25/07/2015 11:20
•
Posted by: MK News
Грчката јавна потрошувачка значително е намалена во првата половина од годината, покажаа податоците на Министерството за финансии во Атина. Грција во шест месеци заклучно со јуни потрошила 23,2 милијарди евра во однос на 26 милијарди во истиот период во 2014 година, наведува Mинистерството, а пренесува агенцијата Франс прес. Државните приходи, сепак, исто така се намалени […]
______________________________________________________________________________________________________
25/07/2015 11:18
•
Posted by: MK News
Непозната црвена течност се изли од канализацијата во реката Дунав, во Нови Сад, Србија. Според неофицијални информации се работи за крв, но точно ќе се знае идната недела кога ќе стигнат резултатите од испратените примероци од течноста. Ваква ситуација се случила и порано кога од некоја поголема месара испуштиле поголема количина на крв.
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 19:20
•
Posted by: MK News
Грција барала од Русија десет милијарди долари за печатење драхми, но Москва одбила, па на Атина не ѝ преостанало ништо друго освен да ги прифати барањата на доверителите, пишува Грикрепортер. Доколку ова е вистина, оценуваат авторите, Грција, како што претпоставуваа многу експерти, ѝ се обратила на Русија за финансиска помош, а веројатно и на Кина, […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 19:01
•
Posted by: MK News
Уставниот суд во Загреб ја укина правосилната пресуда, со која поранешниот хрватски премиер Иво Санадер е осуден на затворска казна од осум и пол години за случаите „Хипо“ и „Ина – Мол“ „Јутарњи“ повикувајќи се на свои извори во судот, пишува дека пред три дена во главниот хрватски град се одржала седница по повод уставната […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 18:51
•
Posted by: MK News
Полицијата на хрватскиот остров Корчула денеска уапсила 24-годишна жена под сомнение за намерно подметнување неколку пожари на островот, јави Хина. Полицијата тврди дека на 21 јули пироманката запалила нискостеблеста шума и трева на две места покрај патот, а потоа предизвикала пожар и во складиштето на еден од рестораните на островот. Следниот ден таа одново запалила […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 15:09
•
Posted by: MK News
Аница Митровиќ, инспекторка во полицијата во Ниш која неодамна се самоуби, оставила проштално писмо во кое ги наведува причините за самоубиството: „Проблеми на работа: секој ден бев шокирана од ’големиот шеф’ Дејан Јовановиќ, трпев навреди, ’тивко е… не е’, што би рекол тој. Ме нарекуваше со различни погрдни имиња, зборуваше најлошо за мене, секако кога […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 12:14
•
Posted by: MK News
Репрезентативката на Република Хрватска, Мина Мехмедовиќ од Ријека е исчезната веќе еден месец. Девојката која е член на женскиот фудбалски клуб Џек Пот и репрезентативка на женската фудбалска репрезентација, се води како исчезната од 26 јуни. Нејзините родители во паника ја бараат секаде, но за жал безуспешно. Според некои гласини кои кружат девојката е можно […]
______________________________________________________________________________________________________
24/07/2015 12:09
•
Posted by: MK News
Грчкото Министерство за култура ја одби иницијативата за меѓународно истражување од страна на научници од Грција, Шпанија и Франција на гробот на македонскиот крал Филип Втори. Како што јави грчкиот сајт ин.њуз, ваквата иницијатива беше покрената откако група научници изнесоа мислење дека таткото на Александар Велики, Филип Втори всушност не е погребан во гробницата што […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2015 12:43
•
Posted by: MK News
Стеван Живковиќ од Србија е уапсен бидејќи се обидел да силува малолетно девојче. Девојчето отишло кај монструмот дома за да помине неколку денови од распустот со другарката. Сепак, таа во нивната куќа не успеала ниту да преноќи. Стеван и понудил 200 евра, обложувајќи се дека е невина. Девојчето помислило дека тој ќе се распраша по […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2015 12:27
•
Posted by: MK News
Со новите цени освен Грците ќе бидат погодени и голем број туристи кои што летово планираат да одмараат таму. Во продолжение проследете како се движат цените низ грчките ресторани и на плажите. Ако се земат во предвид фотографиите од менијата од ресторани во Грција до кои дојде Нетпрес, тогаш може да се заклучи дека одморот […]
______________________________________________________________________________________________________
23/07/2015 12:10
•
Posted by: MK News
Страшна семејна трагедија се случила во селото Цветојевац во близина на Крагујевац. 62-годишниот Милосав Живковиќ ја убил сопругата Љиљана (67), а потоа извршил самоубиство. Како што дознава српски Курир, Милосав сопругата ја убил со удар со чекан во глава, а потоа сам себе си нанел смртоносен убод со нож во врат. Нивните тела се пронајдени […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2015 20:58
•
Posted by: MK News
Ние петмина живееме во 15 квадрати на 40 степени. Имаме еден прозорец и врели ѕидови. Навистина е пекол. Ова со солзи во очите го раскажува дедото Фатмир кој живее со семејството во Србија. – Нашето едногодишно детенце Бренда си го изгоре стомачето од топлото, како и дел од раката кога се допре до прозорецот, вели […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2015 11:44
•
Posted by: MK News
Тројца млади Австралијанци силувале 18-годишна Норвежанка во Хрватска. Норвежанката била на одмор во Сплит, па одлучила вечерта да се забавува во дискотека. Несреќната девојка била пресретната во клубот од тројца млади Австралијанци кои, како што таа тврди, а пренесуваат хрватските медиуми, ја силувале. Во еден момент девојката успеала да им избега на Австралијанците, па се […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2015 10:47
•
Posted by: MK News
Во еден град во Србија се измерени неверојатни 50 степени, а метеоролозите велат дека жешкото време ќе се задржи и во следните седум дена. Дури од четврток се очекуваат локални и краткотрајни врнежи проследени со грмотевици. Инаку, најтоплиот град во Србија каде што се измерени 50 степени Целзиусови е Суботица. Лекарите советуваат граѓаните да бидат […]
______________________________________________________________________________________________________
22/07/2015 10:45
•
Posted by: MK News
Во големите пожари кои ја зафатија Хрватска, настрада и местото Трстеник, каде што се наоѓа и куќата на босанскиот пејач Дино Мерлин. Огнената стихија во еден момент ја зафатила и куќата на познатиот музичар, но пожарот брзо бил локализиран од страна на 90 пожарникари. Иако пламените јазици допреа делови од објектот и направија материјална штета, куќата во поголемиот […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2015 15:02
•
Posted by: MK News
Од 2009 година до првата половина од годинава дури 30.000 Косовци се откажале од косовско државјанство, додека во истот тој период само 5.000 побарале да бидат косовски државјанин. Тоа значи дека многу поголем е бројот на оние кои се откажуваат отколку оние кои бараат косовско државјанство. Лиридон Незири, прв човек на секторот за пасоши при […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2015 14:46
•
Posted by: MK News
Во акција на полицијата запленети биле униформи, два калашњикови, муниција и експлозив, но и писма на арапски јазик за кои што постојат сомнежи дека се детални упатства на терористите на ИСИС за организирање на терористички напади. Оваа полициска акција била организирана пред два дена, кај езерото Бадовац (Грачаничко езеро). Сè на сè, на само 300 […]
______________________________________________________________________________________________________
21/07/2015 12:26
•
Posted by: MK News
Во сообраќајна несреќа кој се случи завчера загинаа двајца неразделни другари во Србија. Михаило Анѓелиќ и Дејан Рудинац ги загубија животите кога на пат, се закачиле во камион со кој управувал Љубо Недељковиќ. Според српските медиуми младите момчиња се сакале да престигнат автомобил, но во кобниот момент од другата страна на патот се вклучил камион […]
______________________________________________________________________________________________________