03/04/2015 15:41
•
Posted by: MK News
Белгискиот политичар Стеве Стеверт (60) бил пронајден мртов во канал, само неколку часови откако било објавено дека тој е и формално обвинет за силување. Стеверт инаку е поранешен лидер на фламанската Социјалдемократска партија, а претходно бил градоначалник на градот Хаселт и гувернер на провинцијата. Медиумите во Белгија тврдат дека Стеверт извршил самоубиство, фрлајќи се во […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 12:37
•
Posted by: MK News
Втората црна кутија на Ербасот А320 на Џерманвингс кој се урна во Француските Алпи пред десетина дена потврди дека копилотот намерно го уништи авионот, со што ја предзивика својата и смртта на сите 149 патници и членови на екипажот. Ова е потврдено од Бирото за истраги и анализи за безбедност во Цивилната авијација (БЕА). „Првото […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 12:14
•
Posted by: MK News
Жената на поранешниот министер за одбрана на Грција, Вики Стамати побегнала од затворската психијатриска болница. Таа била во затворската психијатриска болница бидејќи е осудена на 12 години затвор поради перење на пари заедно со својот маж Акис Цохацопунос. Полицијата спроведува истрага за да се утврди како Стамати побегнала од својата ќелија. Еден од нејзините адвокати […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 11:32
•
Posted by: MK News
Истражување на британски научници наведува на заклучок дека Земјата поминува низ промени на биохемиската рамнотежа слични на оние за кои се верува дека пред 200 милиони години го уништиле животот на нашата планета. Тие откриле дека т.н. „добро осветлена зона“ погодила еден од праисториските океани, што се случува кога во дел од океанот близу површината, […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 11:01
•
Posted by: MK News
Оваа фотографија на прегладнето дете кое со последните сили се обидува до стигне до местото каде што се дели храна во Судан, додека зад него мирно стои и чека мршојадец, на фотографот Кевин Картер му донесе Пулицерова награда а една година подоцна и смрт. Неверојатно болна е приказната која стои зад фотографијата и која го […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 10:31
•
Posted by: MK News
Претседателот на Русија, Владимир Путин, се заканил со нуклеарен одговор доколку НАТО продолжи да носи оружје во балтичките држави, пишува денес британскиот весник Times. Times наведува, поведувајќи се на белешки од тајниот состанок на разузнавачи од Москва и Вашингтон, дека Путин употребил закана со нуклеарна пресметка над балтичките земји – Летонија, Литванија и Естонија – […]
______________________________________________________________________________________________________
03/04/2015 09:13
•
Posted by: MK News
Во сабота вечер не очекува редок феномен на небото, именто Месечината ќе се појави во изрзаено црвена боја, јавуваат светските медиуми. Ова ќе биде третата од четирите „крвави помрачувања“, што е многу редок феномен, кој според тврдењата на еден американски свештеник е опишан во Библијата. Експертите предвидуваат дека Месечината ќе биде целосно помрачена цели 5 […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 17:30
•
Posted by: MK News
Француското обвинителство соопшти дека била пронајдена втората црна кутија од авионот на Германвингс кој се урна во француските Алпи минатата недела, при што загинаа сите 150 патници. Според обвинителството, повеќе детали за црната кутија ќе соопштат во текот на денот. Истражителите меѓу остатоците од авионот се обидуваат да пронајдат и лични работи на жртвите. Првата […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 13:53
•
Posted by: MK News
Најмалку 14 луѓе се убиени и уште 65 се ранети – исламистички милитанти го нападнаа универзитетскиот кампус во Гариса на истокот од Кенија, недалеку од границата со Сомалија и притоа земаа студенти христијани за заложници. „Сѐ уште не се знае каде се уште речиси 500 студенти. Изборивме 280, а во универзитетот имало 815“, изјавил кенискиот министер […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 11:21
•
Posted by: MK News
Вчерашниот ден беше полн со првоаприлски шеги. Голем број од европските медиуми одлчија барем во еден напис да се пошегуваат со своите читатели. Некои од нив не сакаа премногу да ги збунат читателите, па шегите беа воочилви, додека други речиси предизвикаа паника, пренесува Индекс.. „Индепендент“ објави дека американската имиграциска служба во иднина ќе биде погостопримлива […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 11:02
•
Posted by: MK News
Маж од американската сојузна држава Пенсилванија загинал во понеделникот, откако врз него паднала надгробна плоча додека го уредувал грбот на мајката на неговата сопруга пред велигденските празници, изјави за медиумите чуварот на гробиштата. Несреќниот 74-годишен Стивен Војтак бил клекнат покрај гробот на тешта му помагајќи и’ на сопругата околу средувањето на гробот, кога надгробната плоча, […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 10:14
•
Posted by: MK News
Многу пријатели на Андреас Лубиц сметаат дека снимката од црната кутија не е автентична и дека компанијата Луфтханза ја изменила за да изгледа дека Лубиц намерно го урнал авионот. Пријателите на копилотот Андреас Лубиц тврдат дека авио-компанијата го обвинила за самоубиство за да ги прикрие механичките недостатоци на авионот. Тие направиле Фејсбук страница по име […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 10:01
•
Posted by: MK News
Целосното помрачување на Месечината или Крвава Месечина ќе се случи на 4 април, односно овој викенд кога се паѓа и католичкиот Велигден. Оваа појава последен пат се случи минатата година во октомври. Според некои ова е вториот „Лош знак“ по затемнувањето на сонцето дека доаѓасудниот ден. Фановите на ова пророштво цврсто верувам дека пред судниот […]
______________________________________________________________________________________________________
02/04/2015 09:42
•
Posted by: MK News
Најдобриот начин да се нападнат Соединетите Американски Држави е да се изврши нуклеарен напад на националниот парк Јелоустон, смета Константин Сивков, воен аналитичар, претседател на Академијата за геополитички проблеми во Москва. Таков напад би го активирал супервулканот кој се наоѓа под тој национален парк. Последица ќе биде исчезнување на Соединетите Држави. – Геолозите сметаат дека […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2015 22:35
•
Posted by: MK News
Германските и француските медиуми тврдат дека дошле до видео записот кој е направен непосредно пред падот на авионот во кој загинаа 150 луѓе. Францускиот магазин Парис меч и германскиот дневник Билд тврдат дека го поседуваат видео записот кој бил направен со мобилен телефон на кој се забележани и последните моменти од германскиот авион на компанијата Џерман вингс кој […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2015 17:59
•
Posted by: MK News
Британката Сју Редфорд има 39 години, а во моментов во својата утроба го носи нејзиното 17-то дете, пренесува „Дејли меил“. Таа во ноември ја очекува последната принова, а нејзината настара ќерка, 21-годишната Софи, ќе го роди нејзиното второ дете и се чини дека ке тргне по стапките на својата мајка. Сју и нејзиниот сопруг Ноел […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2015 17:48
•
Posted by: MK News
Ендру Хачинсон е 29-годишен болничар кој од 2011 година до 2013 година во болницата Редклиф во Оксфорд (Англија), призна дека се снимал себеси како силува пациентики во бесвесна состојба на одделението за итни случаи. Тој пред Крунскиот суд во Окфорд ја призна вината по 27 точки од обвинението за силување и воајеризан, при што меѓу […]
______________________________________________________________________________________________________
01/04/2015 12:15
•
Posted by: MK News
Сите знаеме која е целта на овој датум, среќа и смеење, но сигурно не знаете како настанал овој празник. Како настанал Денот на шегата и каква е неговата историја? Она што е уште поинтересно е фактот дека не постои точно дефиниран одговор на поставеното прашање, постојат само теории. Еве и пет најинтересни факти за овој […]
______________________________________________________________________________________________________