25/12/2015 13:09
•
Posted by: MK News
Вечерва на небото ќе се појави првата Полна месечина на Божик, по грегоријанскиот календар, по 1977 година. Вечерашната Полна месечина ќе биде и последна за оваа година, а бидејќи се случува на почеток на зимата, таа е позната и како „Полна студена месечина“. НАСА наведува дека Полна месечина нема да се повтори на Божик до […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2015 13:06
•
Posted by: MK News
Американските федерални власти уапсиле двајца мажи кои низ Бронкс транспортирале кокаин чија вредност се проценува на три милиони долари. Веста дека, во најсеверниот дел на Њујорк, е запленета поголема количина на кокаин, интересна за светската јавност ја направи еден детал. Имено, на накои од опаковките, во кои бил спакуван кокаинот, било втиснато презимето, односно впечатливото […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2015 11:14
•
Posted by: MK News
Познато дека Исламска држава мошне добро заработува од своите активности, но малку е познато колкава е платата на борците, кои се наоѓаат на нејзиниот платен список, пишува „Фајненшл тајмс“. Иако коалицијата, која е под водство на САД минатата недела го ликвидираше книговодителот на ИД, Абу Салах, најновите детали од истрагата за економската ситуација во ИД […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2015 10:33
•
Posted by: MK News
Кога божикната песна „Тивка ноќ‟ настанала во Австрија пред речиси 200 години, нејзините автори, а ни тие кои први ја слушнале не можеле ни да претпостават дека еден ден ќе стане светски хит. Песната, чиј наслов во оригиналот е „Stille Nacht, Heilige Nacht‟, првпат била изведена на Бадна вечер во 1818 година, пред верниците во […]
______________________________________________________________________________________________________
25/12/2015 10:02
•
Posted by: MK News
Од идната недела, Рим и Милано воведуваат „денови без автомобили” со цел да се намали загадувањето на воздухот, кое веќе со недели е на високо ниво. Во Рим идниот понеделник и вторник ќе биде воведена забрана за возење автомобили шест часа, додека Милано освен тие денови ја додава и среда. Освен тоа, италијанците воведуваат и […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 21:21
•
Posted by: MK News
Мигрант од Сенегал освои добивка од 400.000 евра на шпанската божикна лотарија во Андалузија, каде повремено работел во стаклените градини, соопштија денеска локалните медиуми. – Не можам да верувам, немав ни пет евра во џеб, вели возбудено 35-годишниот добитник Нгаме, кој живее во туристичкиот град Рокетас де Мар, а во моментов е без работа. Тој […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 21:13
•
Posted by: MK News
Осумгодишно девојче со леукемија го одушеви светот со својот гест. Таа барем за момент заборави на својата болест и израдува деца кои водат тешка борба со ракот. Малата Сејди организира добротворна акција за да собере подароци за болни дечиња кои се принудени да го поминат Божиќ во болница. Со помош на мајка си, Сејди ја […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 13:43
•
Posted by: MK News
Станува збор за машки парфем “Leaders Number one”, кој го креирал Владислав Рикунов од Минск. На црната кутија е насилкан сребрен портрет на Путин, под кој има натпис “Испирирано од Владимир Путин”. Парфемот е направен во ограничен број, а едно шишенце од 100 милилитри чини 6. 000 рубљи ( 78 евра).
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 12:54
•
Posted by: MK News
Професорка во средно училиште во Тексас, Ерика Најгрела (32) била во 36 недела од бременоста кога во ходникот во училиштето се онесвестила, зошто нејзиното срце престанало да работи. Нејзините колеги веднаш повикале брза помош и тие пробале во училиштето со дефибрилатор да го вратат во функција нејзиното срце, но не успеале, јавува Дејли Меил. Ерика […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 12:47
•
Posted by: MK News
Очаен татко внесол пиштол во болница и ги држел на нишан лекарите што се обиделе да го исклучат неговиот син од апарати, откако претходно било утврдено дека кај 27 – годишното момче немало мозочна функција. За време на инцидентот момчето ја стегнало раката на таткото. Како што пренесува британски „Сан“, лекарите одлучиле да не го […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 12:45
•
Posted by: MK News
Божик годинава во султанатот Брунеи е потажен од било кога порано, откако, според актуелните шеријатски закони, во оваа богата со нафта монархија во југоисточна Азија се забрани празничното одбележување на Рождеството Христово , пренесоа француските медиуми. Богатиот султан Хасанал Болкија, еден од најбогатите луѓе во светот, минатата година го најави постепеното воведување на исламскиот закон (шеријат), што […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 11:41
•
Posted by: MK News
Поранешниот нафтен магнат и бизнисмен, критичарот на Кремљ, Михаил Ходорковски изјави дека потерницата за негово апсење покажува дека рускиот претседател Владимир Путин на него гледа како на сериозна закана и дека размислува да побара азил во Британија. Ова тој го изјави во интервју за Би би си, откако рускиот суд објави негово апсење во отстуство. […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 11:23
•
Posted by: MK News
Британскиот премиер Дејвид Камерон на тврдењето дека американците спречија муслиманско семејство од Велика Британија да отпатува за Дизниленд рече дека со големо внимание ќе се испита случајот. Стела Криси од опозициската Лабуристичка партија изјави дека САД не дале образложение зошто одбиле 11 членови од муслиманската фамилија да влезат во авион за Америка. По ова Криси бараше […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 11:15
•
Posted by: MK News
Француската полиција упаси брачна двојка во Монпеље под сомневање за радикализам. „Овие лица имаат крајно загрижувачки профил, и тоа што го откривме уште повеќе“, изјави за весникот „Миди либр“ извор близок до антитерористичките сили, пренесува дописникот на МИА од Париз. Имено полицијата открила во домот на Камиј, 23-годишна Французинка која ја променила верата во ислам […]
______________________________________________________________________________________________________
24/12/2015 11:11
•
Posted by: MK News
Седум мажи се осудени на смрт во индискиот град Рохтак, поради убиство на 28-годишна девојка, која почина откако беше групно силувана. Убиената девојка ја посетувала болницата во Рохтак, каде се лекувала од депресија, а еден од силувачите организирал нејзино киднапирање од психијатриската клиника. Телото на девојката било пронајдено на локалан пат, а обдукцијата покажа дека […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 12:12
•
Posted by: MK News
Едно лице загина, а друго е повредено во експлозија на аеродромот „Сабина Ѓокчен“ во Истанбул во раните утрински часови, јавија турски медиуми. Починатата е хигиеничарката на аеродромот. Експлозијата одекнала околу 2 часот по полноќ во делот каде биле паркирани авионите и тогаш биле повредени две лица од персоналот задолжен за чистење на авионите. Засега не […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Американските федерални резерви (Фед) и Европската централна банка (ЕЦБ) за прв пат во историјата одат во различни насоки, откако Фед ги подигна каматните стапки, по речиси десет години. Но, како што оценуваат аналитичарите, тоа нема долго да потрае. Шефот на ЕЦБ, Марио Драги стравува дека монетарната унија би можела да западне во “магичен круг“ на дефлација […]
______________________________________________________________________________________________________
23/12/2015 10:00
•
Posted by: MK News
Украина требаше на 20.12 да и‘ врати на Русија преку три милијарди американски долари. Владата во Киев одбива да плати. Русија се заканува со судска тужба. Рускиот премиер Дмитри Медведев смета дека владата во Киев нема да го врати долгот, па го ополномошти својот владин кабинет да покрене судска постапка против Украина. Правното средство беше […]
______________________________________________________________________________________________________