31/01/2013 23:44
•
Posted by: MK News
Рибари во Панама ловеле невообичаено голема сабјарка – но за нивно чудење рибата возвратила и буквално го превртела бродот. Во тоа и помогнале и големите бранови. Ова не е рибарска приказна овие фотографии се навистина реални напишал магазинот “Marlin Magazine” кој ги објавил и на својата Facebook страна со коментар ,, Сабјарката победи.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 21:38
•
Posted by: MK News
Рикардо Родригез, свештеник од Колумбија е уапсен на аеродром во Москва поради шверц на дрога. Според полицијата тој имал проголтано поголема количина презервативи полни со кокаин. Колумбискиот свештник бил блед и нервозен,а тоа ги разбудило сомнежите кај полицијата по што бил претресен и одведцен на ренген.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 20:53
•
Posted by: MK News
Снимката е направена во национален паркот Кјум на Кетацеан истраживачкиот центар во Јужна Кореја – на неа се гледа како делфини направиле „сплав“ од своите тела за да помогнат на болен делфин да го пренесат до брегот каде ќе му се укаже помош.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 20:37
•
Posted by: MK News
Погледнете како изгледа кога 300 моторџии ќе го блокираат автопатот и тоа само поради еден вљубен моторџија 🙂
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 18:26
•
Posted by: MK News
Непознатиот крадец го украл заштитниот знак на компанијата „ Bahlsen-Keks “ од Хановер – златна бисквита тешка 20 килограми, кој бил дел од скулптурите на фасадата на фабриката. Крадецот испратил анонимно писмо во кое бара донација од 52 пакувања бисквити за онколошкото одделение на детската.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 14:30
•
Posted by: MK News
Повеќето фирми на вработените им исплаќаат само основна плата, која бараат начин како да им ја намалат и да задоцнат со исплатата. Ваквиот однос ги демотивира вработените и се намалува квалитетот на работа. Но во светот постојат и компании во кои на човек „да му е мерак“ да работи. Ова се компаниите кои нудат најдобри […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 13:30
•
Posted by: MK News
Негри Мусолини вели дека е горда на својот дедо затоа што направил „многу добри работи“ како што е чистење на мочуришта со маларични комарци во близина на Рим. Таа додава дека антиеврејските закони, диктатурата и насилствата на нејзиниот дедо се „монструозни грешки“.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Црквата „Свети Петар“ во источен Сасекс во Англија пронајде нов и инвентивен начин за собирање средства за обнова – сними цеде со звукот на тишината во внатрешноста на црквата, стара 800 години. Снимката на тишина и звукови како крцкање на клупите, бавни чекори и шумови во далечината трае 30 минути и се покажа како вистински […]
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 12:15
•
Posted by: MK News
Девојка која минатата седмица настапила со нејзиниот училишен оркестар на инаугурацијата на американскиот претседател Барак Обама е убиена во парк во Чикаго, јави теелвизиската мрежа CBS во средата.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 11:45
•
Posted by: MK News
Франција се соочува со нов фармацевтски скандал откако e откриено дека четири смртни случаи се поврзани со употребата на апчињата за контрацепција Diane 35.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 11:30
•
Posted by: MK News
Првиот американски војник, кој преживеа откако ги загуби сите четири екстремитети во војната во Ирак, веќе има нови раце, пишува весникот „Дејли телеграф“.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 10:30
•
Posted by: Љубиша Владимиров
Истражувањата покажале дека вирусот ХИВ е постар отколку што сме мислеле. Последните направени истражувања покажале дека ХИВ вирусот е постар од неколку милиони години.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Јужноафриканскиот милијардер Патрис Мотсепе ќе подари половина од своето богатство на добротворна организација, следејќи го примерот на Бил Гејтс и Ворен Бафет.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 09:45
•
Posted by: MK News
Елисандро Сфор, сопственикот на ноќниот клуб “Kiss” во Бразил, во кој во пожар загинаа 234 луѓе се обидел да се самоубие со пластично црево од туш, изјави за АФП Лилијан Каруз, виш полициски службеник во градот Круз Алт.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Џулијан Асанж, основач на Викиликс ќе се кандидира за место во австралискиот Сенат за време на овогодишните избори, објави Вилиликс.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 09:15
•
Posted by: MK News
Вооружен маж од вчера држи како заложник едно мало 6 годишно дете кое патувало во училишниот автобус кон својот дом. Киднаперот прво скокнал во школскиот автобус во Алабама, а потоа го убил возачот
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 08:30
•
Posted by: MK News
Московскиот Апелациски суд одби да ја разгледа жалбата на Екатерина Самуцевич, една од членките на контроверзната панк група Пуси рајот, на пресудата со која четирите видео-снимки на таа група се оценети како екстремистички.
______________________________________________________________________________________________________
31/01/2013 07:30
•
Posted by: MK News
Чешкиот парламент ја одобри марихуаната препишана на лекарски рецепт со кој ќе може да се лечат заболените од рак, Паркинсова болест, мултиплекс склероза или псоријаза. Марихуаната за медицински потреби најпрво ќе се увезува од Израел или Холандија, а потоа на домашните земјоделци ќе им се дава посебна дозвола за нејзино одгледување на период најдолго од […]
______________________________________________________________________________________________________