17/07/2016 14:22
•
Posted by: MK News
Актерот Силвестер Сталоне минута пред нападот објавил фотографија сликана на улицата каде се случи терористичкиот напад во Ница. Славниот актер го избегнал нападот во кој загинаа 84 лица, а над 200 се ранети кога камион влета на улицата во Ница прегазувајќи десетици луѓе. Сталоне објави фотографија со коментар „За жал, ова е сликано само неколку […]
______________________________________________________________________________________________________
17/07/2016 13:56
•
Posted by: MK News
Илјадници луѓе се собрани пред Фатих Џамија во Истамбул за погребот на загинатите во неуспешниот обид за државен удар.Во вооружениот обид за пуч загинаа 265 луѓе
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 15:32
•
Posted by: MK News
Читателите на српски Блиц, кои престојуваат во Турција споделиле фотографија од болница во Турција, на која се гледа дека подовите се облеани во крв. Читателката за Блиц вели дека она што го видела е вистинска војна. -Војската му се спротивстави на народот и полицијата. Има многу повредени и убиени. Одекнаа неколку експлозии во близина на […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 15:30
•
Posted by: MK News
По пропаднатиот синоќешен пуч турските власти сменија вкупно 2745 судии. Оваа информација беше објавена од страна на турската телевизија НТВ кои се повикуваа на Високиот совет на судии и јавни обвинители. Турскиот премиер Бинали Јилдирим изјавил дека ситуација во земјата е потполно под контрола, пишува Агенцијата Анадолија, пренесува Ројтерс. Премиерот во прес конференцијата одржана во […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 15:06
•
Posted by: MK News
Во вчерашниот неуспешен обид да се изврши државен удар во Турција, беа уништени бројни државни институции. Пучистите за време на извршувањето на државниот удар пукале од хеликоптери и тенкови кон зградата на Парламентот, владата како и министерството за внатрешни работи. Помеѓу институциите кои беа цел на напад беше и канцеларијата на премиерот Биналиј Јилдирм.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:30
•
Posted by: MK News
– Ние сме навикнати да примаме многу деца, но овој пат беше тешко да се раководи со ситуацијата, посебно поради психолошкиот аспект, изјави Симпсон. Таа додаде дека е формирано психолошка одделение со четири психолози, во кое се примени 50 семејства по ноќта на убиствата во четвртокот. Симпсон исто така наведе дека пет деца се уште […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:13
•
Posted by: MK News
Неуспешен државен удар, со 336 уапсени и 60 мртви е билансот на вчерашниот обид војската да ја преземе контролата во Турција. Soldiers at the Bosphorus bridge in #Turkey backing the #TurkishCoup attempt leave their positions and surrender. pic.twitter.com/jwVP6Y6PQa — Mr Red Ghost (@Mr_Ghostly) July 16, 2016 Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се врати ви Истанбул […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:11
•
Posted by: MK News
Бројни фотографии кружат низ социјалните мрежи и на истите засекогаш е овековечен неуспешниот обид за државен удар во Турција. Сепак оваа фотографија стана симбол на неуспешниот обид за државен удар, а на неа се гледа како храбри невооружени „обични“ луѓе им се спротивставуваат на војниците и се качуваат на тенк.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:10
•
Posted by: MK News
Војската во Турција вчера вечер соопшти дека извршила државен удар во Турција. Улиците на Истанбул беа преплавени со војска, тенкови но и народ. Сепак и покрај тоа што ова е 6-ти по ред државен удар во Турција, овој пат пучот многу се разликуваше од останатите. Кога за момент турската војска ја имаше под своја контрола […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:08
•
Posted by: MK News
Најдобриот фудбалер на светот Лионел Меси ја откажа посетата на Турција по обидот за воен удар. Меси во Анталија требаше да биде дел од хуманитарни натпревари организирани од страна на неговиот поранешен тимски колега Самуел Ето. Поради тоа Аргентинецот планираше да го прекине одморот на Ибица, но тој за сега останува на шпанскиот остров. Ето, […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:06
•
Posted by: MK News
Соопштението на организаторите на пучот го прочитав под закана со пиштол, изјавила Тијен Караш, спикерката на ТРТ откако приврзаниците на Ердоган успеале да ја вратата телевизија под своја контрола. Војниците кои учествуваа во државниот удар синоќа под контрола ја земаа турската државна телевизија, а вработените кои биле во редакцијата ги земале како заложници. -Проживеавме вистински […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:04
•
Posted by: MK News
Од рано утрово трае предавањето на војниците кои учестуваа во неуспешниот државен удар во Турција. Тие ѝ се предаваат на полицијата во присуство на многу народ, кој беше спречен физички да ги нападне на истанбулскиот Мост на Босфорот, каде што синоќа имаше жесток судир на војската со граѓаните кои излегоа во одбрна на земјата по […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 14:00
•
Posted by: MK News
Околу 700 војници и офицери го положија мирно оружјето пред турската полиција и излегоа од седиштето на Генерал-штабот на Турската армија. Воениот врв кој се обиде да изврши државен удар и војниците ги чека истрага, судење и казна за велепредавство. На твитер се појавија фотографии на кои се гледа како насобраниот народ на Босворот ги […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 13:59
•
Posted by: MK News
На социјалните мрежи утрово беше објавена снимка од апсењето на војниците кои упаднаа и сакаа да ја преземат контролата во телевизијата CNN Turk. На видеотот се гледа како полицајците ги држат војниците и ги спречуваат бесните граѓаните да не ги линчуваат. Но сепак, во целиот хаос дошло до судири во кои повеќе војници биле повредени.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 13:50
•
Posted by: MK News
Турски воен хеликоптер слета во Александруполисм северна Грција, а членовите на екипажот побараа политички азил, соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Во хеликоптерот имало осум лица, кои веднаш по слетувањето се уапсени и побарале политички азил. Грчките медиуми објавија дека приведените се вмешани во обидот за воен удар во Турција.
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 13:48
•
Posted by: MK News
Врз претседателската палата се фрлени две бомби , напад во кој животот го загубија десетици цивили. Обидот за државен удар и симнување од власт на Реџеп Таип Ердоган заврши безуспешно, но со голем број на жртви. Според информациите, врз претседателската палата биле фрлени две бомби. Во текот на вчерашната ноќ загинаа повеќе од 200 луѓе […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 13:40
•
Posted by: MK News
Билансот на загинати за време на обидот за воен удар во Турција достигна 265 лица, соопшти денеска турскиот премиер Бинали Јилдирим. Како што јави ДПА, Јилдирим нагласи дека од вкупниот број загинати, 161 биле припадници на силите лојални на Владата или цивили. Турскиот премиер истакна и дека во врска со обидот за воен удар од […]
______________________________________________________________________________________________________
16/07/2016 13:35
•
Posted by: MK News
Како што пренесува Ројтерс, антивладините сили го киднапирале командантот и презеле контрола над флотата во базата Голчук. Од друга страна поморските власти објавија дека го затвориле Босфор од безбедносни причини, бидејќи е клучна точка која го поврзува Црно море со Медитираниот.
______________________________________________________________________________________________________