26/01/2013 14:11
•
Posted by: MK News
Од Зоо Скопје информираат дека мајмунчето се родило во раните утрински часови и дека тоа и мајката се заедно со групата со која живеат, од која се добро прифатени.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 14:04
•
Posted by: MK News
Пациентите кои имаат потреба да се лекуваат во странство на државна сметка, кога јавното здравство не може да им даде помош, од годинава ќе плаќаат партиципација од најмногу 200 евра. Владата на минатата седница ја усвои Информацијата на Фондот за здравство со која се дефинираат процедурите, механизмите и буџетот за реализација на оваа мерка.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 13:00
•
Posted by: MK News
Оваа 27-годишна жена изгледа како старица на 60-70 години, бидејќи нејзиниот изглед почнал нагло да се менува, откако во 2012 го родила своето прво дете, пренесува „Live Leak“.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 12:30
•
Posted by: MK News
Во округот Кери во југозападниот дел на Ирска била усвоена мерка која овозможува на руралните возачи законски да возат под дејство на алкохол.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 11:30
•
Posted by: MK News
11 годишно момче призна дека силувал шестгодишно девојче во близина на неговиот дом во Северен Велс. Момчето кое не може да биде именувано од правни причини, најпрвин ги негирал обвиненијата кога се појавил во судот, но по разговорот на судијата со неговите родители, адвокатот и лекарот, дошло до промена на исказот.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 11:00
•
Posted by: MK News
Следниот список е на работи кои во денешно време се неизбежен дел од секој дом – сепак малкумина знаат дека токму овие работи се сериозна закана за здравјето.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 10:30
•
Posted by: MK News
Експериментите покажуваат дека бисфенолот S ја нарушуваат хормонската активност. Пред неколку години, производителите на шишиња со вода, на пластичните амбалажи за храна, бебешките продукти имаа голем проблем. Клучната состојка на пластиката што ја користат за да ги направат производите, е бисфенол А, која научниците ја поврзуваат со дијабетисот, астмата и ракот, измените на простата и […]
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 10:00
•
Posted by: MK News
Со откривање стаклен билборд со ликот на Тоше Проески, општина Богданци го одбележа 32-риот роденден на македонската музичка ѕвезда.
______________________________________________________________________________________________________
26/01/2013 09:30
•
Posted by: MK News
Пијан велешанец во четвртокот вечерта, бегајќи од полицијата, оштетил едно од новите возила на МВР, „шкода јети“, што е можеби и прво поголемо оштетување на вакво возило откако беа ставени во употреба.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 20:25
•
Posted by: MK News
Полицијата во Хотел во Украина каде парот бил на одмор ги пронашла телата едно врз друго. Лицето на девојката разнесено.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 19:52
•
Posted by: MK News
Желбата за заработка ги поместува сите граници на ,,пристојното,, Компанијата Мател промовирала нова барби кукла која е бремена.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 19:32
•
Posted by: MK News
На Обама слета мува, и тоа богами големка. Додека Претседателот на Америка зборуваше, мувата си застана точно на средина на неговото чело.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 18:53
•
Posted by: MK News
Денеска на Гумење во Крушево, Спомен куќата на Тоше Проески беше средиштето на чествувањето и сеќавањата за него и за неговиот роденден. Требаше да биде неговиот 32-ри роденден, но беа само сеќавања, чествување за неговиот голем талент, за неговото големо хумано срце.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 18:34
•
Posted by: MK News
Бесен маж го наполнил автомобилот ,,Пежо,, на својата сопруга со коњски измет откако видел дека таа има свој активен профил на сајт за запознавање.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 18:18
•
Posted by: MK News
63-годишната Патриција Б, сопруга на италијанскиот амбасадорот во Србија, која загина по пад од зграда во центарот на Белград не се убила.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 18:06
•
Posted by: MK News
26 годишниот Лирим Саитовски, неговата сопруга и тригодишниот син загинаа во сообраќајна несреќа. Нивниот автомобил поради замрзнатиот пат се излизгал и паднал во Дебрешка Река – тројцата се удавиле.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 17:25
•
Posted by: MK News
Двеиполгодишно девојче загина денеска во сообраќајна несреќа во скопско Бардовци.
______________________________________________________________________________________________________
25/01/2013 17:13
•
Posted by: MK News
Со симболично поставување плоча на плоштадот „Македонија“, попладнево беше означен почетокот на реализацијата на проектот за поставување спомен-обележје на Мајка Тереза. Споменикот ќе биде подарок од нејзината втора татковина – Индија, донација на компанијата „Сахара Индија“ на индискиот бизнисмен Субрата Рој, кој од вчера е во посета на Македонија.
______________________________________________________________________________________________________