Македонија направи измени во Правилникот за остварување на правата и обврските од задолжителното здравствено осигурување, склучи анекс на договор со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија за електронска размена на податоци и изработи софтвер за електронска обработка и пресметка на времетрањето на здравственото осигурување. – Осигуреникот правото од […]
______________________________________________________________________________________________________
25/04/2015 09:31
•
Posted by: MK News
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источите делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен. Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 19:09
•
Posted by: MK News
Работното време на угостителските објекти да се намали за еден час и тие да работат до 23 часот а за време на неработните денови ќе можат да работа до полноќ. Ова е предлогот за измена на Законот за угостителска дејност кој беше дебатиран денес на тематската работилница, на која присуствуваа и министрите за внатрешни работи […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 18:59
•
Posted by: MK News
Млади луѓе на возраст од 20 до 30 години се четиринаесетмината мигранти кои загинаа од удар на воз во синоќешната несреќа.Трагедијата се случи синоќа околу 22,30 минути помеѓу железничките станици Рајко Жинзифов и Пчиња. Во оваа клисура згаснаа животите на 14-те мигранти кои од Авганистан и Сомалија. Тргнале на запад кон подобар живот. Уморни и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 18:25
•
Posted by: MK News
Полицијата поднесе кривична пријава против И.И. (73) од Македонска Каменица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. -Пријавениот подолг временски период, во повеќе наврати, во неговиот дом во Македонска Каменица со помош на импровизирана фотолабараторија за себе произведувал детски порнографски материјали сликани од негови фото апарати и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 17:16
•
Posted by: MK News
Ако мислевте дека во месец aприл е сè уште рано да се одбере летната дестинација каде што може да се патува, тогаш оваа девојка го докажува спротивното Во бикини, летна атмосфера и планови за патување, оваа дама си ја одбра омилената дестинација каде што ќе патува ова лето. Сите граѓани ќе можат да си го […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 16:48
•
Posted by: MK News
Откако пред една недела беше нападнат новинарот Бобан Нонковиќ, денеска надвор пред просториите на Радио Слободна Македонија физички е нападнат новинарот Антонио Димитриевски, а само неколку часа претходно вербално е нападнат и новинарот Јанко Илковски. Според информациите, додека Димитриевски ја подготвувал својата емисија која оди на радиото, прво бил вербално испровоциран, а потоа и физички […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 11:59
•
Posted by: MK News
Одејќи кон местото екипата на Вечер на еден километар после местото на несреќата налета уште една екипа од 15-тина мигранти, кои што во последен момент го избегнаа возот Телата на настраданите мигранти се подигнати и се однесени во Велес. На местото на трагедијата сеуште има траги кои свдочат за хоророт што се случил на пругата. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 11:35
•
Posted by: MK News
Градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски неговите соработници и директорот на ЈП Паркинзи Саша Богдановиќ имаа средба со жителите на зградите зад Автомакедонија и Зелено пазарче. Жерновски ги повика центарци во недела да излезат на референдумот за ГТЦ бидејќи рече ова ќе биде порака за сите власти дека треба да работат за интересот на граѓаните и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 11:27
•
Posted by: MK News
Дневниот весник “Време” во 1937 година го опишал “симнувањето од тронот” на Стив Томашовиќ “Црни” кој не успеал да ја пренесе челичната каса која допловила до Белград и која тежела неверојатни 450 килограми. Црни дотогаш важел за најсилниот меѓу најсилните, т.е за најсилниот маж кој некогаш ја работел оваа работа сите знаеле дека тој е […]
______________________________________________________________________________________________________
24/04/2015 11:14
•
Posted by: MK News
Основното јавно обвинителство Велес ја продолжува истрагата за железничката несреќа што се случи синоќа околу 22:30 часот на железничката пруга Велес – Скопје на околу 2 километри по железничката станица „Рајко Жинзифов“, поточно помеѓу оваа станица и стојалиштето Пчиња. ОЈО Велес информира дека од првичните сознанија добиени од групата од десетина лица кои од непристапниот околен шумски […]
______________________________________________________________________________________________________