30/07/2014 12:37
•
Posted by: MK News
Братот на Даниел Милошески, еден од двајцата сопственици на Авалон продукција, се обрати во јавноста. Тој најавува повлекување, но ветува дека се што е планирано од концерти ќе биде реализирани. – Почитувани пријатели на Авалон продукција, како и драги мои приватни пријатели Поминаа неколку дена и чувствувам дека имам морална обврска да соберам сила и […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 12:35
•
Posted by: MK News
Бидејќи оваа година Илинден се паѓа во сабота, граѓаните, бар оние кои не работат за викендите нема да имаат неработен ден. Следниот ден во кој нема да се работи ќе биде 28 август, четврток за ГОлема Богородица. Добро се погодува викендот за 8 Септември, Денот на независноста, кој се паѓа во понеделник, што отвора можност […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 12:33
•
Posted by: MK News
Министерството за надворешни работи препорачува да не се патува во Либија поради влошената состојба во таа африканска земја. „Поради влошувањето на безбедносната состојба и интензивирањето на вооружениот конфликт во Либија, Министерството за надворешни работи на Република Македонија на своите граѓани им советува да се воздржат од патување во оваа земја“, соопшти МНР. Се советуваат сите […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 12:14
•
Posted by: MK News
По 3 години затвор добија шестмина насилни демонстранти од протестите кои на почетокот на месецов се одржаа во Скопје против пресудата во случајот Монструм. Сите шестмина одговараат за учество во толпа која ќе стори кривично дело, објави Прес24 . Еден обвинет добил ослободителна пресуда, додека за едно лице, обвинителството се откажа од обвинението. Во протестите против […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:53
•
Posted by: MK News
Марија Маринковиќ од Чуприја, која беше тешко повредена во сообраќајната несреќа кај Демир Капија во која загина нејзиното осуммесечно бебе, трагичната вест ја дознала по неколкучасовната операција на рбетот кој и бил скршен и сега се наоѓа во тешка депресија, пишува српски Ало. Нејзиниот сопруг Драган, по отпуштањето од болница веднаш отишол да ја посети […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:49
•
Posted by: MK News
Порталот Алмакос објави есклузивно видео од престрелката во центарот за Дебар, кога четворица маскирани лица се обиделе да ја ограбат златарницата во центарот на Дебар. Сопственикот пукал и ранил еден од нив, додека другите побегнале. Вооружените разбојници како во холивудски филм, се обиделе да ограбат две златарници, а при престрелката потешко е повреден еден од […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:42
•
Posted by: MK News
Поранешниот министер за земјоделство Љупчо Димовски на својот Фејсбук профил предупредува дека во Македонија има опасност од појава на опасен свински плевел кој може да убие и човек, пренесува Курир. -Во Унгарија е регистрирана појава на свински плевел, растение кое може да убие човек. Гигантскиот свински плевел кој во Германија е деклариран за најотровно растение, […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:41
•
Posted by: MK News
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за денеска најави прес-конференција на тема цени на топлинската енергија. РКЕ, според пишувањата на одредени медиуми, ќе најави намалување на цените за топлинската енергија од 1 август. Kомпаниите што се занимаваат со производство, снабдување и со дистрибуција на топлинска енергија до Регулаторна доставиле барања за одобрување регулиран приход. МИА
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:37
•
Posted by: MK News
Скопјанецот Тоше Јовчевски со своите 215 сантиметри и 19 години е највисокиот тинејџер во Македонија, а лекарите му рекле дека до својата 25 година би можел да порасне уште 2 сантиметри, пишува Телеграф.мк. Тоше има проблеми со гардеробата и истата ја шие, а обувки може да најде само во една продавница бидејќи носи број 50. Проблем […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:36
•
Posted by: MK News
Изминативе неколку месеци граѓаните сѐ повеќе се жалат на убоди од комарци. Велат дека никакви средства не ги уништуваат. За ова сведочат и вработените во аптеките, каде што, како што велат, сѐ повеќе граѓани бараат средства против алергии од убоди од комарци Растворот со кој се прска против комарци треба да се менува на секои […]
______________________________________________________________________________________________________
30/07/2014 11:30
•
Posted by: MK News
Тргнал да ја земе бремената сопруга од кај нејзините роднини, заминал во смрт. Наместо прослава за Рамазан, семејството нан Аки Реџепи денеска е во црно. Трагично заврши неговата љубов со со Шукрије, откако нејзиниот очув, му пресуди удирјаќи го со метална шипка во главата. 25 годишниот Аки, утрово почина во болница. По неколкучасовната расправија на […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 21:15
•
Posted by: MK News
Само последните три дена, за време на продолжениот викенд, преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите. Шпицот на сезоната ги оправда нивните очекувања. – Преполни беа плажите од Претор до Долно Дупени на источниот, и од Отешево до Стење на западниот брег, не само со гости од Македонија, туку и од […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 19:45
•
Posted by: MK News
Со одлука на Владата на Република Македонија, СЦ „Борис Трајковски“ од минатиот вторник доби нов директор – Златко Перински. Тој доаѓа на местото на досегашниот директор Ратко Капушевски заминува на нова функција, координатор на проекти во канцеларијата на Сергеј Самсоненко. Во склоп на СЦ „Борис Трајковски“ се наоѓаат повеќенаменската сала, најголема од таков тим во […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 19:30
•
Posted by: MK News
Границата со Албанија кај Дебар е затворена. Еден е убиен, а четворица се ранети по престрелката на полицијата со криумчари, пренесува Нова. Четворица ранети и еден мртов е билансот од престрелката помеѓу македонската полиција и криумчари од Албанија по што е затворена привремено граничниот премин во Дебар, дознава АЛМАКОС М. Од МВР најавија повеќе информации […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 18:21
•
Posted by: MK News
Прашањето за името на Македонија е прашање кое засега многу земји вклучувајќи ги САД и Германија и многу земји сакаат да го видат решено со оглед на случувањата во светот. Проблемите не треба да се оставаат да тлеат, туку да се решаваат навремено, изјави денеска на прес-конфернцијата во Владата медијаторот на ОН за спорот со […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 17:57
•
Posted by: MK News
Медицинските тимови биле целите збунети. Дошле по 30 минути на местото на несреќата каде загина 8 месечното бебенце а 7 лица беа повредени кај Демир Капија, велат очевидци за Mknews. ,,Дојдоа по околу 30/40 минути со 2 возила во кој можеше да се смести само по еден повреден. Па одеа до Велес па се враќаа. […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 15:32
•
Posted by: MK News
Лекарите во Велес не можеле да ги скријат солзите кога констатирале дека за 8 месечниот Андрија нема спас. -Немаше спас за малото бебе. Иако долго време работиме како лекари, ние не можевме да ги сопреме солзите. Само што почнал да живее, а веќе го нема, со солзи во очите сведочеле лекарите од велешката болница, пренесува […]
______________________________________________________________________________________________________
29/07/2014 14:40
•
Posted by: MK News
Маскирани напаѓачи вооружени со оружје околу 13 часот се обиделе да извршат грабеж во златарница во Дебар. Златарницата била во сопственост на семејството Еребара, а инцидентот се случил пред поголем број граѓани, бидејќи раздвиженоста на луѓе била зголемена поради празникот Рамазан Бајрам, пренесува Кајгана.мк. Четири лица се примени во болница по вооружениот грабеж што околу […]
______________________________________________________________________________________________________